Општо кажано, кога имаш проблем , сите сакаат да те ,,дружат,,...се додека слушаат јадиковки им се полни душа. Само за мајка и татко не важи тоа. Се останато е ,,останато,,
И ете, си летнаа цели 4 години откако станав дел од Фемина. Форумов и пишувањето на истиот допринесе и уште допринесува во развојот на моето изразување, креативност, отворање на умот и видиците, изострување на смислата за хумор... Овие година-две и таа страст за уметност ја развив токму делумно инспирирана од креативците тука, посебно најголемата пасија кон фотографирањето што сега најмногу ме релаксира и исполнува. Искусив убави комуникации со членки што веќе не се активни и ми фалат како да сум била блиска со нив во реалноста, и цело време се восхитувам на нови личности кои сум среќна што ги познавам макар и виртуелно. И секако најубавиот дел - се имам запознаено лично со две прекрасни личности, оваа година ми донесе уште едно познанство со една паметна и најмила девојка, која не можам да опишам колку си ја сакам. И да ве почестам како и секогаш...
Сакам да кажам дека најмногу сакам кино. Дури и филмот да е тапа. Едино не сакам кога почнува да ми се здрвува .... позадината ... зошто неможам да седам долго време во една позиција, па уште ако има некој повисок пред мене онака ми иди очи да ролам и да скокам од седиште. Сепак не сум фан на обични пуканки и многу ми е криво шо нема чоколадни во нашето кино па неможам да изгледам нешто вака, само нели, со чоколадни: Кога идам со дечко ми имаме обичај да седиме понапред, добро легнати на седиштата и ... дискретно ... се смејме де. Умира некој - се смејме, се крши некој - се смејме, си удираат шамари, карате, џудо, магии - се смејме. Се сеќавам после доста сериозен филм бевме како на дабл дејт и ние кутрите, едвај се смиривме и излегваме не гледа чупето, да се чуди шо беше толку смешно. Не знам, можеби имам некои делови од себе кои уште ги немам спознаено шо сите овие работи на филм ми се смешни освен ако се работи за серија и освен ако се работи за мојот омилен лик или некое животно. Сакам да кажам, како во продолжение, мислам за годишнина беше кога дечко ми ми подари книга и тогаш не ми беше интересна и искрено не продолжив со читање, сега по ете неколку месеци ја фатив пак и искрено испадна да е многу интересна до степен шо ако тие кои ми се топ книги не беа толку добри, би ја ставила оваа. Останете ми поздравени.
Обожавам да патувам.. од секогаш ми било еден вид на пасија, вид на хоби на зачудувачко и реално полнење на батерии со доза на позитива и прекрасни емоции. Најмногу се радувам кога ќе застанам и ќе седнам на некоја околна бензинска покрај автопатот, додека колите незапирливо не одминуваа, а ние .. пиеме кафе и уживаме во времето и целата таа обилна панорама и природа. Толку пати сум била и сум тргала на енормни километарски патишта и никогаш не ми збоктисало, па макар колку умор да сум нозела во себе, јас патував, патував со слушалките на уши и моите несведени мисли нанекаде, си правев муабет со околните патници и си пиев кафе се до моментот кога едвај сум чекала да стигнам таму каде што треба. Патувањето од секогаш ми го отвора мозокот и мислите воедно на едно видно пошироко и поисполето ниво.. Па макар и по аередром кога сум се влечела со куферите полна со насмевки и радости, со чаша енормно кафе и куфери насекаде.. Патувајте.. патувајте колку што имате можност и сили.. патувањето ни ги проширува видиците, мислите, ставовите и карактерот. Оспознавањето на најразличен свет поинаков од домашниот е непроценливо реално богато искуство за сите нас и нашиот карактер. Потхранувањето на нашите емоции и критериуми.. Слободата ... Таа слобода.. Незаменлива е.
СКД дека се разочарав од НЕподршката на која наидов како кандидат за модератор на подфорумот секс. Додек сите се караат кој на кого што рекол јас делев шпанска мушица, кондоми, брошури за симптоми за бременост и џабе... Шта речи а остати рамнодушан
Ме интересира, дали родител, кој неспорно како и сите останати безрезервно го поддржува сопственото дете низ патеката на животот, пропратно, му е одобрено како една форма на љубов, да го поддржи во постапки кои повеќе би му донеле штета од корист. Наместо да застанат на правдата и да направат човек од него. Искрено, убедена сум за некои деца дека прашање на домашно воспитување се ситуациите и невољите во кои запаѓаат. Чист пример дека јас на мои 15 години да си дојдев дома со Ајфон 6 ор ватевр, ќе ме прашаа од каде ми е, наместо да се сликаат со него. Една глуперда, навела уште поглуп, а и малце помал од неа не само умствено, да накрени од дома шокантна сума пари, готовина, семејна заштеда, низ негови зборови кажано, со плачење. Да исцртала јапонска метода веѓи, јакна од 12 000 денари, и нов телефон. Па оваа уште глуми лудило. И само се чудам како, дечишта по 18-20 год, не застанале еднаш од дома да ја прашаат од каде и се, и како што наводно знаат дека има едвај полнолетен средношколец за дечко, да се ставаат во мисла од каде му се на детето толку пари. Од ваму, зрел народ, пристојни години. Долга врска, планирано бебе, отпадна план, предомислување од женска страна, абортус. Испадна дека детето не било негово и наравно дечкото си ги бара парите од абортусот назад. Му се јавил татко и нејзин да се кара, вели немало што тој да бара пари од неа. Чекај ово, наместо да накривиш капа и да се засрамиш, тонеш во земја, од она што ќерка ти го направила, тој зема се чалами околу ќе скршел нечија глава ако и додевале. Застана во нејзина одбрана. Замислувам, ќерка му е да, ама дали е за да ја спасиш од последиците. Чувај боже на пат беше некому да му наметни дете кое не е негово. Се чудам на паметот, на родителите. Се чудам некогаш. Љубовта едно, што е правилно е друго. Да го оставиш да ги трпи последиците, или да го казниш, некогаш е вистинскиот пат кој треба да му го покажеш. И тоа е една форма љубов.
Поарно земи нож и забоди и го во срце на мајка ти, отколку да и речеш: Зошто си ме родила кога немаш пари да ме школуваш, или да ми дадеш за една блуза да купам?
Најубав дел од денот во овие зимски денови е кога ќе си дојде мм, па ќе го разгори огнот. Се слуша она топло чаткање во позадина, додека пламенот нескротливо гори. Дава посебна топлина на домот. Вистинска слика на топол топол дома со многу љубов.
И покрај тоа што се откажав од форумов има некои личности со кои што се знам и мило ми е што ги запознав и само заради нив се уклучувам понекогаш да ги читам. И воопшто не се каам што се решив да се одалечам од форумов,затоа што а ме немаше се потврди тоа што го мислев.Се отворила тема за Избор на модератори и таму се докажа тоа што го пишав пред некој ден. Ова кога го видов ме потсети на сите пријавени,кога ќе ги одберат избраните вакви ќе се Популарност плус а дека ќе се смени нешто тешко И секако уште сега се гледа дека ни тоа нема да функционира како треба.Mислам ако воопшто и се одбере некој после сите коментари
Нешто што наjмногу мразам кaj себе е моментот кога не знам што сакам. И тогаш ништо не ми чини, поголем мрчатор нема. Срека е што трае кратко. И во тoj момент само треба да ме остават на мира сама, зошто ке почнам да касам. Ко за белjа секогаш некоj баш тогаш ке пише или ке се jaви. Периодов се обидувам да се тргнам од личности со негативна енергиja, и да Ви кажам ептен ми е убаво. Имам повеке време за себе, да видам и размислам што сакам од животов за понатаму. Иако е ладно, чудно ми годи студов. Добро освен што ме боли глава на промена на време, ама веке се навикнав на тоа.
Во Македонија имало според статистика 105 бездомници. Еве да кажеме дека се двојно повеќе, абе и 10 пати повеќе... До толку ли сме прва економија у Европа, свет или Вселена, до толку ли сме хумани ние како народ , до толку ли немаат пари од тоа што не плаќаат данок овие Оџи, Попови и Отци, или пак од све што ќе украдат, не им останува ништо ситно на овие од Црвен крст и од Владава, 10 згради да изградат, по 4ца во стан да ги сместат, во Комуналец да ги вработат или ко хаус мајсотри и чистачки у општина или верски објект?! Абе илјада години да живеете и вие и цело ваше поколение, ама леб да немате да јадете, да молите Бога да ви ги скрати маките! Пу!
Виртуелни дружења,виртуелни пријатели,виртуелни љубови.Живеејќи во виртуелниот свет,го пропуштаат вистинскиот живот.
Многу ми е така смешничко што сите овде упорно тврдиме дека не го сфаќаме лично форумот, та имаме животи надвор од овде, ништо не не погодува и слично. И оп, ќе се начне некоја тема околу гласање, форумџија на годината, насловна страна или модератори и очи меѓу себе ќе си извадиме. А не, не го сфаќаме лично ова, имаме многу попаметни работи нели? Пуканки, лап топ и фотеља. Форумот живна!