Лично го сфаќаат тие што читаат туѓи мислења и се пронаоѓаат, па стануваат пријатели и такви работи. Ниту читам некој што пишува ниту ми е гајле искрено. Член сум одамна и ниту знам кој со кој не се сака ниту кој со кој се мрази. Лесно е да се види кој на кого му се умилкува или кој како кој сака да биде. Плус кај бе имам јас време да читам други што пишуваат, онака да земам 2000 мислења да ги гледам на пример. Има секакви
So godini veke malku stom ke mi zarasnese ranata mislev deka ozdravev.ama ke se sluci nesto,ke me dopre na toa mesto kade najveke me boli.ne mozam veke da izdrzam.prokleto neka e.sakam mnogu da placam.da se isplacam.zatoa sto so godini ne mozev.moze taka ke mine.
Додека ние со семејството бевме собрани и сплотени во мир и хармонија,се веселевме и славевме за убав повод,некој некаде во моментот губеше мајка и сопруга... Заѕвони телефонот на Татко ми,и за момент настана тишина и со насолзени очи ни ја кажа проклетата вест... Изгуби блиска роднина која што му беше повеќе и од сестра. Тета,почивај во мир,и најди спокој таму горе на небото... Ах животе,животе за некој си смеа и радост а за некој болка
Стариот мобилен си го користам како таблет Незнам што ми текна си ја пуштив play листата од јануари 2015 и Кој би рекол.. Мразам клишеа ама стварно понекогаш play листата од мобилниот ме врака назад во спомени.. Тогаш се запознавме, јас од време на време скренував со research-от и пополнување на формулари за магистерската, тој период ми текнува се чекаме кај Делишис, па одевме накај парк си седевме (мрзневме на нашата клупа) се гушкавме, те чекав да завршиш на работа да па да се прошетаме. Среда беше наш ден. Па се мрзневме до ниедно време на автобуска кога не ми доаѓаше автобус. Обожавав рандом изненадувања да ти приредувам, да ти дојдам на искачање со мало мафинче спакувано, или да ти се појавам на 1ви Декември кај тебе пред врата со мала новогодишна елка.. Нашиот прв Валентајн, промашеното искачање у сабота у Маракана и уште еден куп интересни работи што кога ќе ми текат, ми крадат насмевка на лицето. А сега.. Сега се е толку различно.
Не можам да поверувам колку сум променета изминативе неколку години па до сега. Сега сум се она што не сакав да бидам, и се она што посакував да станам. Сега сум оган и мраз истовремено. Но едно останува непроменето, мојата неодлучност, со која заспивам секоја ноќ.
Nikoj neznae dali imas problem ili nemas dokolku sam toa ne go kazes. Kolku luge ic nesakaat da se zanimavaat so luge so problemi. Kolku ima luge koj od kurtuazija slusaat necii problemi. Nemojte da dozvolite drugi da vi go trujat denot i na kraj da ve obvinat deka ste bile radoznali.
Секогаш кога вака доцна ќе ми се пријаде нешто, од типот на грицки или благо, а немам дома, се тешам со кисели краставички.
На работа имам една колешка која толку многу ја фали ќеркаи како мислиш е најубавата и најдобрата жена на светот,ќеркаи има 32 години толку разлигавено говедо не сум сретнал во животот,секое сабајле мајкаи и се јавува на телефон што да и направи за јадење послем работа,или ќеркава ке ја отера колешкава во три лепе,или ке и се лигави на телефон и се тресе како струја да ја мава,абе да му се згади на човек што децата ги правите паразити и идиоти,а цело време кука како неможела ќеркаи да си најде дечко,кој црн дечко бе да најде паразит?Кој сака бе дома да има паразит?Ми се повраќа од вакви ликови.
Без навреда, ама сите овие потпишани како Кукла, Мачка, Лавица, Прекрасна, Специјална, Најубава, Најмила... ме асоцираат на се само на такви не.
Во животот најважно е да научиме да сме стрпливи. Без оглед колку порази не очекуваат треба да знаеме дека еден ден ке биде подобро. Еден ден..
Година помина, а ? Кој би рекол... Влетав така од радозналост, доста тежок период за мене. Прво игри, па теми некои, ми одвлекуваа внимание да помине време. Нема да ја заборавам поддршката на некои членови никогаш. На тие игри си запознав едно прекрасно девојче , до ден денес контакт си имаме, како да ја знам цел живот. Улетав и на чат, група трачара. Се крена паника ,трол некоја , а у ! И како нова и неупатена , фб дадов на некој што не би можела ни 2 збора да сврзам, а не па дружба. Од грешки се учи де. Малце во феминско, малце во +- 40... Читам различни искуства, може и овде да се научи нешто. Имам омилени членови кои со задоволство ги читам, учам по нешто од нив. Има и такво што си викам - недај Боже да имам исти околу мене, просто се разочарав дека животот им е сведен овде за некаква си популарност. Ама секој со свое. Си најдов и другарка од школки денови , со која ни се разминаа патишта после завшување средно и ете уште една позитивна работа од форумов. @Ane-Goki1 прекрасна личност. Само тоа можам да го кажам за неа! @Sesil ме урочи, запнала да ме мажи, па и тоа бидна. Не мислев дека годинава ќе закачам слика од прстен , ама ете . Не знам колку пати ми дошло веќе никогаш да не се логира овде , ама има луѓе за кои сакам да сум тука. Кој знае , може и во труднички ќе отидам за некоја година, ако не ми здосади и имам време. Тој што сака нека ме чита, тој што не сака нека ме помине со скрол. Сакам да кажам на сите членови нови, не влетувајте наивно, чувајте си ја интимноста, не ја заслужуваат сите. Нема зошто секој да ве знае на социјални мрежи! И уште една добра раб на форум- тренинг на живци, па после награда ако си издржал некој добар хумор како на @baba Rada и @Bridget . За годишнина венчана за фемина не частам, не се луксузирам. Тоа само за роденден. Толку од мене. Ми се чини еден од најдолгите мои постови. Благодарам на внимание и извинете за мои печатни грешки, 99% од мобилен пишувам. А , да ... Името не би го мењаља. Петра сум. Таа со ловџиска пушка,пиштол ,терорист, кој како љуби да каже.
А што ќе речеш на ова ? За госпоѓицата да се разбуди за на факултет, мајка и и се јавува сабајле на телефон, господичната не си мести аларм. Епа нема дечко за таквите, ниту ќе има
Иако не е сè уште официјално започната, јас да ви кажам дека сте многу покреативни во зима. Форумот е некако магичен со вашите постови кои мирисаат на снег, топол чај и мандарини...
Ви текнува кога си испраќавме сликички и полифони мелодии по инфраред? Па мора да пазиш телефонот да е залепен до другиот, па да не се измести, не дај боже да заѕвони и да мораш да кренеш. Е така и со мојата мотивација. Исчезнува ако не сум сто посто фокусирана на тоа што го правам. Малку да се тргнам и посветам на нешто ново, па отиде се друго што сум правела. Се чувствувам расцепкано на милион делчиња.
Не им верувам на оние кои го прекршуваат ветувањето и го менуваат односот кон одредени личности преку ноќ, со тоа што во еден миг ги напаѓаат, ги навредуваат и понижуваат, а веќе следниот ден им се улизнуваат.
Најдоброто нешто што го сфатив, а ми требаше подолг период е дека треба да се прости на тој што најмногу те повредил. Причината заради која што сметам дека треба да се прости и да му се каже дека му е простено е заради тоа што тој не очекува ништо освен вие да го мразите. Со простувањето само може да продолжите понатаму. Јас конечно сум подобра и спремна за да го сакам тој што ќе биде со мене во иднина.
Денес одев до продавница и надвор се сретнав со една комшивка. Мислам секој ден се среќаваме ама денес се замуабетивме... За Марли дека болен е дека многу сум го сакала сум го гледала итн.. И едно време застана со зборање и ме загледа. И ми рече иста си ко мајка ти. Исто скроз збораш.. Се разделивме и јас си продолжив со патот ама во душата ми дојде топло.. Се смеев по патот со една мисла. Дека дел од она што ми недостига цел живот, се крие некаде во мене.