Кога животот ке те измести од шините на зацртаниот пат по кој си тргнал, ти треба време за да ја најдеш следната насока. Никогаш нема да биде потполно истата насока.Немојте ни да ја барате истата. Да била добра,односно,не за џабе се изместила.
Tekstot vo spojler e prevzeman od zdruzenieto. Спојлер: Здружение за Цистична Фиброза(ЦФ) Алармантна ситуацијата со пациентите со цистична фиброза во Македонија! Вкупниот број на пациенти со ЦФ опаднал од 125 на само 87 болни за помалку од две години! Со новите 15 новодијагностицирани нивниот број изнесува САМО 102 пациенти, што е помалку од пред две години. Дали е ова причината зошто Детската клиника не сакаше да ни даде официјална информација за моменталната бројна ситуација на болните со ЦФ, а криејќи се со Законот за заштита на личните податоци! Додека во соседните земји и во Европа се говори за драстично зголемување на просечниот животен век и бројот на болни со цистична фиброза, експертскиот тим од Детската клиника Скопје не најде време ниту да присуствува на ЈИЕ Конференцијата за ЦФ во Скопје, па да го искористи европското знаење за да ја објасни моменталната најблаго кажано застрашувачка ситуација: Каде исчезнуваат пацинтите со ЦФ во земјава!? Дали сите тие ја напуштиле земјава!? Ниту транссплантација ниту нови лекови не им се достапни на овие пациенти. Здружението точно пред една година се обиде да апелира до Детската клиника да ги подобри условите за лекување бидејќи во спротивно последиците ќе бидат катастрофални по дечињата и малкуте возрасни со ЦФ, но тогаш Директорката проф.др. Софијанова, воедно и претседател на Комисијата за ретки болести се изјасни дека за болните со ЦФ во земјава имало се и се било бесплатно и повика на скромност од страна на здружението и солидарност со другите болни со ретки болести. Се наметнува прашањето, која е ретката болест кај која вака драматично се намалува бројот на пациенти - дечиња, повеќе дури и од ЦФ, а да има терапија која тоа може да го спречи!? SDK Na 21.11 Evropskiot den na CF na site nasi tv ke slusame kako Makedonija e lider i najdobra zemja vo okolinata pa i posiroko za lecenje i tretman na bolnite od CF. Zarem ima nekoj koj vi veruva? Dodeka sekade vo Evropa brojkata na zivoten vek e nad 18god,vo SAD i nad 30god samo Makedonija i Bugarija se zadovolni do 12god. I tie bile posle najdobri .. Da,najdobri ste ama vo brojkite po smrtnost.
Ветувам ако еден ден почнам да пишувам книга(бидејќи животна желба ми е од мали години)ама пуста јас,никако да се охрабрам да започнам,нешто во стил на биографска ќе биде,ама многу ликови што не беа и не се вредни и корисни за опшеството и за мене уште на почеток,на првите страници ќе ги "убијам"
Скроз те поддржувам у идејата за книга и доброволно се пријавувам да бидам еден од убиените ликови. Башка што книгата ќе добие на шмек од еден егзотичен латино лик.
А зошто вие двајца мислите дека сте и битни во нејзиниот живот, па за да ве спомне во книгата? Па дури и да ве убие?
Некогаш мислев дека само невозвратена љубов која го крши срцето може да го натера човекот да создаде уметност, на платно или хартија. Мислев дека кога човек е тажен, тогаш ги создава најубавите и најемотивни дела. Но сега знам дека и од среќата може да се создаде подеднакво добра уметност.
Шала де - баш затоа што немам ништо против @Rama, а се надевам ни таа против мене. Иначе, отсекогаш ми била неостверена желба да се појавам (додуша, на филм, не у книга) како статист, без реплики, кој загинува многу набрзо откако ќе се појави на екранот. Или можда као едно од зомбијата у некоја сцена со толпа.
Таман ке се изнарадуваш и подготвуваш да одиш на мекици, ке ти јават дека близок ти заминал, па се спремаш за погреб. Еден се раѓа, друг си умира. Живот. Сон.
Настинкава ме покорува и некако носталгично сум расположена. Сумирам впечатоци, се навраќам на моменти... Колку убаво поминато време. Од друга страна излегувам , вежбам и правам се што инаку сакам да правам ама со многу голем напор и чувствувам замор...се мислам дал да се остане на топло или уште еднаш да се излезе. Колеблива сум и денес ми е еден од оние денови кога ми треба топла прегратка и шолја чај додека седам стуткана во ќебе во некое фино кафуле... Секогаш сум позитивната и насмеаната ама во моментов сакам само да си седам и молчам..да медитирам и да се опуштам...додека во глава ми се мотаат илјадници мисли. Го знаете чувството кога само една рандом фотографија (не ваша) може да ви изнуди чувства и да ве расплини до немајкаде? Онака, си скролате по интернетов и гледате нешто што ве навраќа две години наназад... Е таква сум.
Толку многу ми остана во мисла, реченицата од анкетата на едно малечко дете од четврто одделение. „Сакам учителката да не оценува по она што го знаеме, а не по нашата облека.“ И цртежот на едно друго детенце, неговата замислена учителка. Неговата баба и притоа напишал: Баба вели и сите двојки да ги имаме, поголеми се од петките на децата на директорите. Speechless.
Полошо од тоа да те боли заб, било да имаш пареза на нерв на лице, и да ти течат нон стоп лигушки. Уште полошо кога нема да приметиш дека ти потекле па некој ќе земе ќе те забрише... Зини земјо голтни ме.
Сакам да кажам дека денес сум среќна, по толку многу време си го видов саканиот наставник по географија , се ми дојде како флешбек шо ни кажваше и реално сум ова нарцисоидно животно благодарение на него, плус то мама ми купи поларно ќебе во кое можам да се завиткам три пати (кое патем го викам ... пензионерско ќебе зошто барав такво за да се завиткам дур гледам анимал планет и барав помало ама добив .... огромно) ... Останете ми поздравени.