Вечерва решив да ја поминам во домашна атмосфера, со малку учење и шолја топло чоколадо што конечно научив да го правам како што треба, доволно густо и благо за мој вкус. Пред малку прочитав една изрека, дека чекањето е најтешкото нешто во животот, но и најубавото, ако имаш личност која вреди да се чека. Кога силно сакаме, и минута без саканата личност ни се чини вечност, но секој момент што изминува не` носи поблиску до следната средба. И бескрајно сум благодарна што имам личност која вреди да ја чекам, дури и цела вечност!
@Bender Rodriguez Секако дека немам ништо против тебе,ни против било кој друг член,ова е форум,не сваќам ништо јас лично,само си дискутираме Ако толку сакаш да те има во книга,да те вметнам некако а ? Ама нема да те убијам на почеток,да си знаеш само,тоа се однесуваше на луѓе кои ги познавам реално и биле или се дел од мојот живот Мада што не сум убиец де,да не се сватиме погрешно убиство поддржувам само во книги и филмови @EvAngelos Е замисли колку читаност би имала мојата книга да те запалам на клада тебе Не те палам,уживај
Кога ќе започне сезоната на "незнам каде за Нова год , ме мрзи да барам нешто , не се замарам па ќе оставам на моите луѓе да најдат за само јас да платам и идам?"
Од сношти почна Ми се пие кафе како што пиев во Солун. Во една огромна шолја, мислам дека капучино лате се викаше... поубаво кафе во живот не сум пиела. Да го терам мажето да одиме во Солун, покрај пристанише да си пиеме кафе и да си уживаме. Ќе биде, ќе биде, сега други работи се поважни
ako nekoj den mi padni aladinovata lamba vrace edna zelba ke bidi - pomalku da mi se jadi. cccc ova ne e humano
Всушност, мислам треба да бидеме благодарни и за она што го немаме, можеби бидејќи не е дојден вистинскиот момент за тоа...
Многу убаво кажано. Познати ми се овие дневни инспиративни читања втемелени на Светото Писмо (Библијата). Конкретно ова се однесува на следниот цитат од Библијата: „Сите работи содејствуваат за добро на оние кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера;“ (Римјаните 8:28, Библијата) Со овој цитат ти ја предлагам и следнава песна: Oceans од Hillsong United
Не посетувам често лекар фала му на бог, но кога идам му се заблагодарувам што ми подарил матична со смисла за хумор. Периодов ме покори настинка, прв пат по неколку години...се решив да идам и на лекар за чудо, идам тропнувам влегувам, среќа немаше гужва па по кратко влегов одма. Најпрво не ме позна, ме погледна накриво. Седнав, па ко од пушка изгрми она: " докторке дали имате нешто против кашлицава ? " Не, не, немам воопшто кашлај си слободно ! Молам !? Не биди идиот бе, соблекувај се ајде. Полека, најпрво да се запознаеме, не сум навикнат на толку брзо... Од појас нагоре бе идиот, градите да ти ги наслушам, а не да те легнам ! Мислам дека на нашето здраство токму тоа му недостасува, хуморот и сарказмот, тоа изумре одамна па ги имаме оние тетките смуртени лоповачки по шалтери. А вие, имате ли нешто против кашлицава ?
Меѓу најдрагите подароци кои сум ги добила и никогаш нема да ги заборавам е тетратка. Од секогаш сум била вљубена во цртањето, па од најрана возраст, немајќи лист каде ќе можам да ја изразам својата креативност, цртав на тераса со моливче. Се криев од мајка ми и татко ми и се надевав дека нема да забележат. И ден - денес ги има цртежите, односно луѓе кој повеќе личат на снешко со долги раце и нозе, а на главата наместо коса, антени. Прави вонземјани. Во градинка секое дете правеше честитка за роденден и на неа црташе нешто по свој избор. Дома ги зимав честитките и ако нешто не ми се допаѓаше на нивниот цртеж го поправав. Исто така на спротивната страна каде листот беше бел, го цртав истото тоа што и тие го нацртале, само многу поубаво, барем така мислев. Една вечер мајка ми донесе тетратка. Леле луѓе колку сум се радувала, си помилив еве од сега каде ќе цртам. Ја зедов тетратката и пенкало и веднаш почнав да си цртам, шкртам. Кога и да дојдеше вујна ми ја зимав тертаката и ја терав да ми нацрта степеници, цвеќе, куќа, а потоа гледав од нејзините цртежи и се учев.
Еј кое време дојде.. Син ми на јутјуб гледал , како го рече.. Невозможни работи, работи кои е невозможно да се случат, на пример да се разболиш ако си излегол бањат.. Свашта.. Јутјуб најголем авторитет за децата
Сега разбирам зошто луѓето викале less is more кај мене ни помалку ни повеќе туку колку ќе дадеш толку ќе добиеш за возврат. Чист есап.
Знаеш дека си остарел кога некој ќе те нарече ТЕТКА тетка ејјј.... Пред врата застанал некој човек со две помали деца, ме виде дека сум позади нив и дека не можам да поминам...се заврти накај децата и им рече: Тргнете се да помине ТЕТКАВА Прв пат ми се дешава ова и така нешто грдо ми падна, ми идеше да му ја фатам главата и од врата да му ја треснам...тој на мене тетка па јас сум малечко, невино, слатко девојче
Некои луѓе се полни со совети, други со пофалби. А некои само знаат искрено да те прегрнат и да ти ги издржат солзите, колку и да се врели.
Моментот кога вака ќе седам на подот, во шорц, боса, во сопственото живеалиште кое ќе го чуствувам како свој дом, после напорен ден од работа и тренинг/утакмица. Ќе дишам и ќе се борам се додека не го доживеам.