И додека ја си мозгав зашто вака се чуствувам, зашто не сакам да се предадам целосно со се тоа смотаните емоции, зашто се понашам како што се понашам, зашто имам такви мисли, зашто ова, зашто она.... Универзумот ми залепи една јака шлаканица со цитатов: Време е да менувам некои работи кај мене, нели? Само не знам како да почнам, од каде... Ке оставам да се водам по интуиција и по знаците што ги добивам, ќе видиме. Ми треба промена, не смеам ваква да бидам.
Душа ли е, тацна ли е. Или можеби мала музичка кутија. Сакам кажам - не знам речам, во овој случај, пишам. Треперење. Успорено движење. Сентинелна коматоза. Дишам ли?
Ме болат сите работи што не ги правиме, сите места на кои не одиме, сите ноќи во кои заедно не заспиваме, сите утра во кои заедно не се будиме... Сите одмори кои разделени ги поминавме, сите кафиња покрај море кои не ги испивме, сите филмови кои заедно не ги изгледавме... Ме болат сите спомени кои ми недостигаат за да го чувствувам мојот живот исполнет...
Што можев направив, море и што се може и што не се може ама памет и разум никому со кофа в глава не се става,кој решил роб да биде нек си биде. Не се трескај Аутлук џабе ти е жено, нема спас за нив. Затоа каква глава таква капа. Терајте си мои очи да не гледаат. Лесна ви земја
Пред некој ден, чув една моќна мисла, во суштина станува збор за прашање, кое би сакала да го споделам со вас, а се однесува на тоа колку е битен позитивниот само - говор, да се негува љубовта кон себеси и да не се биде престрог, преголем критичар кон себе. Прашањето гласи: Доколку имате пријател, кој разговара со вас на начин на кој вие разговарате со себеси, колку долго таа личност ќе ви остане пријател? И како дополнување - однесувајте се кон себе како што се однесувате со вашиот најдобар пријател: простувајте, не бидете строги, охрабрувајте го, бидете му поддршка, сакајте и ценете го...
Имам една братучедка,со која сме многу блиски,и другарка и сестра ми е,абе 3 во 1 Е сега баш ич,ама воопшто не си личиме физички,а сите ни велат дека сме како близначки дури и се случувало колеги нејзини да ме аднуваат на фб,и да ме прашуваат зошто имам два профили И не само луѓе што не познаваат реално,туку и рандом луѓе,пример во аптека,во бутик,во пицерија,и прво прашање близначки сте? Незнам со какви очи гледаат овие луѓе, и не ми е јасно што ни се нафрлиле упорно близначки та близначки,има некои стварно се близначки па никој не ги тормози дали се или не Денес една тетка на пазар продаваше овошје,и купувавме од кај неа и одма близначки сте? Се изнасмеав,па и велам е како близначки,гледаш дека едната е црна како Турчинка,а другата бела како Русинка и збор не изусти повеќе кутра женаете така од сега натаму овај одговор ќе им го давам на сите. Не за друго,почнувам да се плашам,да не ме лаже огледалото беможе не изгледам како што ме покажува тоа П.с јас сум Русинката
Вечерва паднаа првите договори за лето 2017. Охрид, градиште, езеро и ние.Другарки, кокошки. Главно дадовме сите заклетва дека ако по некоја случајност една од нас фати дечко, не ја земаме со нас ако сака да го свлечка и дотичниот .Одмор со машки, па поготово ако ти е дечко не е одмор во права смисла на зборот, знам по една другарка лани, дечко и цело време фуфкаше дека се нешто не му одговара и оваа кутрата во средина цело време дали со него или со нас останатите. Затоа само женски, милина. Едвај чекам.
Vcera maz mi ide lut, mi objasnyva nesto, go gledam saka da se skara. Vikam u pamet, aj be ke se skarame odamna ne sme ja sppukale rabotava, da se slucuva nesto. I on taka revnosno mi deli pravina i go gledam... nosi razlicni corapi. Mu se nasmeav on si pomisli deka e u pravo i sreken trgna nakaj kujna. Zaboravivme da se skarame.
57% батерија имам а не носам полнач, со 57ца дојдов на работа, завчера 57 годишен муштерија ме запроси Да ибам 57цата
Читам на Нет... 10 начини како да ја освоите девојката што ја сакате, Направете го ова и ќе биде ваша и останати такви глупости. Нема рецепт за освојување девојка. Симпатија и привлечност може да се развие без разлика на однесувањето (како што машките знаат да кажат дека девојките ги гледаат само тие што лошо постапуваат а оние што прават се' за нив не ги фермаат). Љубовта е веќе друга работа. Таа бара длабоко поврзување за кое треба душа а не рецепт. Инспирирана за овој пост сум од тие неколку статии на Нет но и од мојата околина. Конкретно, од машките кои оствариле контакт со мене. Многу од нив ,,ми се пуштале" на сосема фин начин но не ме придобиле. Можеби го следеле ,,рецептот" за освојување но не упалил. Немало таква поврзаност меѓу нашите срца што е фактор за љубов. Само еднаш некој успеа од сите тие. Не затоа што подобро го следел ,,рецептот". Кога срцето ќе засака, тоа не го гледа лицето, телото или однесувањето на другиот. Срцето го чувствува срцето на другиот. Тоа е таа поврзаност за која не треба никакви правила. Или ја има или ја нема.
Еднаш се замислив себе си како богата и славна живеам далеку од овде. Решив да се вратам во родниот град, во истово ова место, во овој стан. Бев сама дома, па станав од место, излегов и влегов повторно дома. Но, овојпат влегов полека, како да не сум го поминала тој праг со години. Чекорев од соба во соба, се обидов да се чувствувам како навистина да се наоѓам во иднината. Ги видов своите бели старки оставени на подот, до нив патиките на брат ми, седнав и го допрев килимот што беше послан во ходникот. Мајка ми секогаш ми се лутеше ако газев со чевли по него. Влегов во бањата. На тоа огледало си го видов ликот по илјадити пат, но овој пат бев поинаква, порасната. Ја пуштив водата. Со таа вода си го миев лицето секое утро, со таа вода се прскавме со брат ми кога мама ќе не повикаше на ручек. Во таа када плачев кога бев тажна, зашто топлата вода брзо ги измиваше солзите. Некогаш се смеев, некогаш пеев кога ќе пуштев музика. Ах, тие долги тушови. Дишев длабоко и чувствував спокој додека водата се сливаше по моето тело. Дневната. Секогаш топла. Место каде мама и тато водеа разговори, каде ме пофалија за сите добри оценки и каде ја чекавме Нова година. На големата маса ги изедов најголемиот број од оброците во мојот живот. Некогаш спиев јадејќи, ако ми текнало да вечерам многу доцна, некогаш се смеевме на таа маса, иако тато беше против смеење додека се јаде. Кујната. Местото кое секогаш мирисаше убаво. Мразев кога мама приготвуваше месо, единствено тогаш го затворав носот и бегав. Нашата кујна беше тесна, со ист онаков ќилим како во ходникот, кој патем многупати го имам извалкано со јогурт, истурен пипер или шеќер. Прилично бев несмасна. Терасата. Во зима алиштата замрзнуваа, а тоа мене ми беше ептен интересно. Во лето вечерите ги поминував на терасата, летни вечери.. Собата на брат ми. Кога беше помал, се плашеше да спие сам и ме викаше во неговата соба. Потоа, кога порасна, сакаше повеќе да останува сам и ме бркаше надвор. Секогаш ми префрлаше како и јас не му дозволувам да влегува кај мене, што беше вистина. Неговата соба беше поголема, а јас се лутев поради тоа. И на крај, мојата соба. Малечка, топла, начичкана со книги и играчки. Креветот голем, удобен, масичката почна со боици, цртежи и тетратки. Голема ламба покрај креветот. Албуми со слики на полицата. Цртежи излепени на ѕидот. Се вратив во реалноста. Се расплакав. Од среќа што овие работи не се минато. Спомените го прават домот. А, јас ги имам многу. Благодарам! Благодарам! Благодарам за преубавиов живот!!! Сега повеќе си го сакам домот.
Pisav komentar I po greska go izbrisav. Loso sto te pomesale ne e s Kim si takav si za nekoj raboti, ti ostani rusinka prirodna ubavina nadvoresna I vnatresna a za blagodarnost sigurno isto taka zatoa teraj napred, sigurno ne si is to kakva glava takva kapa
Ауу друг пат не вака... повеќе од пола саат ми требаше да ве исчитам  многу сте изнапишале .. Прекрасни постови се изначитав, браво Јас само ќе ви пишам дека сум заљубена и преубаво ми е ... не сакам да престане, нека трае. Уште малку ќе ја дочекаме и 2017 , кога ли помина годинава  ми доаѓа сега така да шкртнам збор-два за 2016 Цела година ми беше прекрасна. Благословена сум и скоро секој ден се заблагодарувам за овој прекрасен живот. Од Бога барам само здравје. Тоа е најбитно, Сите здрави и живи, се друго е во позадина. Всушност имам се. Се што сакам и се што ми треба. Сега го имам и него. Знам дека е тука до мене и му верувам. Па што би посакала повеќе?