Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Врне снег ... барем тоа малку од малку ме исполнува . Го сакам снегот , и тоа многу . Но не можам да му се радувам .
    За мене овој ден нема да има крај . Се чувствувам толку празно и изнемоштено . Нема ниту сила а ни воља за ништо . Како целиот свет да го носам на плеќи .
    Толку сум осамена што неможам на никој да му кажам што ме мачи , што не ми дава мир . Сфатив колку е болна самотијата . Во животот сум имала многу падови кои ме уништиле . Но нели има една поговорка ,, Тоа што не те убива , те прави посилен ‘‘ . Тоа е тоа што ме тераше да продолжам понатаму .
    Денот не ми тргна уште од сабајле . Но нели секогаш има некој кој кога ти е тешко ќе направи се за да ти биде уште потешко . Сфатив и колку е болна дикриминацијата . Како може некој кој е толку арогантен , надмен , се прави дека се знае а всушност ништо незнае , да биде повеќе ценет од некој кој се труди многу повеќе . :fubar: :doh: :x Навистина неразбирам некои работи . Ама знам дека секој ќе си го добие заслуженото кога тогаш и сите ќе сфатат каков човек е .
    Нејсе , денес има само две работи кои можат да ми го подобрат расположението . А тоа се снегот и денешниот тренинг . :)
    Па имајте убав снежен ден феминки . :hai:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Доста беа праќања за игри на фејзбук, добро е ми стигна покана за свадба, 3 години на свадба не сум била. :angel: :D
    Море како ми се игра, а ич не ми одат ората, се сеќавам ко мала ќе застанев и ко будала си ги мавтав нозете, смешки живи бев. :lol: Сега не знам дали ќе бидам поарна. :D
    Решив и да се стегнам малку, имам скоро 3 месеци до тогаш, па 5-6кг барем да ослабам. :D
    Ова само на збор да беше така лесно ехе... :D

    Инаку времево се мрднало од умот. :rofl: Дали климакс или ПМС или не знам јас што му е, битно сакам ЛЕТО да дојде, да се облекувам по кратки, па апостолки, сандали, плажа, сонце, море, распуст и уште што не. :sun:
    Ајде уживајте во никаквиов ден, што ќе се ужива, толку обврски, тешко богами... :^)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Мудроста и зрелоста се епитети стекнати заедно со вештината на совладување на јазикот пред умот.
    ********************************************************************************
    Луѓе кај мене е сончево. Доста кукавте за месецов, премногу очекувања имате. Ве читам и мислам Април изгубил на Икс Фактор или на избори. Чилајте. Време ко време, променливо е, уште не се нашло идеална сезона која на сите ќе им е погодена. Или тоа или не се нашла попаметна причина за негодувања.

    As for me, I'm looking forward to doing nothing all day. На принуден одмор сум. Самата се принудив да заминам :D Поставив ултиматум, да одам кај мајка ми на недела дена под услов да јадам што сакам и да спијам после два, со спуштени ролетни. Нема домашна посета ни комшивки на кафе. Утре одморот ми завршува.

    Вчера бев на лекар. За малку ќе го истепав Таше со ташната. Од хоби би одела на гинеколог кај Владо :devil: оу мај, каков е само :D Пред да го видам се чудев оти редот кај него е поголем.
     
    На ariela09, Doozy и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.705
    Допаѓања:
    43.714
    Пол:
    Женски
    Дали снегов значи дека нема да каснам зелена кајсија годинава? :D
    Е многу ми е мака што е вакво времево...амн.
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Чек да проверам дека не има некој аранжман Last minute за на Шапка или Маврово за Велигденски празници...може има и ноќно скијање!? :lol:
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Топла зима, кочан лето :rofl:

    Туку во Лазарополе имало 50 см снег. :o
    Во Скопје цел ден врне, смрзнувачка, ми се поремети чувството за годишни времиња, не знам кое време невреме е сега.
    Вчера два пати измрзнав, сабајле пак, а сега не ми се помислува да појдам накај дома, среќа поднамали дождот.
    Прстите ми се кочан, едвај куцам по тастатурата.
    Кајсијата дома е исушена, поради што не знам, ама и тоа што расцвета, зазелене, ќе се уништи.
    Е вака природата ни враќа. Вака не уништува, највеќе економски. Се ќе измрзне, а тоа што по некоја среќа ќе остане ќе биде петкратно поскапо. Да бидеме живи, па да видиме.
     
    На Elennaa, Mahidevranfan, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Луѓе мои,знам дека тема на денот е времево,ама не можам да издржам да не напишам.
    Добро бре,што е ова? Каков вид на мутација..
    Како што не сакам дожд,ме онерасположува,па и уште у сред април,кога треба да шетаме надвор по кратки ракави..Не. Дефинитивно не.
    Снег во пола Македонија,Скопјево цел ден дождливо и ветровито...
    ...Да вадам елката од подрум?
     
    На sweet-cherry, bubamara12345, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Нозете кочан,ушите ко да не се мои,јас во ПМС,а времево уште повеќе :D
    Таман ми завршија обврските,малку да одморам,да шетнам,надвор Сибир :swear:
    Ќе видите една недела пред колоквиумска ќе биде рај,чисто за инает на мене,да не можам да уживам.
    Малер луѓе,прав малер.
    Оптимистичка страна на ситуацијава е што не ми треба оганче,туку имам некој да ме топли со прегратки,да ми вари жешко кафенце и да ми чита љубовна поезија по цел ден :lol:
    Туку да одам да резервирам некое место по планиниве,немав време зимава,па сега да научам да скијам :D
     
    На Mama25 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Баш сега пред Велигденските празници заврна снег.
    Мислам дека овој снег со себе носи пораќи за нас луѓето.Најважна е дека со природата нема играчќи.
    Дека човекот е зависен од природата, таа е создадена за него,и тој треба да ја чува а не да ја уништува,и да прави некои чудни и тајни експерменти кои се опасни за сите нас.
    Ете ни го резлутатот од нашата грижа за природата.
    Како ли им е на ластовичќите, штрковите и друѓите птици преселници. :?:
     
    На Gordana10, cresa-jagoda, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Сите денес биле на Сибир, а јас на Карибите. Нешто во мене врие.. Да, тоа се моите заљубени обравчиња. :$ Летам над морето обидувајќи се да ја допрам земјата. Не, не можам. Сеуште летам. Секоја минута се вивнувам повисоко меѓу облаците. :$ Како Фениксот се вивнувам повисоко од кога и да е, а потоа се претворувам во пепел. Така, кружам околу прекрасниве плажи. Ахх, колку е само преубаво кога не се грижам за ништо. 8)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Ова филмовиве и сериите што ги гледаме се чудна работа.Еве на пример мене никогаш не ми било јасно зошто во американските филмови кога ќе им умре дете на родителите,тие смирено примаат сочуство исто како некој старец од 90 години да умрел.Додека кај нас луѓето пошизнуваат,неможат со инекции да ги смират,ептен е страшна гледката.А чедо си е чедо,дали во Америка или не,по логика би требало да е исто ама не е.Знам дека е глупо ама одамна ме копка :wasntme:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Иста сум како времево.Незнам дали е до него или пак до мене е нешто,но се менувам на секој час |(
     
  14. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Немора времево баш до толку да ни го контролира расположението... Јас за инат ќе бидам среќна бе :lol: Па и како да не бидам, си направив салеп, музика пуштена, фемина и WeHeartIt пред мене... сега ќе ја земам и книгата да ја дочитам. Па милина бе :wasntme:
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    На крајот на денот секој сака да се почувствува искрено сакан и сигурен.
    Секој, без разлика на се и наговиот карактер и (не)добрина.
    Секој сака да биде стопен од поглед со љубов или згмечен во искрена прегратка.
     
    На Marjan007, SparkyAngel, Someonespecial и 29 други им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Тема на денот: Времето.

    Излезеш надвор „лелее времето какво е“
    Дојдеш дома и мајка ти „ауу што му е на времето“
    Доаѓаш на форум „времето времето - депресии“
    Уклучуваш твитер „времето времето и хејтање на времето“
    Уклучуваш фб „го молам април да не се понаша како декември“
    |(

    Врне, ладно е. Знаеме сите. И мене ми е ладно, седам со ќебе врз мене. Зимските работи ми се и мене во плакарот, ама не ги вадам, на инат за времето. Ќе се стопли ако не болна ќе лежам.
    Само не сакам да биде ладно на велигден.
    А како што тргнало изгледа попот со скии ќе ја кружи црквата.

    Во школо му се радуваат на снегот, мислиш кокаин врне. Снег не виделе.. Уствари, во април и јас не сум видела снег.

    Мене ми е убав денот. А и богами убав ќе е кога ќе преспиеш пола ден. Ама на вакво време што да се прави?
    Сега ќе си земам една чаша чај, добар филм, топол кревет и ќе уживам. :coffee:

    Остави учење. Снег врне. :rain:
     
    На XstrongerX, Katerinceee, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    поздрав од подземните лавиринти во брно! :)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      297,1 KB
      Прегледи:
      316
    На Mahidevranfan и Dog-lover им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Се договараме вчера во центарот за вдомување на животни некоја последна тактика за отворен ден во петок. Од толку глави смисливме дека ако делиме кафе/чај може тие што дојдат да се задржат подолго и да погледнат некое од животните два пати. И колачиња, и колачиња, вика една, за само кафе или чај нема сите да застанат, за гага јадење секој ќе земе. Ок, и јас викам ќе направам едно 30 до 50 комада.

    Ги правев, ги броев, излегоа 37. Ги наредив на масата на хартија, да се оладат, и излегов по прав шеќер оти немав доволно дома. За десет минути отидов и се вратив. Само што влегов низ врата нешто ми сумливо. Големото куче не лае. Секогаш лае кога тропне вратата, макар ние сме. Ја подавам главата во кујна, од 37 колачиња нема ни трошка. Само хартија и чаршав на подот... и кучето под масата, кое само што ме виде, прво извергла со задните нозе на плочките и штрумфна накај втори спрат. Само ако ти биде лошо час!!! :@ Барем да оставеше едно да ги пробам :?:
    Му се јавив на маж ми - утре треба на ново колачиња да правам. - Аха, значи не ти се погодија? :^)
    Да не знаеш на кој да се лутиш |(


    Инаку вие како живутарете? Арни, добри, млади, убави? Времето како е? :wasntme:
     
    На mimiiiii, cresa-jagoda, Edie.S и 13 други им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    На фејзбук снег. На фемина снег.

    Богами ако не пишевте немаше да знаеме дека врне снег. :D Или ако не го сликневте ќе заборавевме како изгледа. Па да,одамна и не беше заврнато.
    Зима,кога требаше немавме...еве ни ја сега. :D Задоцнила,ништо страшно. :D

    И така,времево ни удри во глава. :D До пред некој ден сонцето,сега снегов... :D
    Ајде уште утре,па после ќе уживаме во празничниот одмор. :wasntme:
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Е, ај не сум забегана. :D :geek: |(
    Утрово на големиот одмор врнеше(дожд, кај нас нема снег), а јас решив во најдалеката продавница да одам.
    Ајде, стигнавме пред влезот. Таму имаше (длабоки) бари. Јас како некоја млада мајмунка почнав да си скокам.
    Не, не мајмунка. Потрапава бев. Повеќе бев како слонче на гранче.
    Целата се истопив со нечиста вода.
    Косата ми е бушава. |( И онака ми се заплеткува. Ми се истопи и косата, па ми се залепи и заплетка.
    Изгледав како уличарка. Како да имам ќебе на главата, не ми се познаваат влакна на косата.Пуј, а таман се избањав. :worried: :D