Во предизборниот дух и јас да кажам нешто ако смеам. Некаде сретнав слоган - Заедница во која е побитна идеологијата од уцените од партијата - Може не точно вака ама вака јас би го пренела со свои зборови. Парцијално си отфрлен и нефукционален во македонсково општество ако си личност партиски неопределена, без партиска книшка. Нивните уцени ни се хендикеп. Ама менталитетот првенствено. Што за неосигурана иднина и себичност, правиме мајмуни кои ги гласаат идиотиве. Продадена свест, како е тоа да си ја потиснеш интелегенцијата, не разбирам... Колку сум разочарана од луѓе на кои им понудиле работа во замена за одреден број гласови, и се смениле 360 преку ноќ па сега гомнат за партиска идеологија во која и самите не веруваат. Инаку рандом факт нема да ги вработат. Прашањето ми е дали им е срам и зошто не ? ---------- На друга тема,тотално демотивнирано се осеќам во животот. Во некоја депресија сум тражим посао да га не наџем. Постојано се дружам со одбрани луѓе кои не го тупат. Имам пријатели кои го тупат и бегам од нив. Крајно сум станата нетолерантна на срања. Никогаш не сум бил тип, како што ми е прераскажано,да слушам нешто бесмислено и да немам никаков одговор на тоа. Да си терам сеир и да си се смеам во себе. Го разбирам како директна навреда на мојата интелегенција и морам да имам, како опишано, театрален и демонстративен одговор на отпор против глупите разговори на дотичниот. Да му го вратам муабетот од кај што му излегол. Не знам ни да го разгледам премолчувањето како опција и затоа размислувам некоја терапија како метода за контрола на бесот. Како да имам проблеми, реално. Со реалноста имам проблеми јас, премногу ја прифаќам истата и не дозволувам некој да прави будала од мене, дури сум јас присутна барем. ---------- И на трета тема како успевам на дневно ниво да се среќавам со луѓе кои се жалат за забодени ножеви во грб од луѓе на кои им верувале ?! Се чудам, како тоа, не да си привикувам несреќа врз себеси, ама никогаш не ми се случува. Можеби затоа што често менувате пријатели и им се доверувате за скоро. Животот не функционира така. Или фала богу интуицијо и ненаклонетост кон ширење познанства ?! По природа сум затворена личност и поинтимните прашања од нови личности ги разбирам како директна инвазија на личен простор и бегам од такви луѓе. Реално, мислам дека подолго и поинтимно треба да се дружиме пред некој да праша, на пример, зошто не зборувам со тетка ми (рандом пример) . И ако го направи тоа предвремено го етикетирам како ненормален.
@sofijanoka сум имала и јас проблем, сум одела на логопед. Сум имала и уште многу други потреби од лекари и институцииве кај нас. Се согласувам дека секој родител го сака најдоброто за своето дете, можам да разберам за револтираноста, ама таков е животот секаде, мора да се снаоѓаш. Ние никако не можеме да помогнеме, ама ете најблиските можат да излезат во пресрет. Па одев и јас еден период да ја земам братучетка ми од градинка, бидејќи мајка и работеше а татко и чекаше преместување. Јас само велам дека никаде не е идеално, едноставно треба да се приспособиме кон тоа што го има на располагање.
Малку повеќе претерате со филтерот на снап со ушите и носот на кучињата.Човек не може да ви ја виде фацата како што треба.Колку грозна е таа глетка кога ќе видеш слика од девојка убаво нашминкана,дотерана и има уши и нос на куче (кучка).Филтерот е врв на глупоќа на човештвото.Дури и братучетка ми која има 5 години и гледа маша и медвед се смее.Страшно.
Вчера отидов во ненајавена посета на оној на кого му подарив маче. Дома не затекнав никој, на нивна среќа, но мачето беше во дворот. Прашање до вас ваквите неандреталци: Што побогу земате миленик кога е**** не можете да го чувате? Време, финансии, простор и вистинска желба- Било кој од овие критериуми ако не ги исполнувате, едноставно, do all us a favor, не земајте. Идиоти. Нити го дома чува, нити храна му дава Мачето ќе им го одземам уште оваа недела штом најдам нов сопственик. Душата ми се скина вчера, а ме позна, немаше ни сила да пушти глас. Арно велам дека Хитлер постоел во погрешно време, за погрешни луѓе.
You told me you were leaving because I smoke cigarettes. I stopped smoking in fear of losing you forever. I went by your place to tell you that I broke my bad habit. I saw you pressing your lips against someone new. My walk home was lonely and the only thing pressed to my lips was a cigarette. I guess it's time to quit my bad habit. You.
Секое семејство си има свои длабоки тајни,а јас пак како некој инспектор за семејни работи сум. Одкако знам за себе,кога и да дојде на гости дедо ми,јас го испрашувам што било порано,го испрашувам за неговите предци,за семејните традиции,за верата,за што не
Немојте никогаш да дозволите во вашиот живот,да влезат психопати и забегани луѓе(од аздис),што подалеку од вакви по убав живот за вас и вашата околина.
Во сложувалката наречена смисла на животот, свое уникатно и важно место има секоја мала ситница што ни претставува задоволство, нè исполнува и ни ја буди креативноста кога уживаме во неа со сите сетила...
Знам и ја да замолчам , да стиснам заби, да си ја зашијам устата понекогаш, ама не вреди ... неправдата е посилна и ми ги кине сите конци.
Дефинитивно најглупо нешто е кога ти се пушта некој за кој не чувствуваш ама баш ништо, а мора секој ден да го гледаш Пример колега...и пример индиректно си му дала корпа и тој пак нешто се труди околу тебе, ти купува кафиња, ти посветува огромно внимание и со отворена уста те слуша...и пример такво нешто може мене да ми се случи...пример де... Да бегам од него ко сида да има, не бива некако, па пробувам некако на дистанца да го држам од мене, ама кутро дете што и да рече, мене двосмислено ми се слуша... Истиот тој застанал пред предавална и јас му викам: Ајде, нема да влезеш на предавање? Тој вика: Па се мислам еве, не знам дали да влезам...има малку време ако сакаш малку надвор да се измуваме... И јас wtf, го гледам тој сериозен, и му викам: Што? Не те слушнав...И тој: Абе викам да се издуваме малку надвор, знаеш да фатиме воздух... После нешто слушам кажува: Еве се крена, ама пак ќе се спушти....(за маглата зборувал) или Вика: Ако сакаш јас ќе ти го ставам....(за палтото зборувал, пошто ми сметаше на стол)... И така сега не знам дали стварно ми зборува двосмислено (што почнува ужасно да ми смета), или па мене ми се слуша така...може сепак треба да почнам да бегам од него, така сигурно би се сетил...за негово арно де Од утре кога ќе видам дека доаѓа кон мене со кафето... Мисли кои ме мачат за време на ноќта.
#Онакога митингот на ВМРО ти се оддржува пред куќа... ...ВМРО ветува пет градинки во општина Аеродром, ВМРО гради пет градинки во општина Аеродром. Да живее ВМРО! (Аплауз)... Why God, why?
@Ketchup Како тргнале, уште малку по еден аеродром за секое дете Така мислам нај ќе ја погодат @JollyGirl Џоли винк винк СДК Едвај чекам Божиќ и целата таа домашна атмосфера. Украсена елка, домашни колачиња, подароци. Јес да сум Самрлавр, ама тие некои зимски моменти се priceless
Сдк дека една е сестра. Фала ти што ме подржуваш во секоја одлука моја што ја носам, а денес ја донесов најправилната одлука во мојот живот, и така дааа единствена си
Кршењето срце е само еден благслов од Господ. Тоа е негов начин да сватиш дека те спасил од погрешната личност ...
Mеѓу владици не треба да се јавуваш поп дека си и да пееш СДК Се изначитав вечерва по ФБ статуси од скршени срца а за попот баш се насмеав и уште еден видов вака е Маж и Жена се земаат заеднички да ораат Не ми е смешно значењето колку зборот Ораат што ми е. И уште еден Од селата се појавуваат бикови а од градовите многу крави и волови Ами јас од град сум . .. Е ај сега .. .. .. . Спојлер То е исто ко ке излези типче од село во град со едно 3/4 илј во него и си седи скромно си пие пијачка и влегува градскиот со едно 500тче во него и мисли Г з м го фатил и се уфилмува цела вечер , или се пијани дома со вино и излегува со 100че и со едно џинтоник се шмуга цела вечер натаму наваму низ кафиќ и ќе се смеат на тие од село демек од село се. Бтв мислењево нема врска со онагоре ова си се надоврзав сама а и фактички градскиве лежачи се ..