Случајно налетав на една статија за когнитивна дисонанца. Како термин ми беше од предходно познат но никогаш не се потрудив подетално да решаржирам или прочитам додатна литература/текст околу истиот. Покрај визуелизирањето на приказната за лисицата и грозјето веднаш ми дојде и една ваква слика во глава. Се запрашувам дали навистина се создава таков вид на непријатно чувство кај поединецот за стореното/помисленото или сите тие лажни маски се само обид да се отиде скалило погоре во куќата од карти.
Многу време се мислам да го напишам ова,конечно денес се решив. Член сум на овој форум долго време, иако не сум активна низ темите, бев сведок на прекрасни мислења од постарите членови,совети, и сум среќна кога ќе видам барем некое од нив сеуште. Гледав/м како се менува форумот со текот на времето,околностите и врз база на сето тоа, имам потреба сопствено гледиште да дадам. Родени сме во оваа држава, живееме овде,а некои од нас повеќе тука не. Ги читам мислењата и... повеќето се поврзани со други луѓе. Нормално, неизбежно да се нема контакт со негативни луѓе, луѓе кои на несоосветен начин ги празнат своите фрустрации наоколу. Ама...едно што научив е дека -не е наша вина тоа што некој се однесува така спрема нас, иако тоа не го заслужуваме. Сите сме луѓе, сите правеме грешки и понекогаш знаеме ваквите истите акумулации на too much трпение да ги префрлеме на друг. Можам да разберам, секој има свој пат. Затоа никој не осудувам на ваквото однесување. Напротив, жал ми е. So, stop focusing on the others. Оставете ги. Нека зборуваат, навредуваат, смеат или било што. Ако тоа им прави задоволство, тогаш се само празни души, кои со сигурност (а можеби и не), ќе дојдат на некое ниво во животот каде што ќе сфатат што имаат правено цел живот, а тогаш можеби ќе биде касно. Животот е еден. И е прекрасен. Или може да биде прекрасен, ако доволно се бореме. Таа е единствената опција која ја имаме. Борба да го добиеме тоа што сакаме и за што сметаме дека сме вредни. (Минувам низ таков период каде што имам многу работи да учам, да се трудам да ги разберам за да одам напред,и затоа сум мотивирана ова да го споделам.) Знаеме дека условите во кои живееме се жални. И се тие. Не можеме да се нервираме за нешто што е така, и скоро и не се контролира. Ама може да се контролира сопствениот напредок во животот. Ако сметате дека имате потенцијал за нешто повеќе во животот, не се откажувајте! Сега живееме, сега е времето кога ќе можеме промени да направеме. Не се задоволувајте со трошки, ако знаете дека сте вредни и заслужувате повеќе. Никогаш не е касно, а секое ново нешто кое го учеме е плус. Ќе се најде соодветниот момент кога ќе дојде времето да се искористи. Фокусирајте се на сопствената надоградба, другите веднаш ќе станат небитни. Фокусирајте на тоа што сакате во животот и чекорете кон тоа. Можеби сто пати ќе паднете,ама ќе бидете дупло посилни после. I've been there. И знам дека ќе ги има уште. Таков е животот. Ups and downs. But never quitting. Уживајте во животот додека чекорете по патот кој што сте го одбрале( нешто што го разбирам полека). Има толку ситни работи во кои можеме да најдеме огромна среќа. Музика, литература, уметност, се. И секако, најбитното. Чувајте го здравјето. Се друго што реков нема никакво значење без ова. Се друго, со труд и волја за бидеме што сакаме, ќе се исполни. Се извинувам за долгиот пост и Ви посакувам убав ден!
Gi gledam mladite t.e tinejdzerite kako setaat "goli" na ovoj stud i mrznam mesto niv.Se vo svoe vreme.I jas pred 15 god na vakvo vreme setav i so mokra kosa i so bluzi do papok pa zatoa mozi sega mi dojde na glava ona od starite deka vo ponatamoshniot zivot ke si patam.E si patam premrznata sum.
На форумот, по некое непишано правило, најинтересно ми е, а и добро иронично, кога некој поправа по некој друг член во правопис, а тој исто погрешно го напишал Јебига, сестра на кармата е тоа
Донесете одлука дека секој ден од вашиот живот ќе подарите нешто некому - насмевка, цвеќе, убав збор, љубов, почит. Можете да се помолите за таа личност, да посакате желба за нејзино здравје, мир, љубов... Секој ден можете да направите нешто добро за некого, не ја потценувајте моќта на истото. И колку повеќе давате, толку ќе ви се враќа назад.
Skd da mi e ziv i zdrav najdobriot cevlar sto mi gi popravi najubavite stikli sto gi poseduvam cheers to that ke bidam bomba utre na rodenden
Денес како целава магла да ми натежнала на душата, како есента да се преселила во мене. Срцето ми се заледи од помислата: - Па јас и ти веќе немаме ништо заедничко! Како птица преселница бегаш од студенилото во моите очи, итајќи некаде да се згрееш. А јас, со ниеден сончев зрак не те огревам за да те премислам и вратам назад. Тивка меланхолија ме обзема...
Животот, годините, младоста минуваат брзо пред очи како возови, минуваат со огромна брзина и за жал не можеш да ги сопреш, задржиш. Среќна или несреќна ќе продолжам да чекорам, трагајќи излез од оваа моментална ситуација.
Спојлер Лавот си се дружи со лавовите, овцата со овците, никако поинаку не може. Овој пост им го посветувам на сите постари сестри. Јас помладата сум. Нивниот живот бил потежок од нашиот. Тие немале постра сестра од која ќе учат и која ќе ја земат за пример. А ние помаливе, гледајќи ја неа, си се учиме скоро на се и некако ни е полесно. Ете на пример... сестра ми не знаеше како изгледа почетокот на пубертетот. Јас од неа научив и не бев исплашена како неа. Немаше таа постар и поискусен советник... Таа подоцна научи да готви, јас порано. За да научи некои работи, на неа и требаше многу повеќе време отколку мене. Кога стана мајка, не беше вешта во ставањето пелени а јас ете и тоа го научив. Таа не знаеше како изгледа мајчинството а јас од неа и тоа го научив и нема да ги имам нејзините тешкотии. Нашите постари сестри се жени херои! Сега, иако сум сеуште помалата сестра, дорасната сум и јас неа да и помагам и да ја советувам. Те сакам сестричке моја! ❤❤❤
СДК... Доблестите на еден човек ги прифаќаме и цениме во целост доколку ни се прикажат во облик што одговара на нашите сфаќања и интереси.
СДК поради цела фрка околу здравствени проблеми дури сега откако загледав платена политичка програма се сетив дека изутринава на враќање од преглед ме сликаа како случаен минувач низ улица некои партиски војничиња.Сега се размислувам како ќе ме прикажат како девојка со иднина или без иднина. Одлучив дека ќе гледам платена политичка програма на црвени и плави, баш да видам кој ќе ме прикаже и како. Ако ништо друго поубаво ќе заспивам пошто досадни се.