Кој знае колку "дебела" му изгледам на внук ми,па деновиве ме гледа на слики низ албуми,и ми вика цело време "тета големата". Ок,културно си е детето,не вели дебела де,ама јас така си го толкувам зборот голема Велат дека само пијаните луѓе и малите деца ја кажуваат вистината и се искрени..е па сега,ова значи внук ми се обидува на фин начин да ми сугерира нешто,ох душа моја мала,си го сакам најмногу од се и на цел свет А всушност и си имам некое килце одповеќе,ама си ќутам
Пред некој ден по улица си играа децата од комшии. Одма до мојата куќа живеат две братчиња близнаци и и тие беа на улица. Поминувам јас така помеѓу децата кај што играа нешто, и почна сите да викаат по едното близначе: Маркооо изгуби, го погодија, ајде Марко тргни се настрана....И го слушам неговиот брат: -Ќе се откажам јас и од вториот живот, за и Марко да остане во игра Одма се сетив дека и јас така правев за брат ми. Кога игравме сите деца надвор, пошто тој е помал, па јас наместо него бркав, бранев на голот, се тепав, се откажував од животите на рандом игра И сите се бунеа, ама who cares? Дома се тепавме, ама надвор никој не смееше да го допре така се искажува љубовта спрема брат/сестра... п.с. 1000% кога ќе земат жени во иднина, ќе се испокараат за имотот ама нема врска сега си се сакаат...
Ја не знам како може луѓе да пеат на телевизија или нешто такво. Ја за еден текст што треба у среда пред малце поголема публика да го читам се испотресувам. 100 пати го извежбав и дома го читам одлично и коа ќе дојде време за проба се глупирам и за нигде искача. Лоша работа е ова трема и срам.
Не знаат луѓево што е Black Friday дефинитивно. Буткање за место во автобус,буткање за облека, за шминка. Без осет,без внимание,без ништо. Ужас во Сити Мол. Нема каде да се свртиш,ко божем за Нова Година нема попуст. Глупости. И да ви кажам Ревлон ја намалиле во космо за 690 денари без пумпица,а со пумпица 870 денари. Македонија вечна,се е реално.
За каков попуст, црн петок сите говорат кога прават трикови со тоа што над цената што била претходно пишуваат дупла поголема па наводно попуст има, а всушност е измама. Еве не знам ама низ градов кај нас не гледам никаков попуст дури и лански парчиња на облека си држат цена. Политичариве наши пплан и програма имаат само за тоа како да го ограбат народот и да се збогатат. Наместо да фрлаат пари по политички кампањи и секоја втора година вондредни избори би било подобро да ги донираат тие пари на семејства на кои тоа им е потребно и да помогнат, да пуштаат навремено плата. Друго сите се фокусирани на пензионери зголемување на пензии, па бесплатни бањи, а студенти и останата младина кој ги врти! Друго онаа опција на фб вклучување во живо, последна дознав што ене дека нешто пропуштив ама ептен невкусно вклучување од кафана каде што некој се направил дрво пијан, па се крши и меша по маси.Во големо исчекување кога некој ќе се приклучи во живо директно од спална соба каде се одвива жесток се*с. Заостаната ја не знам ни што е инстаграм ни знам приклучок во живо од кога е новина на фб. Шта речи а не заплакати, измешав баби и жаби во постов, ама таа е таа моментална инспирација од реална ситуација. Имајте убава петочна вечер.
Не е битно што згрешив, битно е што се покајав и што ми е криво. И` се понашав најлошо на сестра ми. Ко идиот. Ко дебил. Алчна и себична. Ама сега сфатив дека една е сестра и и пишав порака. МИ ОЛЕСНА. There is not better friend than sister, and there is not better ssister than her. <3
Инспирирана од дешавка пред 15 минути, имам да им порачам нешто на шерифите од Недојдија што се прилично бајаѓи ограничени во мозоците: Ако видиш женско возач, особено ако е младо девојче, не треба да значи дека можеш да се понашаш како што сакаш, ама не си крив ти толку ти дал Господ. А што е уште полошо не треба да отвараш врата и да мафташ со глава у стил: "Имаш некој проблем?". Имам да, што воздухов го дишам со тебе. Морон. Жал ми е за тие до вас што ќе бидат во животов, ако бидат. Само вас ве бива за возење и никој друг. Друго што сакам да кажам е дека ми се здосади од одредени луѓе во животов. И тие што мислев дека се нормални, толку многу почнаа да ме замараат со глупи муабети што често пати се прашувам Бубу што бараш ти со луѓево? Башка што од стари пријателства, скоро и да немам ништо, јер пара врти свет. Ама тоа е тоа. Го чекам денот кога ќе им спотребам, па низ нос да им го извадам секое откачување. Уште малце кај и да е ќе бидее, се ближат слави и родендени.
Ако почнеш да ги избегнуваш луѓето поради нивните грешки... порано или покасно... ќе останеш сам. Никој не е совршен.
Сабајлево баба ме пречека со баклава, го мразам тоа благо, шербетосано. Но, немав срце да ја одбијам, таква цела се труди да ни угоди на сите нас уште фали да ја исхејтам што направила нешто што не сакам. И така си зедов две парчиња па и да споделам со вас Добро утро патем