Чудно е колку малку ни е потребно за да бидеме среќни,а уште почудно е што мене подолг период ми недостасува тој мал дел за да бидам среќна,го барав подолг период но не го пронајдов тој мал дел но се откажав од него немора се да ни е совршено за да бидеме среќни и исполенти,па совршенство нема ни во бајките ниту пак во филмовите ..Решив за да бидам среќна треба самата да бидам решена дека сакам да бидам среќна и дека тој мал дел што не го пронајдов е во мене јас самата треба да си расчистам со мојата глава и да станам потполно нова личност.Не велам дека тоа ќе од утре или дека за тоа ќе ми треба време и храброст,велам од овој момент,сега .Јас можам и сакам да сум среќна и нова потполно нова личност
"Залудно стоев на дождот, не ми ги изми спомените.." Тато, сега најмногу ми требаш. Сега кога најмногу те нема. Дојди бар на сон.. Исправи ме..
Времето, колку и да си го плукам и јас, какво - такво барем навистина е погодно за да останеш во соба и да се спремаш за тест, проект или било што. Притоа да не ти е криво како кога е мирно временцето, сончево и со благо ветренце, па секоја секунда да ти лета паметот надвор. Понекогаш помага за концентрација, искомбинирано со напнатост и даден рок за некаква обврска. Иначе, во групата на фацки, заедно со оние коишто зборат за храна на некој што е на диета или во ПМС, отсега ги додавам и оние кои 2 месеци до летото, плус на вакво време, раскажуваат за спомени од летни одмори, плажи и такви ствари! Мислам стварно, имајте малце милост бе луѓе... Ми вика една другарка дека идам обратнопропорционално од логиката, роденденот во зима ми е, а уште од септември си чекам лето. И oсобено вака во април, кога е ем блиску ем далеку, штом ми спомне некој нешто, одма да можам ќе се телепортирам на некоја плажа. Туку да не се жалам, денеска онака опуштено ми помина денот, барем втората половина. Доаѓање дома после дожд + напорен ден, долг туш со репертоар на песнички и опуштање со книга под јорган на вакво мрзливо време - нема нешто поубаво... Плус, за мерак ми е кога ќе ми текне и песничка што ми одговара на времево. It's too cold (for this time of the year би рекла ), ама вие исполнете си го времето на ваш начин. Ве поздравувам. http://www.youtube.com/watch?v=GCdwKhTtNNw
http://www.mkd.mk/svet/vesti/strashen-b ... otovideo#1 Што се случува со светов, што се овие масовни несреќи во последно време и тоа посебно на истокот, ни се ближи ли крајот полека, со оглед и на се‘ поголемите немири насекаде.. почува да ме фаќа страв за тоа каков би бил светов за само 5 години, а да не помислам на 10 или повеќе Страшно
Да, човек треба да ја чува природата, а се спротивно прави, ја уништува, пример е што тука ги исекоа сите дрва, да е само кај нас, што останува на друго место во светот.Страшно е како човекот ја уништува природата, напоредно животните ги уништува, некое чувство кое доминира кај човекот, се да има под контрола, да управува дури и со туѓиот живот, мислејки дека е тоа негова одговорност, а не е.Во последно време, а секој прочитал, наслушнал, некаде во Америка, па и Русија, се појавија огромни дупки на земјата, ова оди до таму што еден човек во Америка, како што дошол дома, да одмори, си легнал и одеднаш земјата да ти се отворила под него и пропаднал.Потоа, го барале и не го нашле, на таа огромна длабочина каде не можат да стасаат луѓето да го најдат, нема шанси да останал жив.После тоа и на друго место се појавиле такви огромни дупи, што се страшно језиви.Причината за нивното појавување, не се знае точно, претпоставки има неколку.Тоа чувство што го има човекот за доминација, надмоќ, некако можеби и е премногу, сакајки да се вмеша човекот секаде каде и не треба, не му е местото, врската е едноставна, се што прави чувекот, експерименти, нафта и др., е бомба за природата.Имаше една мисла “ дрвјата се белите дробови на земјата“. Пред некое време, одамна додуша беше, гледав видео за ова, не ми текнува како го најдов, за да го постирам тука.Ме расплака видеото, бидејки самото по себе е страшно, го тера човека да се запраша што прави, да не зборам за животните, се уништуваат, повредуваат како да се партали, а не живо битие, пак и кога ќе прочитам имало некаде борба на кучиња.Луѓево уште навиваат за нив, па се смеат, а кучињава, душички, душкосани, пустите тие црвени, раскрвосани, зрачеа со болка, агонија, а овие се смешкаат а да беа луѓето на местото на кучињата, немаше да им биде арно и да гледаат како некој им се смее, ќе вриштеа од болка.Уништува човекот се пред себе, секоја чест на исклучоци.После не дупки, не торнада, земјотреси, се ќе има.Има врска ова, бидејки тоа е така во круг, луѓето меѓусебно се повредуваат...едни со други си вадат очи, па и за сосем непотребни работи.Плус , некој таму утепал животно од чиста досада, ради реда, според тој човек, што има врска дали има душа или не, куче е, него го боли, битно тој не чувстува ништо, само да го малтретира кучето. И сега, нормално се чудиме зошто има снег, во април, има нешто...
Кога ќе препознаеш празнина во нечиј поглед се прашуваш дали и засекогаш постои? Кога ќе потонеш во таа празнина и илјада стрели ти ја рануваат душата се потпишуваат со лузни се прашуваш колку може човек да љуби? А ти често, си правиш пат,пат до нечие срце,продираш низ неговата темнина,се губиш во лавиринти,палиш свеќа,чиј пламен некогаш не згаснува. Тогаш,засекогаш постои. За да можеш ти да се враќаш некаде, како зима во пролетта. Во некои долги ноќи,чие име се памети. Да имаш и ти каде...кога ќе ти фалат ѕвезди на небото. Кога ќе леат студени дождови,како ноќва.
Е мамо мамо, ме разгалуваш, па ќе се чудиш после кога ќе сум разгалена. Единствена љубов која е без условна е мајчината љубов. А среќата навистина е во малите нешта, само една мала работа успеа да ме расположи и тоа на крајот од денот, а тамам мислев дека денот е упропастен и му нема спас. Ме гледа мама и ми вика што си ми ќерко вака тажна нешто, кажи што те мачи. И ми вика ајде што сакаш да направам за да те расположам. И јас на шала и викам може некоја торта, убаво би ми дошла и гледам мама го праќа тато 5 до 12, маркетот пред затворање, да купел нешто, ама викам ај може нешто и треба. Доаѓа тато со намирници, натоварен божем ќе славиме нешто. По пола саат слушам нешто брчење од миксер и одам до кујна, мама торта правела. Колку си ја сакам, не можам да ви опишам со зборови, али една е мајче. Еве малце да ве настрвам. Дур не сме ја изеле дојдете, ама побрзајте. Спојлер
Ден одмор, дремење, неправење ништо. Понекогаш ми требаат денови кога самолежам во кревет и скролам, со чај или кафе и си мислам колку ме мрзи да одам да затворам/отворам џам. Од кафе нема подобро нешто измислено.
Имам чувство како да одиме назад со еволуцијата. Пола од луѓето не знаат да читаат течно. Мора некој да им ги поткажува зборовите што поретко ги среќаваат инаку никогаш нема да ги прочитаат. Точки, запирки, прашалници и извичници не постојат. А за наводници да не зборуваме. Не знаат да решат задача од второ одделение. Се размножуваат насекаде и секогаш. Како да сме човеколики мајмуни.
Мене тоа ми е малку смешно. Имам роднини од помали градови. Порано не разбирав. Тоа е дијалект. А ние скопјаните поручек велиме за после пладне, после ручек. Барем ние дома.
Појадок, ручек и вечера се јадењата. Доручек мислам дека е србизам и го користат во Скопје. Поручек, не значи јадење, туку го означува времето после ручек, по ручекот.
Да, во право си, тоа и го кажувам. Ама во некои помали градови, во некои села така викаат за појадок, наместо појадок, поручек. Пример братучетка ми, ми вели спремам поручек и јас ја разбрав дека се спрема за после некаде да оди, ама неа тоа и значеше спремам појадок. Дијалект.
Ох мори комшиќе златна, те личи така детето да си го бркаш од пред порта, оти ти лупа многу со топката, главата те заболе од лупање, па да му викаш одете подолу да си играте, подолу,, ами пуштај ги кај мене овде пред порта, па мене да ми лупа детето твое. Многу прост народ
Радости. Уклучувам тв после цел век и оп Daria na MTV Adria. Бај д веј, слушам open relationships are the new black. Since when?
Човековата алчност нема граница. Повеќе не обзема незадоволството,отколку моментите на успех. И тогаш кога коцките ќе се наредат нешто недостасува. Што се треба да постигнеме во животот за да се видиме на врвот?
Времето ме убива! Ме треснува на земја и едвај станувам! До кога ќе биде вака непредвидливо??? До август?