Колку повеќе го запознавам, толку повеќе ми прави пеперутки. Секој нареден повик на телефон, се повеќе се радувам кога ќе му го прочитам името. И како поминува времето, се повеќе се плашам.
Гледам сте дискутирале погоре за ќотекот. Вчера слушнав една реченица, која никогаш нема да ја заборавам. Тоа дека ќотекот излегол од рајот е сосема точно, зашто таму не му било местото.
Не знам бабе, али имаат озвучење боље и од AC/DC. Фаќам магла од дома сеа, во спротивно ноќеска ќе ја сањам химната на ВМРО.
Се прашувам да не беа митинзиве во Скопје, како пола Македонија ќе дојдеше да разгледа и да направи лом по трговскиве центри... Девојчено во Џамбо немаше бројче да ми даде за да и го оставам ранецот. Земале и децата од две години со нив, а врвот е што им ставиле шалови со логото на партијата. Страшно... @Bender Rodriguez, или рокни музика на слушалки, или напиј се апче за спиење и не се буди до сабајле, надвор не ти препорачувам да излезеш...
Ко јас да го пишував ова, исто се чуствував. Јас конкретно сум тешка кога станува збор за чуства и запознавање луѓе, па некако интуитивно решив да му дам шанса на дечкото. Тешко се привикнувам на некои работи, не избрзувам па немој ни ти. Пополека и ке видиш дали одлуката била правилна или не Сепак ако не дадеш шанса нема да знаеш, нели?
Па не барам ништо, и јас за сега немам информација, ама пред некоја година кога имаше митинг другарите поминале од таму и забележале, па претпоставувам дека и сега е така.
Браво за овие што имаат еден препознатлив аватар од самиот почеток на нивното членство на форумов. Јас не можам еден месец да издржам со едно исто сликиче, ми здосадува.
@elimkd Едно е да ти смета од причина што не секој дијалект е секогаш разбирлив за оној што не поттекнува од таа средина и тоа е сосема во ред, но не е во ред да се класифицира како неписменост. Тоа е богатство со кое личноста треба да си се гордее. А не, после човек се чуди, зошто младите си ствараат комплекс и се срамат од родното место Размислувајте малку како и што пишувате понекогаш
Adblock for Youtube extension за Google Chrome и барем таму ќе ти е од реклами мирна глава. Јас на лаптоп си се навикнав така без реклами, и ноќеска во 2 саат си пуштив божем музика на мобилен, кога ми згрме кампањата на вмро во уши од кревет ќе се превртев, налет нека им се и кампањи и се.
Во последно време тоа шо ќе го помислам и ми се остварува. Викав од сега колега ќе си барам оти со другиве струки не можиме да се разбериме, се зафркавав и оп колега ми дојде, ме малтретира да излезиме и сега јас се мислам ОД сега ќе внимавам шо посакувам
Што сум станала една романтичарска душа. Полна со радости, дур имам потреба, не да ја преувеличам, туку да ја хиперболизирам и вреснам на сиот глас. Сите да ме разберат. Тука веќе станува збор за китење во делењето на сопствените чувства
Не знам дали треба да се чекирам као safe, пошто успешно ја преживеав промоцијата на новите психопати. Едит: Мислев, новите кандидати. Кандидати!
Не им одиш на луѓето по гз веднаш лош си. Не им удоволиш веднаш љубоморен си. Им згрешиш нешто очи ќе ти ископаат. А тие што се ем лоши, ем љубоморни, ем милион пати ти згрешиле СВЕТИЦИ СЕ. Ни манастир не ви ги пере гревовите, гревчиња едни.