Ти благодарам вака што ме воспита имаш доста слободно време на сите теми штом мудруваш Биди ми поздравена
Страв ми е. Ме плаши помислата на потполно сама, некаде далеку. Но, ова е животна шанса и ќе морам да бидам храбра.
Самер, потполно се согласувам со тебе! Од збор до збор! За неписменост јас ги сметам тие што не знаат да пишуват и читаат и притоа и тоа не е за навреда и исмев СДК Колку глупава случка пред малку на фб, членкс од тука ај се убаво ова она, и ми пишува да ме праша за еден заеднички, и јас се што знам вака искрено си пишав, успат го прашав и него за типкавс што ме прашува. Ух Јас тоа што знаев откако пишував со него му кажав за меа, е сега тој кажал на неа Бог да чува. Е сега што имам јас да лажам за форумска анонимна што и текнува тоа пишува и додуша нејзина работа, е сега и јас од кај знам па дека баш тие си имале некоја шушбуш , и на крај испаднав крива Од нигде никаде и сега всредина, па уште ми викс да не и се обраќам на форумов Кратко и јасно одговорив "Не ни сакам ,позз " Па зошто ми сте ,кавгаџии се некој друг ви е крив, не ни сакам такви пријатели во моја близина. Да не ме прашаше за заедничкиот ,немаше ни тој да знае ете дека сме се имале на фб, ни пак јас ќе знаев што си шушкале рандом личности. Сакам да кажам Фала Боже што ни отвораш очи вака пред време. И СКД денес се изнашетав, малку грижи околу дома но сепак се е супер , си отворив тга за југ ,па ќе ме дружи јуттуб и срцепарателни песни А може покасно ќе свртам и на повесело , првин виното да делува па ќе видиме ,може ќе се распишам како минатиот пат И СКД Аман од овие партииве, -/-/-/- Нема врска којс е, отековте АМАН А М А Н , статуси слики видеа, цела почетна ми е тоа, ваљда и ќе ги сонувам Наздравје
Зорите дефинитивно претставуваат мој омилен дел од денот. Ја обожавам онаа меланхонична тишина, во која успевам да си ги слушнам најдлабоките и вообичаено најтивки мисли. Периодов работам на доизградба на самата себе како личност, па често стојам пред одлуки од типот да се биде или не, за кои ми треба поголема храброст. Причината поради која го сакам овој дел од утрото, е тоа што, во овие часови сум спремна да преземам било какви ризични чекори, и истите најчесто да резултираат со успех. Дури и да се безуспешни, со чиста совест можам да кажам, се обидов! Луѓенца, имајте убав почеток на неделата
Одиш насабајле на работа те сретнува комшија ти подзастануваш го поздравуваш а он, а бе ќе изгубите на избориве. Добро утро комшија велам а пак он а бе што добро утро слабо народ. И по ова следува комшија дали од сабајле си попил некогаш некоја врела да се расвестиш или ќе ти биде сега првпат.
СДК дека за една иста човечка особина постојат два аршини. Зависи од целта. Кога целта е лоша, спаѓаш во тврдоглави Кога целта е добра во упорни
Баш ме насмеа со гифоф како ги погодувате за некој коментар чудо едно СКД Добро утро, спиена 2 саати дете свежо а јас Но битно ќе појадуваме топли кифлички со сиренце месени и печени во 4ч. .Надвор тмурно време, нека се врни за да освежи,вака не гуши. Случајно видов брзо лесно и едноставно.
Не им давјте на децата се што ќе посакаат. Некогаш речете им да го заслужат тоа. Ако плачат за нова играчка не им ја купувајте одма... Или нека ја средат собата, или нека учат, па тек по некое време купете им ја. Со тоа услуга им правите, ги подготвувате за реалниот суров свет што ги чека. Кога ќе ги пуштите сами во иднина, нема се на тацна да им дава мамичка... Поарно со време навикнете ги дека нема да добијат се што ќе посакаат, за да им биде полесно. Еден пример што ми текнува, братучед на татко ми беше амбасадор во една држава. Со цело семејство се пресели таму да живеат 4 години. Децата со обезбедување ги носеа на училиште, и не одеа кај сите обични деца туку кај амбасадори и министри што учат. Сите ќе помисат кој знае каков живот на висока нога живеат, ама не. Дома јадеа месено домашно лебче, носеа најнормални алишта, не им купуваа телефони, ниту пак секоја играчка што ќе ја посакаат... Мајка им викаше: Нека се учат за тоа што ги чека во иднина. Татко им сега е амбасадор ама утре нема да биде. Едноставно нема да имаа се што ќе посакаат. Паметна жена.
Денов ми мириса на бисквити и чај. Не знам зошто... И друго, колку години и да имаш, за мајка ти си дете и ќе ти додева. Не и замерувајте. Грижата значи љубов.
СДК...искреноста се цени кога е побарана и тоа само кај личностите кои ги сакаме. Презентирана од сите останати е обичен безобразлук
Толку малку спијам што имам чувство дека од минатиот понеделник до денес е еден многу долг ден што уште трае.
Јас сум од луѓето што незнаат да уживаат во кафето,јас никогаш не умеев да пијам кафе голтка по голтка,без разлика дали ќе било прежешко или ладно кафето,јас за половина секунда го пијам на екс Порано,во рано тинејџерство,сите другарки ми кажуваа дека тоа што сум пиела кафе на екс "од нога" значело дека во иднина ќе се плашам од сопругот,ќе сум се брзала да се напијам кафе некаде и да си одам за една минутка дома,пред да се врати тој Слатко се изнасмеав сега кога ми текна на ова И не,не ми имаат никакво значење овие зборови,без разлика кога ќе се омажам и за кој,јас пак ќе си пијам кафе набрзинка онака,без да придавам значење на тоа плашење од мажот
Има луѓе кои дури и на најблиските креативни индивидуи околу нив ќе им се чудат што со имагинацијата „бегаат“ од реалноста... а има и такви што искрено ќе ги споделат соништата со тебе, поддржувајќи те и посакувајќи со таа имагинација еден ден да успееш да ја креираш твојата реалност. Мислам дека не треба да појаснувам кои ги сакам околу себе и во која група би ви препорачала да бидете...