На фб ми излезе слика од некој пријател, кај што се сликнал со некоја девојка. Читам долу (под слика) коментар: Деки, кучево твое е? Пак читам поубаво, куче бе куче пишува Гледам на слика ни К од куче нема...барам по страните на слика нема, гледам под нозе, зад нозе на луѓето пак нема куче никаде СИ викам што и е на женава? Што пишува глупости, какво куче? Или му е бивша, па сега ја вреѓа другата девојка на слика или wtf Девојката ја нарекува куче И таман си зедов пуканки за да гледам како ќе се одвива ситуацијата, кога случајно забележувам дека профинлата слика на Деки му е со волк (од нет слика) И тогаш сфатив дека тој кометар всушност е за воклот, и дека таа жена што пишува е стара тетка на Деки што мисли дека Деки си земал куче, и сфатив дека треба да ги избришам и волкот и Деки и сите со ред Вие што немате фб, ве молам не ни помислувајте да направите. Не знаете која глупост е тоа. Ние веќе сме зависни на ова нешто, ама вие другите спасувајте се со време и можеби вие сте избраните за да го продолжите човековиот род. п.с. Колку поубаво звучат идеите кажани во глава, отколку кога ќе ги кажеш на глас...кога ќе изговориш гласно, тоа што си го мислел во главата, сфаќаш дека и не е баш толку паметно
Незнам што сакав да кажам а ми текна дека сакам снегчеееееенце, сакам да си легнам на снегот сакам да се санкааам, сакам да си правам снешко, сакам да се мавам со снег Их бре заврнии молимте
Јебем ти живот кога ќе дојдеш у лер фаза, кога незнаеш што да правиш со себе, кога немаш што муабет да правиш, кога гледаш едни те исти како бескорисно верглат во место со едни те исти теми уф, се знам, ништо не прашувам, никој ништо не ме прашува...седиш и бленеш безживотно у таван... која факинг глупа состојба
Незадолжително, а сепак обврзувачко присуство во овој виртуелен простор. Некогаш почесто се вклучувам, некогаш инфериорно набљудувам, во некои теми сум континуирано присутна, а во некои оправдано отсутна, но никогаш конфликтно расположена... Три години присуство на форумот Ве честам...
Кога ќе рече мајка-"што ќе правам ја без тебе кога ќе ми се омажиш и ќе ми отидеш?!? "Срце ми се корне. Знам не е усвет, ама една е мајка.
@Petra777 Исто така, родителите би требало да се научат to let go off their kids. Колку е и жално, толку е и себично ова погоре напишаното Инаку СДК, како што форумот не е за сензитивните, така и to get the job done не е за некомпетентните.
Утрово кај рампата кај стоматолошки на паркингот имаше сообраќајка. Човек во безсознание седеше на возачкото седиште, додека неговиот пријател го извикуваше неговото име држејќи му ја главата, додека чекаа помош. Ако некоја знае дали се спасил човекот нека каже. Цел ден ме мачи тоа што го видов :'(
Колку побрзо трчаш да го освоиш светот,толку повеке се губиш. Исто е и со луѓето. Колку повеќе бараш да се допаднеш секому се губиш себе си.
Во овие доцни часови,наместо да си легнам како сите нормални луѓе кои утре си имаат обврски, мене ме мачи нешто многу важно. Дали сум единствена личност која секогаш успева нешто да расипе, растури, скине, скрши, искриви, уништи ии ај да не набројувам повеќе и од овие набројаниве страв ме фаќа..На моиве дома секојдневие им стана да викаат по мене заради мојата неспретност и смотаност, ама шта чеш таква сум.Ете цел ден собирам храброст да им кажам дека зае*ав патент на ново палто.Решив, утре ќе им кажам.Белки ќе им здосади да пиштат за една те иста работа и да ми солат памет, па ваљда утре ќе ме прескокнат со нивните дофрлувања. Мамо, тато не сум крива!Патентот не чинеше ок?Морав да напнам посилно, то е то. Лека ноќ.
Трапави луге ужасно ме нервираат. Ама од друга страна па симпатично смешни ми се кога ке размислам дека сето тоа не го прават намерно. Да незнаеш во такви моменти како да изреагираш.