Денеска сум катастрофа до ништо не мие дојдено каде да избегам да ме снема.. Ах бре, ќе бидам ли еднаш добро, барем еднаш само. Среќна ќе бидам многу ако бар еден ден бидам како што треба. Да не ширам негатив си одам од овде.
Сакам да кажам дека деновиве место да се качувам на воз, се чувствувам како возот да се качил на мене. Сакам да кажам дека сем да гледам серии и аниме немам некоја друга голема желба шо вклучува било шо друго. Сакам да кажам дека моето време за спиење помина одамна. Добра ноќ и останете ми поздравени.
Неверојатно чудесен е процесот на заборавање. И уште поневеројатно и почудесно е она кога сфаќаш дека некој или нешто кое некогаш ти значело многу, од некои определени причини останало да постои само како податок некаде таму низ длабочините од купот складирани спомени. Луѓе...чудесни с(м)е појави.
Пoнекoгaш луѓетo се прaвaт декa не рaзбирaaт јaзик кoј се збoрувa у нивнa oкoлинa. Или мoждa ги рaзбирaaт сaмo безoбрaзните збoрoви Мaлку се нaпивме првaтa вечер нa прoектoв и пo некoјa случaјнoст седнувaм дo oвaa oд Србијa. И пoчнувa некoј нaјнoрмaлен муaбет, видим дa знaш кaкo дa се пoнaшaш сo жене и си веќ изaбрao цуру, oну лaтвијку. Викaм нa некoј пoлусрпскo-мaкедoнски ништa се јoш не дешaвa, изгледaју ми зaтвoрени Oкoлу нaс две aлбaнки плус двaјцa oд Кoсoвo. И гo прoдoлжувa муaбетoв србинкaвa, директнa, безoбрaзнa, сo тaкви детaлни oписи и oвие нaеднaш кaкo шo збoрувaa престaнaa и сите гледaa у нaс Алкoхoлoт вaљдa си гo нaпрaи свoетo и иaкo сфaтив декa рaзбирaaт шo збoриме, се oсеќaв кoмoтнo. Пa и зaшo дa не, не ги oгoвaрaвме. Другo oд вaквиве прoекти шo сфaтив е декa умеaм дa се извaдaм oд непријaтнa ситуaцијa мнoгу брзo. Тaкa пијaни ми викa јел ти се свиѓa Јеленa? И јa oтпрвo oтсечнo викaм неее, пa у секундaтa ми текнa декa се другaрки и декa ќе и спoмне и се пoпрaвив сo изгoвoр декa е преубaвa aмa имaм други плaнoви Третo, декa нaучив уште пoвеќе дa ги прoценувaм луѓетo. Ствaрнo ми изгледaше мнoгу сaмoбендисaнa, преoкупирaнa сo убaвинaтa, a имaше бaрем 5 пoубaви oд неa и сaкaв дa нaпрaвaм мaл експеримент кoј шo излезе кaкo шo oчекувaв. Имaвме гoсип бoкс, aнoнимнo пишувaш мислење зa некoј и пoсле нa крaј нa денoт ги читaме пред сите и нaпишaв декa другaвa србинкa е нaјубaвaтa oд трите. Збеснa И нa крaј ептен прoдуктивен прoект сo мнoгу идеи, нaјдoбaр дoсегa, уште пoдoбрo јaвнo гoвoрење нa aнглиски, сo фенoменaлни тренери. Секoгaш е дoбрo дa се излезе oд рутинaтa кaј нaс, пaсивнoстa, дa се пaтувa мaкaр и вo сoседнa земјa и сo нетрпение гo чекaм нaредниoт пaт.
Смешно е кога ќе прочиташ некој ваков откачен твит, а уште посмешно е кога ќе видиш дека некој кој всушност би требало да се пронајде во него го има лајкнато истиот, во убедување дека не е во таа категорија на луѓе за кои е напишан.
Први декември. Почеток на еден месец, на последното одбројување до еден календарски нов почеток, можеби и денот за првиот снешко за едно мало детенце и првото ангелче во снегот, денот кога се китат елките... Толку многу значења. Да не го заборавиме најважното Нема многу да пишувам, како и секоја друга година, само да го споменам. За среќа секоја наредна генерација е поинформирана од предходната и не е веќе табу да се говори на таа тема.
Тројца колеги ме разочараа, за рок од некој месец. Е ти да ги сметаш за другари, еден од нив за брат, а тој да ти имал задни намери, да те гледа со поинакви очи. Чуда од луѓе и таа слабо верував во луѓе, сега па ич. Инаку обожавам зима, абе зимско дете Сакам само многу снег да има, го обожавам периодот пред Нова Година, тоа чуство, таа среќа, после Бадник, Божик, роденденот, милина од месец Јануари ми е Се радувам како мало дете овој период. Знам многу сакаат лето, ама јас обратна сум многу ја сакам зимата
Се извинувам за негативната енергија, но ми лежеше на срце навистина. Кој не сака да чита во темава за ситуацијата на форумов, нека не отвара. Спојлер На фемина сум 4 години и се почитувам со 95% од членовите, дури и со тие што не се согласувам со нив - секогаш се трудам да вратам на културно ниво без лични навреди, а тоа што од другата страна преминува во лични навреди се трудам да го игнорирам. Но, колку и да сум толерантна и ја гледам само позитивната страна, мнозинстовото членови од кои учам и се восхитувам - ова вчера навистина ја прели чашата. Никогаш не сум била виртуелно толку ниско и длабоко навредена... да, искрено кажувам дека сум навредена, а тие што со години се членки на форумов секојдневно и не ги допира ништо - им се восхитувам и слободно нека ми се изнасмеат на постов. Форумов е достигнат до точка на неповратност, тоа е очигледно и од квалитетните, толерантни членови навистина зрели за на форум што си испозаминаа (една од нив ми пиша ЛП денеска и ми го разубави денот, ако го чита по некој случај и ова - огромен поздрав полн со почит до неа ). Нека продолжат 3-4 членки тука да се газат од смеење на троловски морбидни теми, да се тапшаат по рамо и нека им дозволат и понатаму да ги истребат со крајни провокации и омаловажувања сите со различно мислење од нив. Нека им дозволат да им ја одземат секоја желба за дискусија на сите квалитетни членови со отворен ум што не се фанатични верници од нивната религија. Затоа што, ете во таа насока иде форумов. Можеби и ова ќе биде за некого патетично и драматизирање, иако ќе напоменам дека не велам оти ќе си заминам од форумот - само ќе се потрудам да се оддалечам и барем некое време да пишувам што помалку мислења, и тоа и тие ќе бидат само фотографии и по нешто општо ако сум инспирирана. А за сериозна дискусија - и на подолго време ќе се потрудам да не се вклучувам воопшто во таква.
СДК спецке ај не се замарај со оние празни души кои единствено место за истакнување и лечење комплекси им е фемина..Ти барем не си за така, пишувај си и немора да читаш многу, јас така правам, многу ретко читам мислења.
Немој да си се тргнала, како можеш да пишиш дека помалку ќе пишуваш? Поради она сношти? Те молам да те не прочитам веќе дека ќе се оддалечиш , ако друг не сака да те чита,не мора. Има членки исто како и јас што сакаме да те читаме. Те молам значи Немој поради други циркузанти да се повлекуваш, биди присутна како што си секој ден
Децата се второто име на Љубовта. Ве сакам кога се смеете со вашите милозвучни гласчиња, кога ме гушкате и шлапкате со лепливите рачиња викајќи на глас "Те сакаме". Се топам од милина секој пат кога ќе ви ги видам очињата како ви светкаат, кога сте од нешто одушевени. Уживам во вашите прашања и заклучоци, на вашите истражувања околу светот и односот околу нас. Кога ќе ме прашате "Зошто месечината не прати или кој е побрз хеликоптерот или авионот?", кога неможете да го дочекате одговорот па и се пуштате на својата имагинација, таа да ве води. Вие сте моите дечиња. Сте ме избрале баш мене, да бидам ваша мајка. Никогаш нема да можам доволно да ви заблагодарам за тоа. Тоа, сознавање ме прави да се чувствувам посебна, сакана , мојот живот има некоја подлабока и позначајна смисла. Малку е да кажам дека сум почастена што сте баш вие двајца мои. Понекогаш ме загрижува мислата дека нема да можам доволно да ве сакам. Пребргу растете, често сум уморна а вие мали и темпераментни, драгоцените моменти ни одминуваат неосетно. Дури сега жалам за некои ситуации кои не сум успееала да ги осетам во сржта на своето битие, сум ги пуштила да ми се отргнат неосетно од раце. Кога сте паѓале а јас не сум ве утешила, кога сум викала а била отсутна, нервозна поради нередот и непослушност, што сум очекувала повеќе а давала помалку. Среќна сум што растете во доби и чувствителни деца, што сте свои и неуморни.Среќна сум на вашиот татко на кога се угледувате, кого го сакате посебно на свој начин, што личите на него со неговата убавина која ви ја дарил. Вашите детски рачиња еден ден ќе бидат раце на возрасни луѓе, сакам со нив несебично да ги гушкате саканите, да не ја криете нежноста. Да љубите и сакате со целото срце зошто сте од љубов створени. Да кажувате извини и благодарам зошто ние така ве учевме. Да поштувате, да се трудите, да станете после секој пад, први да подадете рака на другиот. Да бидете светло на нашите животи. Поради вас сме подобри луѓе, поради вас раните помалку болат, поради вас одиме со подкренати глави. Длабоко и јако секогаш сме поврзани. Додека ве учиме, тешиме, лечиме, ја болуваме секоја ваша болка и стравуваме наместо вас, додека сакаме да ве заштитиме од суровиот свет и припремиме за самостален живот, ние ви даваме се што имаме и повеќе од самите што сме добиле. Затоа сте вие нашето второ име на љубовта
Ниту една политичка партија нема да ни помогне кога ќе се најдеме во неволја. Луѓе, само ние меѓусебе можеме да си помогнеме тогаш кога ни е најпотребно. Зошто дозволувате да имате омраза едни кон други затоа што едните се од онаа, а другите од друга партија? Зарем по тоа ги цените луѓето денес? И јас и вие знаеме дека оние „големите“ луѓе си имаат обезбеден живот за десет генерации, додека вие меѓусебе очи си вадите. Човештвото отиде во неповрат.
Hello Decembar * You are the last one so be the best one !! * Уживам со кафенце во првиот ден од најубавиот месец во годината, надвор студи ама во душата топло ми е
Епа драги луѓе, сакам да ви објаснам што беше тоа вчера... Кој како сакал ме доживеал, сеедно. Не сум присутна на форумов премногу често , тепам време ,ама ко ќе дојдам (повикана) други паѓаат у "депресии" од мене зошто прават работи забранети на фотумов. Апел до сите , пазете каде и што пишувате. Избегнувајте некои деликатни теми како : свекрви, брачни проблеми, неверства и сл. зошто овде ништо не е анонимно. А уствари и да ве чита свектвата , ништо страшно Има така некои членчиња си душкат по приватност, си го осетив на своја кожа, само што јас немав потреба да навлагам во тие теми, па сега пробуваат и по мои пријатели да дознаеле нешто за мене Ниско паднав , да. Не сакам да се расправам, осеќам таков негативен набој овде што мислам и една година ми беше премногу. Влегов тука доста наивно . За памет де Лекција и од тука. Појма немав како функционираат форуми, сега знам и доста е.