1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Две испишавме, сега и трета начнуваме, аирлија нека е.
    Не дека којзнае што ќе кажеме или имавме да кажеме нејсе...
    Следната предлагам да се вика НЕ САКАМ да кажам, да разбиеме малку монотонија, не?
     
    На Doryana, SparkyAngel, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  2. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Аирлија нова темичка, само убави работи да се пишуваат. :D
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Јас сум од оние типови на луѓе,кои кога ќе го догледаат филмот,муе тешко да се вратат во реалноста ..
    Па така еден час до два,уште се замислувам како извршувам некоја многу битна и динамична акција.
    Toa e од страна на акциони жанрови.
    Не дај боже филмот да е љубовен,два часа ќе си мислам дека сум во прекрасна љубовна бајка.
    Тоа во некој случај е добро.
    За миг можам да излезам од оној мој вистински филм кој го живеам.
    Особено во вакви периоди,кога кристално јасно можам да увидам дека
    Животот не е панорамска слика,туку пат кој често оди по угорница...
     
    На Doryana, iloveyou29, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да се мотивираме за тешкиот ден кој следи...
    Пушчајте среќа и молете се да биде се како што треба.
    Ви ветувам дека првите милиони ќе ги поделам со вас!!!
    А да знаете...сама секогаш си ставам сопки, сладок ми е успехот дури е тивок. Кога ќе стане гласен, се повлекувам и се срамам, се шиканирам и кријам.
    Што жена ќе бев...
     
    На Doryana, Neytiri, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Научете се тие огромни сликишта во спојлер да ги ставате, скролај скролај крај нема, па ко ќе видам дека некој цитирал почнувам и со очи да скролам од мака. Ама стварно.
     
    На Neytiri, SparkyAngel, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Не ми се верува вежбав у 2 саат сабајле,бог да чува!
    Досадна сум кога ќе почнам да се преокупирам со нешто.Оток!

    И јас како Лилит не само што не знам да се носам со успехот, бетер.Подобро ми е кога ќе направам некој х и ќе си се казнам тродупло :D
    Пушти бриѓе на весљје(или како и да е,појма немам од српски)
    Ах,камо да можев!
    :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=nsSvvAPcODQ
     
    На Caci55 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Врвот на несреденост кај една жена ми е кога косата цела недела не ја измила, зејтин и тече од што и е мрсна ама важно се зацементирала во фацата со едно 3 кила пудра, туш, сенка, маскара трислојна, зошто да ја брише кога утре врз таа денешната ќе си шлакне уште толку и си мисли ете најубава е.
    Среденост бре жени, не е тука до тоа колку слоја пудра ќе ставиш и кармин, се додека косата ти смрди на километар и додека ја миеш водата станува црна, верувај ми дека најмалку важна е шминката, нема да го прикрие она кое што прво си требала да го средиш.
    Или пак кога ќе видам несредени нокти ми иде да си бљуцнам луѓенца. Изедни, излупени, со разноразни материи и остатоци под нив, како ли може да живеат такви несредени и да седнат со тие раце на маса да јадат. И недозволиво ми е во било кој период од годината ноктите на нозе да не се убаво средени и налакирани. Сериозно ви кажувам дека некои надворешни карактеристики кај една девојка ми се пресудни за формирањето на сликата која што ја имам за неа. Не зборам за убавина, ниту за облека, секој со својот вкус и своите можности, ама да се средиме, епа тоа го можеме сите. Кожата ми се ежи кога ќе седнам во автобус и до мене некоја пубертетлика се шлапа по лице со пудрата зошто дома немала време да се нашминка. На место каде што најмногу бактерии има она запнала пудри и креми да става. |(
    Некако во последно време се повеќе несредни жени гледам. И покрај благодетите на денешново време, ако не друго барем сите имаме вода да се избањаме и грицкалка за нокти, само што за некои очигледно тоа време уште не дошло. Ахх бре женишта!
     
    На Doryana, SV1911, rose60 и 28 други им се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Доказ дека не е злато се што сјае. ;) Џабе драж и лепота ако се има трул карактер. Во овој случај џабе бел ангелски лик од пудрата ако косата е смрдлива... евентуално и ноктите црни. :D
     
    На Doryana и manja666 им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Не знам како вие стоите со клучевите.Клуч од капија ,клуч од влезна врата,клуч од ковчеже со накит,клуч од соба,клуч од душата...Позната сум по тоа дека ги губам,или толку добро ги сокривам што ни јас не можам да ги најдам.Со оние вистински клучеви и ќе се снајдам ,не можам со оној од душата.Зашто секогаш се барам себе,да си бидам и извор и влив,да бидам еднаш цела спокојна и среќна.
    И да престанам да чувствувам болка...поради се.Поради немоќта да направам нешто на овие години,поради сликата од сношти од неговото тело склупчено на троседот како мало дете,неговата слабост и нивната несериозност.
    Но и покрај се,животот е убав!Совршен не,никако.
    Ама добар и благословен.
    Јас сум таа која е погрешна во него,како покрив кој прокиснува,како саат што отчукува наназад,како капија која не можеш да ја затвориш.Маж ми вика дека некогаш како бесно куче се цимам сакам да го откинам ланецов со кој сум врзана,и да побегнам во некој кафез кој постои само за мене.Кафез кој е заклучен ,во кој ништо не се менува и е само мој.И клучот е кај мене.Ама не,се се менува.Се менувам и јас.Ми тежат мисливе,како камен.Ми се случува да ,нешто одвреме навреме ми шепне дека се ќе биде добро,да ме напуштаат тешките и сиви мисли,и тогаш гледам колку е се околу мене топло,ведро и шарено,и уште колкав пат ми стои пред нозеве кој морам да го поминам пред да побарам помилување и спасување.
    Си го гледам постов и се прашувам како ова излегува од мене.Што е тоа што ме тера да копам во себе.Ми помина времето кога ги гледав другите и нивното однесување.Бев како и другите слиена во таа маса,гледајќи колку луѓето се несовршени,површни,завидливи.Сега не ги гледам,гледам во себе.Дали тоа доаѓа со годиниве?Можеби и местото на постот не му е тука,можеби треба да отворам тема со околу и над 40 години?Можеби треба...
     
    На Doryana, Glasna, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Денов штотуку започна, а едвај чекам да заврши. Нека дојде 16 часот и да ме нема другарче...

    За викендов, имам многу планови, и сите ме засегаат мене лично. Момент на себичност. Морам да си посветам повеќе време на себе, а сабота е совршен ден за тоа. На недела не се потпирам многу многу, зошто често знае да биде доста депресивна и мачна, без оглед на тоа што е создадена за излежување, после убавиот миризлив и сочен неделен ручек. Настрана тоа што џиџимиџарниците не работат :D

    Деновиве сум хаотична, и многу ми смета тоа. Случувањата паралелно од мојот приватен и таканаречен професионален живот одат од крајност во крајност. Среќа, си ја знае работата, па знае како да ме опушти 8) :lol:

    Знаев дека делот кога обврските, одговорностите и борбата за себе и за своето место и углед покрај глутница безобразници, ситни огорчени души со зачини на малограѓанштина кои пласираат префинетост, сестраност, искуство и познавања од многу области ќе почнат навистина многу да тежат, нешто ќе попушти некаде. Се трудам од петни жили и покрај се, кога ќе го поминам куќниот праг, пред влезот да ги оставам сите негативности. Не им замерувам и на моите, и тие имаат свои проблеми кои си носат своја тежина, но се чини дека со текот на годините, трпението им попушта. Моментот кога секој се натпреварува во -„ Тебе ти е тешко, а тек мене како ми е да знаеш не си свесен/свесна!?“- прави да се чувствувам многу мало, како да немам право да се пожалам и да си ги кажам маките. А не се жалам на редовна база. Ве сакам, но посакувам да почнете да ме разбирате од поглед на, да речеме, возрасна личност која се соочува со доста сериозни проблеми и предизвици за нејзино искуство, и за нејзина возраст, кога сите останати размислуваат што да прават кога ќе станат во 10 часот изутрина, и дали има некоја промоција во барот вечер.
    Би сакала да имам повеќе време да му посветам на моето братче. Му требам, навистина, многу, и како постара сестра, како некој кој знае како функционираат тие денес, како некој кој ќе го насочи подобро гледано низ неговите очи, да му укажам каде да посвети внимание а каде да им „пушти вода„ на нашите кои минат низ втора младост. Денес одам дома и го гњавам од гушкање и бацување, ако има 13 години и веќе не е по тие работи.

    Од друштвото ми велат-блазе си ти, ги има и тие што завидуваат но не е за замерка. Имаш можност да изградиш солидна кариера и си на место кое ветува напредок, тоа е неизбежно. Голем залак, кој мора да се изџвака пред да се голтне. Се надевам дека во процесот нема да останам без заби.

    Паузата помина. Имајте убав ден :*
     
    На Doryana, dzejdzej, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Знам дека замарам со мислењава мои за здравје
    ама со оглед на моменталните случувања на работа
    и разни болештини на колешките
    само тоа ми е најважно......
    ЗДРАВЈЕ БОЖЕ НИШТО ДРУГО НЕ ТРЕБА.....
     
    На mizerija и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.259
    Пол:
    Женски
    Знам дека ме виде,сакаш нешто да ми кажеш..ама биди машкото и збори.Не се преправај во нешто што не си,сите се сменија па дури и јас и ти.Немора ова вака да биде ако зборуваш,со погледи неможе да се разбереме! :!: :!:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Ме фатила некоја мрза луѓе, абе од кревет не ми се станува.
    Обврски, учење, еден куп а јас немам сила за ништо, буквално за ништо !
    Станав во 8 со цел да учам, аха бидна и тоа |(
    Дремам како гуска пред книгата со кафе во рака и мислите ми се секаде, само не во тоа што треба да го учам.
    Многу ги мразам ваквите денови. Се чувствувам како паразит .
    И сега не ми се оди во школо, туку ми се спие. Ужасно многу !
    Преуморна сум ,а и самата незнам од што.
    Период е , ќе помине , нели? :(
     
    На Doryana, SparkyAngel, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Лелелеееееее јас сум направила две години дружење со фемина на 10.01 и сум заборавила. Пу! Како не ми е срам! Како и да е. Нека ми се множат :lol: :party: :l:
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Сре4ен ден е кога ќе си го видиш симпатијата неочекувано, а не си со мрсна коса. :wasntme:
     
    На чупето*, Doryana, dzejdzej и 3 други им се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Нова СДК имаме...
    Ај, за почеток, СКД убаво се чувствувам денес.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Утре е најважниот ден во мојот живот досега.01.02.2008 :inlove:
    Ден кога станав сестра на едно,мало,мило,слатко братче,кое што многу ме сака. :inlove:
    Кога го видов за првпат какво е,некако беше многу гадно,реков натажено ова грозно нешто ми е брат? :^) Тргнете ми го не сакам ваков брат,а мама ми кажува само што се родило ова-она јас ни два ни три избегав,па ме бараа низ болница кај сум отишла. :rofl:
    И после стана многу убав,ама тогаш дека тукушто роден и затоа беше таков. :lol:
    Не ми се верува дека поминаа цели 6години од тогаш. :o
    Брат ми сега е прваче,утре му е роденден и прави 6години,а јас кога добив братче имав 6години.
    Како толку брзо помина времево? :o
    Среќен нека ти е роденденот,брате мој.Многу те сака дада,да знаеш и животот би го дала за тебе.Мило мое,душиче. :inlove: :*
     
    На Doryana, Valerin, SparkyAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Их,петок.
    Изненаден тест математика,but who cares.Ранец оставен,сега ќе одам малку да шетам,па за вечер уште не се знае.
    Како и да е,морав и ја еден пост у новава СДК..
    Имајте убав ден и викенд. :hug:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Пак разочарување со огласиве за работа!
    Никој не сака старо железо како мене!
    На крајот ќе отидам у п.м. да чистам улици од снег![​IMG]
     
  20. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    120
    СДК дека пред 2 месеци и еден ден станав мама на едно прекрасно синче. :)
    Колку брзо лета времето, како вчера да го видов за прв пат :) а вчера направи 2 месеци. :)
    Биди ми здраво и живо 100 години мило мое :* :inlove:
     
    На Xana1318, Doryana, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.