Јас и мајка ми не сме да не пушти човек по бутици. Мислам дека никогаш никој не може да ја замени. Излагаме по едно, завршуваме со шопинг и така секое излагање. Туку друго ми беше муабетот... луѓе што ми е?????? Што ми се дешава?!?!?! Се утепувам од плачење на крисмас реклами.. не сум во пмс иначе... Многу сум се разнежнила... шта ме ово снаџе људи моји?!?! Не сум нормална!
Зборовите во нашите усти прават исто толку штета, колку и нашите стапала во тревата. Но, истото го прави и нашето молчење!
Како не' нагазија настинкиве, расположението драстично ми менува амплитуда ... среќавам еден познанк денес и ми вика, не се сите мажи евтини Аутлук аха не се хахха дај боже да не се, надежта никогаш не умира, така он вика.
Никогаш не сум ја сакала фразата Кога една врата се затвора, друга се отвара. Некако, ми личи само на трошка утеха дека кога нема да успееме во едно, Универзумот по дифолт ќе ни надомести со нешто друго. Не дека се сметам себеси за песимист, ама мислам дека ваквото мое размислување е резултат на тоа што долго време не гледав ни врати, ни прозори. Само ѕидови. Пред некое време налетав на овој цитат... ... и сфатив дека она големо разочарување што го доживеав пред скоро една година, ме натера да го сменам правецот на движење, а тоа ми донесе нешто многу поубаво. Пред скоро една година бев дојдена до солзи, од пуста мака, затоа што немаше нешто кое во тој момент го посакував повеќе. А бев толку многу блиску за да го освојам... Многу, многу блиску! За малку ми се лизна од раце... Никогаш не мислев дека ќе си речам: Па, подобро што не се случи. Тоа што ми се затвори тој пат, ме присили да тргнам по друг. Никогаш не очекував дека ќе биде милион пати подобар. И што е најважно - чувствувам дека сум на вистинскиот.
Еднаш ми се расправаше и мупишав порака на еден изгубен демек неразрешен случај и такаааа.... три недели си се расправам, а иницијатор сум за кавги секогаш. Кој паѓа на провокација секогаш ќе паѓа
Денес дознав дека починал еден познаник, постар човек- 82 години. Човекот беше прекрасен, со големо срце, голем човек. Пред два дена го видов, дојде да не посети на работното место.. Секогаш кога ќе го видев си мислев.. алал да му е.. колку здраво и витално изгледа.. Денес... шок... Бев вечерва кај баба ми и дедо ми да ги гушнам и да ги потсетам колку ги сакам и колку ми значат.
Од денес си имам ново најдобро другарче, Дамјан што има само 4 години, а ми го освои срцето за 4 секунди. Најјак борец си ти душичке. Не може ни да зборува, ни да слуша, ама затоа е најпозитивното мало човече што некогаш сум го запознала. Ведро, храбро, мало војниче. Додека сите останати деца беснеат по играчки, кукли и коли, Дамјан на сите околу себе им подарува само искрена насмевка. Сина коса, сини очи, црвени обравчиња, весели очиња... Сака да се задева и да си игра ко секое детенце на таа возраст. СУм немала прилика да запознам толку мало човече со таков проблем, ама сега сфатив колку храбри се тие дечиња, а и цело нивно семејство. Се обидуваше да ми каже нешто правејќи знаци со рачињата ама не го разбирав, па мајка му ми преведуваше...во еден момент не можев да издржам па се завртив настрана пошто очите со солзи ми се наполнија...тие малечки рачиња, тие нежни и искрени очи... Не, не ги сожалувам туку им се возхитувам...и нему, и на цело негово семејство, а и на сите други останати дечиња со такви проблеми. Најхрабри душички сте вие. Дамјанче, се надевам следен пат кога ќе се видиме ќе бидеш многу подобро. Биди ми само здрав и жив.
Не се секирајте, на Пазар3 и сличните пуштив оглас: "Под хитно се бара искусен свештеник, од подрачјето на Свирипичино, за вршење егзорцизам на форум", цена небитна, ќе плати Михајло Ситуацијата левел 2000: Гасете Интернет!
Помнам во времето кога Шеќеринска во предизборна кампања ветила дека во секое семејство ќе има по еден вработен, така и било.Си го оддржала зборот, голем дел беа отпуштени од работа, се затворија фирми, ветување си е ветување а секое се исполнува на овој или на оној начин. @Summerlover отвори соодветна тема, да се направи список да се преброиме колку не има. Лекот бил пет пари ама треба некој да го знае и да се сети да ти каже каде лежи зајакот.
Вчера отидов по фармерки на настан кај што сите беа во фустани и штикли. Се шетав наоколу со став „дечки не ме гледајте, никој не ми кажа дека треба да бидам фенси“. Ко да не изгледам доволно младо, треба и на формални настани да идам облечена како рапер. Супер.
@crimson Одма те замислувам Кримке, сори Пошто вака си од ретките sarcasm buddies, што сакам да ги читам, дури и фацата ти ја замислувам А рапер кога се споменува, се ми текнува на Ејнџл (а и она исто сарказам експерт) кога раскажуваше како еднаш се шетале со нејзиниот дечко и неколку Ромчиња му се нарфлиле да се сликаат со него оти им личел на Тупак, а вели: A тој бел како сирење На тие некои кратки, а слатки форумски приказни кога ми текне, на сред бел ден, ми е врв п.с Се јави еден свештеник, но со оглед на ситуацијата, ќе чекам бројка тим да се оформи, пошто нешто појако треба Плус, ќе бидат првите свештеници со пендраци
Очекував денес на форумов да има клише постови од типот „Декември биди добар, добредојде Декември, ех кај замина годинава, уште еден месец остана, брррр ладно“ Али ова жустро ептен било бе, изненаџена сам.
@Sanjichka007 Пфф, помина времето Сани колешке на тие сликички за добредојте на месеците, ту мејнстрим им било Феминките сакале нешто по хардкор Туку, СДК Некако пред некој ден пројавив голема желба, со нетрпение го чекав она при-Крисмас време, украсување на елка и започнување на празничното расположение. Ама некако, ми се чини дур да стаса тој момент и елка и мачка, се по ред ќе биде отишла да доџе Може треба да се впуштам на купување подароци, па да се вратам на лентата, инаку не ја бидува нешто
За два дена ќе го славиме првиот роденден на најсаканото мое бебе(внука ми де) иако не е веќе "дотолку бебе" мене фора ми е до 1 година децата да ги сметам за бебиња,и со внук ми беше исто Се е подготвено,ќе славиме во игротека. За подарок се мислев што да биде,бидејќи има буквално се,ама сакав да се разликувам од другите,на внуците секогаш им подарувам нешто уникатно и различно,без разлика дали има повод за тоа,јас секоја заштеда ја трошам на нив,бидејќи немам свои деца,но пред се од огромна љубов кон нив (не да се фалам ова ) Овојпат се одлучив за колаж со слики од раѓање па до 1 година,урамено во голема стаклена рамка,и ќе има текст на сликите опишано нејзина тежина,должина и датум и час на раѓање,ќе пишува во сантиметри колку должина љубов и среќа била,за нас кога дојде на овај бел свет..нешто во овај стил ќе биде де. Знам дека ме разбирате што сакам да ви доловам