Патем на фб штотуку го прочитав ова па сакав да го споделам овде Драги сине/ќерко Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш. Ако се накапам додека јадам, и ако сам неможам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на сатите кои ги поминав додека јас не те научив на тоа. И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав да ти ги повторувам истите работи по сто пати. И ако не сакам да се мијам и капам, немој да ми се смееш и да ме вреѓаш. Сети се како јас морав да те молам и да измислувам илјада причини за да успеам да те искапам тебе. Кога ќе видиш колку не ја познавам новата технологија, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот. Ако некогаш во разговорот ја изгубам мислата, дај ми малку време за да се потсетам и ако не успеам во тоа, немој да се лутиш. Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку тоа да сум со тебе и да знаеш да ме слушаш. Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна. Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како што јас тебе ти ја подавав кога прв пат проодуваше. И ако ти кажам дека сакам да умрам, не сакам да живеам, не лути се. Еден ден ќе ме разбереш. Еден ден ќе сватиш, дека и покрај сите мои направени грешки, ти посакував само најдобро, те сакав и пробав да те подготвам за понатамошниот живот. Немој да бидеш тажен, не се лути и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и да ми помогнеш, онака како што јас тебе ти помагав кога почна да живееш.
Има денови кога празните муабети ми ја цицаат енергијата и ми го убиваат трпението. Особено од едни исти луѓе. Толку проѕирно плитки. П.С Се извинувам за фрустрацијата во пмс сум.
Ајде ќе си легнеме заедно... Спојлер ти во твојот кревет дома, јас во мојот кревет дома Спојлер да не помисли погрешно аудиториумот на фемина Фул се согласувам слатка ко бонбона. Тоа е тоа што да правиш... нови луѓе и нова енергија е чарето. Не се слушаат едни исти излитени фрази секој ден.
Чувството кога се будиш од прекрасен сон... Ама реалноста ти е уште поубава, и рипаш од кревет полна со енергија, иако си спиела само три часа. И насмевка чија причина љубоморно ја чуваш. Добро утро!
Рано утрово дојде, се пикна до мене под јорган, ми се насмеа и почна да ме тегне да станам. Уште мамурна во сонот, наежена од студот и со полузатворени очи го прекорив, спиј уште малку, молчи, ќе го разбудиш брат ти... За кратко ме разоружа со своите мили очиња, станавме заедно и рече - види, знам сам да се облекувам. Ми се заблагодари за чашата млеко. Ми направи таков муабет кој ме натера да го загледам и да си признаам, дека детенцето кое до скоро се бореше со брат му за да цица веќе порасна. Моето бебе порасна. Ме погали на образ пред да замине во градинка и ми рече "мамо, колку си убава"! Порасна...
Кога ќе чуеш дека некој себе си се нарекува ,,внимателен,, тоа значи дека е кукавица Оној кој себе се нарекува ,,штедлив, економ,, знај дека е скржавец
Не верувам дека сум единствена, но сум меѓу тие поретките што наместо да кажат ,,Декември, биди добар кон мене" или ,, Декември, донеси ми нешто убаво", тие велат ,, Декември, јас самата ќе направам да бидеш убав за мене". Бидејќи, ништо нема од небо да ни падне (освен дожд и снег), ништо не иде само по себе, туку ние треба да се потрудиме да ни биде убаво и убави нешта да ни се случат.
Не генерализирај мор. Штедлив може е и сиромашен, а внимателен може да е сервилен и добар. А може и да е влав, на свој рачун да се чепнам. Ќе го уништиш форумов. Јао...како све е поврзано. Тоа сакам денес да се начудам. И денес како ми се пцуе...
35 гoдишен мaкедoнец убил фрaнцуски држaвјaнин вo Австрaлијa. 20 гoдишен мaкедoнец гo убил свoјoт другaр сo пиштoл истo вo Австрaлијa. Абе вие тaму идете дa зaрaбoтите пaрче леб или дa прaвите пустoш? Мaкедoнијa вечнa!