Колку пати да каже човек дека е добро, дека ужива во мир, тишина и самотија не му верувај, секој сака некој покрај себе, па дури и маченце ќе се тутка во тебе, ќе се гали за трошка внимание
Напредок е кога повеќе не чувствуваш омраза кон оние што те повредиле. Простувањето е ослободување од товарот наречен бес. Јас повторно знам што е слобода. Пак можам да летам. А вие?
Ви се случува да ве поздрави некој на поминување а вие појма немате кој е во моментов? Мене многу често, помтам лица ама имиња тешко. Најинтересното нешто е што бидејки постојано сум опкружена со луѓе, ги има од различни места и со различни интереси, многу често не можам да се сетам кој е дотичниот што ме поздравува. Работам на организациски работи, имам луѓе од секакви бранши, па згора на се кога ќе ги додадам оние од вежбање или другари на другарите со кои сум излегла 2-3 пати, кај е крајот. Денес пример на вежбање ме поздрави еден дечко и ми сврте рандом муабет, а јас останав цел пат до дома да се мислам кој беше, дали сме вежбале заедно или пак се знаеме од друго место. А познато изгледа, сум седела некаде со дечково, гарант.
Дали ќе се чувствувам како таму да припаѓам? Но, тоа зависи од мене и сега одлучувам дека ќе живеаам во моментот, тогаш и таму, и нема на никого да дозволам да го промени тоа освен самата јас.
Κонечно малκу одмоρ. Два дена ќе уживам дома. Ми недостига фоρумов, а немам баш многу вρеме да бидам аκтивна. Ја повиκувам мојата дρага виρтуелна пρијателκа/сопеρничκа @fallenangel да ми се пρидρужи во Фоρумсκите игρи.
Мразам клише фрази, ама оваа ми се појави во вистинско време: "И храбрите се плашат! Но, храбрите не дозволуваат тие стравови да ги сопрат. " Не се вклучувам во храбри, но секојдневно молам за храброст и мудрост да ги исправам работите за кои не бев доволно храбра.
Во ниедно време од ноќта се смеам како луда сама со себе на дешавки од минатото, поточно на почетоците на испаѓање со поголемо друштво, а легнав да со намера да заспијам. Ви спомнав дека имав еден позитивно налудничав другар (не дека ја бев нешто поарна од него ) кој ме брукаше пред бившиот, кој во тоа време ми беше само симпатија. Се глупиравме од забава, без капка алкохол. Ни се има десено така во дискотека да ни стане досадно оти еден ист пеач ги пееше своите 10 песни по стопати па да почнеме додека е гласна музиката да викаме вратите ни ги парите,цела среќа никој не не слушаше нас.Се има случено и да ја пееме една бугарска песна зевзек или како и да беше и ја игравме, а пеачот на чиј концерт сме си пее нешто сосема трето.На испраќање до дома нон стоп пеевме песни, се случи и пред зграда кај симпатијата на другарот, а некогаш ќе не затекнеше и бившиот како пееме за добра ноќ и тоа на зезанција песната од Благица Павловска ЦЕЛО СКОПЈЕ или како и да беше. Помнам еднаш дојде еден пар во дискотеката кој танцуваше повеќе од перверзносо лижење, пофаќање, ние им се смеевмеи им пеевме цело село шмрче бело, си правевме ружи од салветки и авиончиња при крај кога веќе ни стануваше досадно. Има уште многу дешавки ама за тоа друг пат, за вечер овој дел за кој се смеам како луда.Поминати се повеќе години од тогаш, секој е по свој пат најбитно позрелибез вакви испади. Во тоа време бевме посреќни, послободни, поубаво си миневме, излегувавме да видиме симпатии, да пееме, да играме, да се забавуваме, да се шегуваме. Иако ретко излегувам забележувам дека забавата и доживувањето не се исти, сега сите се излезени за да се тагнат, да се сликаат, да бидат видени, да ги чести некој, да се плеснат да не речам ама реков.Во секој случај ова погоре не е ниту тагнато на фб, инстаграм, нешто е сликано ама не е објавеноуште тоа му било мајкатаама ете остананало во срцево и во сеќавање на моите мозочни ќелии дури седум/осум години подоцна и најбитно ми предизвикува насмевка, колку и да сме биле налудничави сме биле посреќни без алкохол, без толку многу пари и сл. Добра ноќ@SummerGirl ќе те дружам во игрите, ама вечерва немозокот не ми е програмиран вечерва за игри.Заминав да спијам ако е тоа некако можно од моиве мисли, спомени, сеќавања, анализирања и што ти не.
Моментот кога гледаш дека во автобус влегуваат 6 циганчиња надувани до немај каде, па со брзина на светлината криеш телефон и ја стегаш рачката од ташната за недај Боже.. Башка мислам дека и јас им попримив од тоа дрогата, пошто лепак + 20 степени парно + лукче/кромитче = коматозна состојба. И да ве предупредам, пазете во 2,12.. и сличните автобуси, најнова глупост на браќава е фрлање петарди. Сабајлево го искусив, среќа што бев на врата па имав време да реагирам.
Сдк си сварив едно туркиш кафенце, си изгасив сегде светло, сама во соба, музиче, и си уживам во тишината. Што уште повеќе сакам ништо де убавини мие
Ете дојде и тој ден...03.12...Не сакав да дојде толку брзо овој датум, камо да можев да го вратам времето барем на неколку дена. Сите знаевме дека ќе заминеш, бевме подготвени и да ти купиме подароци и да те испратиме на весел начин, ама не знаевме дека вака ќе боли. Ќе ми недостигаш премногу. Не успеав да ги задржам солите. За твое добро си одиш, за да живееш во подобри услови, да имаш поквалитетен живот...ама толку далеку? Да беше низ Европа, ќе се гледавме почесто, а сега? Кога ќе доаѓаш? Еднаш на 2-3 години? Не бев свесна колку далеку си одиш, се до моментот кога се гушнавме и ми рече дека ќе ти недостига твојата луда овчичка... Овцо моја најубава, другарке најдобра, оди и освој ја Амрика...оди и израдувај го татко ти, од кога ве чека да појдете кај него....секогаш ќе ми биде овца број еден во срцето, а се надевам дека и ти нема да најдеш таму некоја црнка да ти биде подобра овца од мене, ок? п.с. Денес ми се случи најглупата и најчеста грешка што ја прави секој втор човек...влегов во погреша кола Додека другарка ми ме чекаше во нејзината кола, неколку метри зад неа имаше паркирана иста како нејзината кола...ПО темница забрзана, си отворив и си седнав напред Јас па не ни гледам кој седи, си го барам низ ташна телефонот и викам: Ајде ќе одиме? Тој некој дечко седнат, зачуден ме гледа и ми вика: Кхм...Извини? Да не погреши? Уште прв пат кога отвори уста и рече ИЗВИНИ, мене мозокот ми регистрира непознат машки глас и си помислив кога и мутирал така гласот на другарка ми? И во истите секнуди гледам како ме бара другарка ми на мобилен... Си излегов ко попарена. Зини земјо голтни ме!
Колку е чуден само животот,си поминуваш на улица и се разминуваш со личност која ти била драга во минатото,а сега сте само неми странци кои се разминуваат во толпата луѓе. Грдо е чувството..
Ко што има гладни за храна, жедни за пој... така и јас сум стрвна за сон. Кога ќе видам некој да спие а јас не сум во можност истото да го направам, ептен ми иде дремка. Ама секој пат штом видам некој како спие или одмара. Ненаситна сум. До душе, јас за многу работи сум стрвна ама тоа е друга тема на муабет. Еднаш спиев 24 часа. Се разбира со повремени 5 минутни паузи за сокче ама во глобала цел ден спиев(тоа беше на планина, имаме викендичка а бев слободна). Како функционирате со 8 часовен сон? Спојлер: once again чирс за сите мислења што останале само во нашите главиоти многу се
Уште е жива темава? Одамна ме немало тука... Јас пак се преселив.. По не знам кој пат Ја напуштив мојата сакана Данска пред една година и само посеверно одам Не сакав, ама ми се понуди топ работа која не сакав да ја пропуштам па ете, сега животот ми се сведе на куча-посо-тренинг. Го работам она што го сакам, имам одлични колеги и супер услови да напредувам во кариерата. Пак живеам сама и сингл Во последните две години само два пати сум била во Македонија, искрено многу ми недостига и би сакала да одам да ги видам моите што поскоро. Фемина ми помогна низ тежок период па ете сакав да ве поздравам