Сакам да плачам дека заедно играв со дечко ми, исто се само две убиства он поќе од мене и него му даде S мене не, а се останато исто. А јас кутра бронза меѓу златните ... заслужвам.
tolku li e tesko da mi se normalizira zivotot, srceto i umot mi se vo postojan haos, duri se naviknav na toa. uste kolku ima do krajot na tunelot?
Јас сум од оние луѓе кои имаат проблем со миење раце дури и на нервна база, оти нели бактерии, вируси, нечистотии. Но, не само после одење во ве-це или држење на пари, туку многу, многу, многу почесто. Дефинитивно повеќе од потребното. Сеуште не е преминато во нарушување, ама... Е јас, пречистата имам егзема, која се третира исклучиво со одреден маст, било кортико, било на природна база. А знаете што значи тоа? Мачкање на мастот два пати дневно, значи после појадокот уште раце немам измиено. Ручав со вилушка. Да, дури и лебот.
Судбината не настанува случајно неа ја создаваме со нашите одлуки,а потоа велиме судбина. Во животот секогаш ќе постојат нешта што сами сме ги предизвикале..
Добрата страна на тоа што сум хороскопски близнак, е што другата "јас" ми е најдобра пријателка, советник, психолог... На пример, кога сум тажна поради некој, си викам "Соземи се, никој не е толку вреден да ти ја одземе среќата". Па навлегувам подлабоко - што би добила ако бидеш со него, како ќе се чувствуваш покрај некој кој се претворал во друга личност само за да те освои? Па потоа си кажувам како всушност немам зошто да го мразам, напротив дека ми е жал што никогаш не си дозволил да почувствува љубов. Па си велам остај го, такви му се годините, а можеби и повредува други зашто некој го повредил него. И таа друга "јас", знае толку добар муабет да ми направи, да ме освести, да ме здрма, да ме натера да станам од кревет кога не сакам, да ме потсети на целите и дека сегашната ситуација не ми е крајна дестинација... Често ми кажува дека ничие мислење не ме дефинира која сум вистински, дека е важно која јас мислам дека сум и ме потсетува да бегам од луѓе кои прават да се чувствувам како да не сум доволна. Се гледа дека сум оптимист по тоа што причините за муабетите со сама себе ги барам во хороскопот, а не во шизофренијата . Да не заборавам колку пати сум си рекла - колку сум забавна, I should date myself .
Бев излезена пак на прошетка низ град, се е украсено и светкаво. Некогашните мрачни улици на градов со сиот сјај заблескал и некако ми изгледа волшебно, многу поенергично, потопло и пријатано наспрема обични денови кога не се случува ништо. Ѕирнив низ бутици, продавници ама имам змија во џебот па како и секогаш се задоволив со ситници и си купив, новогишна прекривка со елки и ликот на Дедо Мраз. За миг посакав да имам некој за кого ќе му спремам новодишно изненадување, ќе му подарам убав подарок. Меѓу другото СДК дека гледав еднооки, сладко се изнасмеав.
За да бидеш присутен во нечиј живот треба Дозвола. Од љубовник љубов,од пријател доверба,од познаник поглед... Само детето не бара дозвола. За него си одлучил сам. Одговорноста до крајот на животот е твоја. Тоа значи дека твојот приоритет во животот е таа мала и безпомошна душа. Колку и да расте,за тебе е дете,твој приоритет,твоја одлука,твоја одговорност. Ако не си спремен,не брзај.
Си велам, сакај го оној кој е тука,кој те сака,бакнувај го дури не почне да му гори кожата од твоите бакнежи,а после пак бакнувај,да му помине.Сакај ги сите.Пушти ги сите оние да си одат,по кои размислуваш,копнееш,страдаш...пушти ги,зашто ако требало да бидат со тебе,ќе бидат во твоја близина,прегратка,живот...Сакај си велам,ионака ништо не доаѓа само од себе,се сам си створуваш,само ако без прашања...сакаш.
За до продавница сум жива мрза од една причина. Зошто морам да се облекувам за до продавница, кога може по пижами комотно да се си симнам? До душа имам идено и така , ама оддамна ,дете бев 19годЕптен не ми иде капут и пижама , за нареден пат со јакна ќе искомбинирам, ако не ме мрзи.
Ме совладаа емоциите,ми фалиш секој проклет ден ми фалиш.Сакам да знам како си таму горе,стварно ли има друг свет?дали ме мислиш мамо?ахххх проклето ми фалиш.
@JollyGirl Успеа да ми украдеш насмевка хахаха Само го читам она кога си влегла во погрешна кола и оп насмевка хахахах ме изнасмеа
Добра ноќ ! Нешто добро за читање . http://www.lepotaizdravlje.rs/lifes...nara-u-dzepu-jedna-recenica-je-promenila-sve/
Расфрлувањето на рандом мисли по парче хартија треба да добие свое место во теоријата на литературата. За добра ноќ: За тебе осамената, за тебе повредената, за тебе тажната, за тебе на која ти треба утеха... Ти кажал ли некој дека треба да научиш да уживаш во осаменоста, затоа што нема секој да остане? Не, ни јас не сакам да зборувам за работите кои ме болат, и тоа е ок. Имаш право да тагуваш сам, Тој изгледа како ангел а има поглед на грешник,нели? Што правиш ти? Јас чекам.... Ако те сака, ќе дојде ли по тебе ако заминеш? Тоа што си добар нема да ти донесе ништо добро Мислиш ли на мене кога неможеш да заспиеш? Оваа болка е мојот покрив. Под него не си добредојден Оние кои најмалку зборуваат имаат најмногу што да кажат Очекуваше утеха? Човек треба да биде оставен да пати. Кога плачеш,се исплачуваш за да ти помине, Исто ти е и со болката...