Иако е викенд,фамозниот долго очекуван викенд де,и за студентите и за учениците и за работниците,едните ќе го искористат за луди журки до доцните утрински часови,а другите за одмор од напорната работна недела,само еве јас не знам во која група спаѓам,какво чекање викенд,какви бакрачи што вели Заев Хмм,искрено се натерав да размислам и да се замислам малку На журка месеци не сум била..последниов период не ми се излегува ич навечер,без воља сум и ги одбивам сите,а од друга страна сакам дечко,сакам да се омажам,а кој ќе го најдам од дома бе?!(ова го научив од Татко ми,секојдевно ми го повторува а пак Мајка ми"јас на твоите години и тебе те имав и брат ти родено" ами да де,како ќе не немаш бре жено кога си се омажила на 19 години ) Секој викенд самата себе се "канам" да излезам,и после си велам ај наредниот де... И еве ме,уште еден викенд дочекав на фемина,по моите топли омилени зимски пижами,и си јадам тиква. Всушност има една добра страна ова што сум дома,почнав да јадам тиква,и ми стана омилено сезонско овошје и верен придружник вака за на форум и слободно викајте ме тикварка вие,ем ми одговара малку и на умот,ионака во мојот град луѓето како мене ги викаат тиквари П.с Најважното не ви го кажав. Денес принцезичката на Тета си полни 1 годинка,и ја посакувам цела среќа на свет,да си слави уште 100 родендени Послужете се торта
Дали само јас си го мијам лицето со обичен сапун со ниска пх вредност и вода, и ставам само течна, па камена пудра, руж, маскара и лабело? Или што би се рекло ,, бејзик бич ,, изглед ,, , и тоа од нај ,, бејзик ,, девојките на деценијава - веѓите со маркер цртани ( иако не одговараат на секој ), муцката до под нос нацртана и линиите кои му даваат 3Д изглед на нашето веќе 3Д лице ( не знам во кое ,, Д ,, би спаѓало контурирањето, кога го гледаш во живо, а не на слика ( кое инаку се користи од секогаш, но само при фотографирање и снимање )). Не дека имам нешто против шминката во целина, туку жално ми е наметнувањето, и прифаќањето на промената на личниот опис, само да се биде поразлична, а толку иста... Толку обична, толку ,, бејзик ,,... Нема ништо ,, бејзик ,, и обично, во цртите на твоето лице, различно од секое друго, и секое со свој карактер...
Кога му ја мислиш цел ден дали да сториш нешто или не, го чекаш знакот цел ден и го добиваш на крај. Мислиш... дали беше ова за да или не. Истата минута добиваш точна информација. Прајслес. Боже, фала ти.
Си седам и размислувам... Дали недела е сеуште она што беше некогаш? -Ден за чистење по дома и бањање...
Сдк1. Одбројувам. Ситно е. Ќе љубам наскоро. Очи ќе ми се радуваат. Сдк2. Ми приоѓа детенце во продавница да му подадам чоколадо од полица која тоа не може да ја дофати. #todaywin пошто обично ја барам од вработените да ми подадат нешто од полици кои јас не можам да ги дофатам. Сдк3. Гледајќи ги митинзиве низ градовиве во земјава, ми се потврди теоријата дека битолските чупиња се најзгодни женски. (фром грлс поинт оф вју)
Понекогаш посакувам се да беше толку лесно како тоа да се здебелам, а и ова викендов стварно брзо поминува, сакам екстра ден помеѓу сабота и недела кој е за нека дигне рака !
Сдк.. Овие од FedEx да можам би ги убила.. Со кој памет бре пратка од Њујорк, оди до некое шкљ место во Калифорнија, од таму лета за Јапонија, па за Кина.. Од Кина иде до Келн ...и сега најтрагичниот дел... Од Келн оди во Париз, од Париз назад во Келн за да стигне моментално во Франкфурт... демек Келн - Франкфурт се милион км... Додека стигне во СК може ќе се прошета до Москва, Истанбул ииии...кој знае каде
@Dust I wish I was д пратка Денес, препорачано ми е филмски маратон да правам. Планирав од менито на најновите филмови, а уствари сакам како Кевин од Home Alone, во тие големите чинии за пуканки, да нафрлам мноогу сладолед со чоколатки одозгоре и да ги гледам Божиќните класици. Сакам да си го оживеам детството денес....А може некој и пакетче да ми донесе, нема да се бунам, I promise
И јас така се осеќам Ама федекс пратка, овие од дхл стигаат за ден ипол и не го вртат светот. Ич не се интересни
Сакам да кажам дека од утре сум на диета. Еве јавно, може ќе ми стане непријатно кога ќе се фатам за некоја пита уште во 9 сабајле и ќе ја оставам. Од утре, затоа што денес сум на слава.
@Dust Не знам за таа страница, ама ја откако ја открив banggood.com сум пресреќна. Се што нарачувам ми стига за околу 20тина дена, претходно со Али експрес и ибеј чекав и по 2 месеца.
Федекс и дхл се фирми за испорака, како македонски пошти ама интернационална Ок, не баш како МК пошта.. Тие ги губат пратките Документи за виза чекам, ама се мрднав од "шетање" по светот И сдк дека се прејадов.. И тоа нездрава храна..според темата на форумов