Кој ме има читано летото за психопатот од Демир Хисар да докажам сега... СЕГА ВО 1 САТОТ МИ БЕШЕ ДОЈДЕН ПРЕД ВРАТА! Слегов со трчање го прибрав кучето. Пред три дена беше дојден и со тупаници маваше по кучето, а со клоци по вратата. Излезе татко ми, излезе брат ми јас лично и персонално викнав полиција му реков дека ни го напаѓаат имотот дека ќе се направи беља И НИКОЈ НЕ ДОЈДЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА!!!!! Н И К О Ј! Една недела пред тоа, пред врата ни беше со СЕКИРА! Ако ме најди сама надвор ова време? Ако ме најди сама со Марли надвор? Со секира? Кај кој да се обратам луѓе кај КОЈ! Стварно нема смисла ова ќе излезам сама ќе го убијам нека си еби матер нека си еби. Не се живеј дома во рајат во 1 сатот сабајле да ми се тресат и раце и нозе. Да се серам и во држава и во полиција и во сите будали скапани шо живеат тука.
Не ми кажувајте дека животните се валкани и не треба да ѓушкам. Повалкано суштество од човекот не постои. Подобро да гушкам животни, отколку дволични, и злобни луѓе.
Не ми се спие. Чекам да рипне цената на јамболиите во соодветната тема, па да ги уфрлам овие на лагер што ми се. Ха! Кој би помислил дека ќе ме биде за берза.
Ааа и ти сакаш милиони да направиш преку ноќ Денес претерав на форумов, реин кога ќе ме чита косата ќе и се крене... Ако не јадам бан..анка
Ааааа уште така лесно да се заработуваа милиони уште сеа ќе уплатев нешто поскромно на Бали за нова година А не овака луксузно по дома со свеќи и јамболии Лелееее вечерва баш сафросафме што би рекла баба ми
Оди види надвор каква месечина има, да не е крива таа што вака забегани сме од кај мене не се гледа, треба да одам на другата страна на станов А да не зборам досадата колку ме утепа денес.. Спремаш НГ за со љубовта а? Пази само да не се запалите.. Мислам на свеќи+јамболии
И мене месечината ми е на другата страна од станов и ме мрзи да се поместам од дневна да ти кажам лелеееее тој па има 16 јамболии.. утре ќе споделам информација можда кај него таму и поише вредат, да се спасам со време Ми покажа слика, новогодишни декорации низ стан и јамболијата... спичлес Ти каде за нг? Ако напраам бизнис од јамболииве те зеам со мене на Бали
Само немој по карго да ги праќаш.. Уште помалку по федекс За НГ изгледа ќе си правам новогодишна забава на тросед..сама Освен ако не испланира нешто "љубовта" .. Што се занесувам, спомна дека од лани планирале да слават во Bar 54, во Хајат.. Нека си слави хаха
По карго никако Еее де прашинче, од спомнато до остварено ехееее... ко ја и потпалувањето јамболии.. Ребека ми скрши бек ап план Читам ја таму симпатишање узвратено битно ако не, ќе му се убациш ти..женски сме.. за беља родени Хахахахахахахахахахахаахах Коа нејќе нешто...нејќе и нејќе!
@Yowannty Одма би одела да знаеш Ама ако фрлам 600евра за авион, нема да ми останат за влезница.. Влезницата за НГ во 54 е слична со картата за Жељко..според МК стандард Убаво е и дома..барем ќе се наспијам Без јамболии и со отворен прозор
@Dust прачинче, Божиќ иде, период на чуда.. можеби и ќе се сменат работите па тој ќе дојде. И во право си. Убаво е и дома. И евентуално во еден конкретен момент се се мењава порано или подоцна, па ќе бидете заедно. Имај добра ноќ
Многу е убаво кога имаш некој до тебе во животот, па макар тој некој само ти бришел солени солзички кои како дождец ти ги накапуваат образите - сепак поддршка си е поддршка, па ете нека биде и морална. Би го признала и прифатила дури и „немој да плачеш“ коментарот, иако убедена сум дека никому не му успеало да смири расплакана личност со овие три збора. Едноставно не помага, или барем така е со мене; кога ми велат утешно да не плачам, ко за инает ми навира нов бран солзи. И таман си помислил дека ти се исушиле мокрите образи и очите ти се вратиле во нормала, ете ти пак нов наплив на соленила. И ај, пак (по)плачи си од душа. Мислиш ги чекал зборовиве како лозинка за активирање, па пушта славина. Не сум слабак, ама дури и најстабилните и најнекршливите луѓе понекогаш имаат лош ден. Или недела. А можеби пак месец или година... Знам дека ова последново нема да премине во фаза „живот“, затоа што за разлика од некогаш, те имам тебе. Ти си ми, исто како што и јас сум ти. И да не беше ти, немаше да бидам ни јас онака како што сум си. ...убаво било кога човек еднаш во животот се чувствува разбран од некого. Поддршката е надополнување кое неосетно си доаѓа само по себе кога некој ти значи малку повеќе од другите.
s1a1n1d1r1a1 те читам и од една страна не можам да ја обвинам личноста со психичко растројство зошто не е тој крив за неговата состојба туку државата која не се грижи за таквите личности. Од друга страна ми е мака што мора да поминувате преку вакви стресови. Го прочитав и претходниот пат кога си пишала. Таму имаш предлог како да постапиш кога се работи за пријавување на случајот. Постапи на тој начин? Собери ги сите комшии и појдете во полиција за да направите записник. Не ти препорачувам сама да го направиш тоа зошто најверојатно повторно ќе нема реакција. Ниту пак сама да собираш докази зошто сепак се работи за психички нестабилна личност. Се надевам дека ќе се превземе нешто и ќе можеш повторно слободно да си го пуштиш кучето, но што е најважно, ќе можеш повторно слободно да си одиш накај дома без страв.
Сакам во светот да владее љубовта,само така би имале убав и нормален живот.Сега живееме нездрав и ненормален живот,затоа што во светот владее омразата,љубомората и злото.
Edvaj cekam da zavrsi semestarov son da vidam kolku tolku da se naspijam aman veke si vikam aj sept pola go pomina celo okt i noemvri izdri za 3 nedeli ama ne mozam do tocka na vrienje mi e dojdeno veke
Годинава што изминува, од лоша полоша не можеше да биде. Едваj чекам да помине. Една беља сама не иде. Се надевам 2017 да биде подобрa. И нека помине оваа недела, зошто овие платено политички програми го отупеа веке. Не да имаше нешто посебно да се гледа, ама да промрчам малце Туку веке некое време, 31 декември ми е само обичен ден. Никогаш не го сфатив она купуванje нова облека само за тоj ден, фрланje на 2000 за кафана. Според мене домашната атмосфера е незаменлива. П.с рак сум У хороскоп.