Кога празници се ближат, и тие кои ги нема уште повеќе фалат... си ја немам мама, но мајка сум и сама... Еден ден ќе ме нема... ќе станам прашина... Но дотогаш, како што во првиот момент кога ве држев в прегратка ви ветив : До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС! И некогаш ќе морате да носите скината облека, но јас толку умешно ќе ја сошијам со љубов, што ќе се гордеете да носите креација на мама Некогаш ќе делите една чинија ручек ,а јас ќе ви кажам дека јадев кога вие не гледавте и да знаете, нахранета ми е душата само што ве гледам вам Кога ќе имате само едно чоколатце за сите ќе увидите само дека повкусно е кога имате со кого да го поделите А кога дедо мраз нема под елката да донесе тоа што сте порачале, не е зошто сте биле на листата на немирни деца туку зошто мама го замолила да ги донесе џемперчињата која таа ги плетела со ноќи .... Знам, ќе ви недостигаат често пати многу материјални нешта но секогаш, секогаш дури ме има, ќе имате толку многу љубов да надокнадува и впрочем, од најмали нозе да знаете што е најважното нешто во животот! На моите деца, кога ви дадов живот го пронајдов својот!!!
Немам деца, ама кога го читав постот солзи ми надојдоа, ми текнува и на мајка ми која се жртвувала за нас и секогаш гледала прво за децата да има, па за неа ако остане. Една е мајка!
Зошто, о зошто ли постојат луѓе што не мислат со своја глава туку се како сенка на нивните пријатели и кимаат со празното главче на се што тие ќе кажат?
Оној awkward момент кога на јавно место сама/на предавање/на сред прилично сериозен разговор во друштво, одеднаш ќе ти дојде на памет рандом hilarious дел од некој незаборавно откачен муабет од пред некој ден...
Не знам дали да се радувам или да плачам, ама во овие услови, ми искочи ангаржман. Не е за финансиите колку за задоволството. Сега се мислам... Кога е време за одмор, времее за одмор, ама у случајов... неодолива понуда која и про боно би ја работела без пардон, освен фарбање огради, ова е другата работа што би ја работела вака. А и на работа не е поарно, толку немам сработено у задниве години заедно мислам.
Bubale, моја братучетка отиде на матура со фустан од пердето од дневна соба, а под него чаршаф од трпезарија. Мајка и и шиеше, немаа пари за материјалче. И пак беше најубава. Денеска е професор на факултет во Белград, не асистент. ПРОФЕСОР на 32 години со докторска во Канада. На првиот одмор во БАЛИ ја однесе само мајка и.
Една е мајка! И мајчината љубов е најголемото богатство што човекот го добива во животот. Тој фустан е повреден дури од фустан кој сама Донатела би и подарила. Браво за неа!! Направила ЧОВЕК.
Господе боже,Бубале ме расплакасамо нека ни се живи и здрави а и ние со нив да си ги гледаме и да им се радуваме
Во контекст на муабетите кои денес се ,,вртат,, на +/- 40 сакав да кажам дека: Мислите не бираат каде ќе отидат. Одат таму каде што срцето ги води
Колку луѓе на светов толку судбини, секоја различна приказна, со различен почеток и крај. Кога ќе наидат тешкотии кои не можат да се променат најдобро е се да се остави во Божји раце и на негова волја.
Значи јас девојка од 22 години шест месеци убедувам мажи возрасни да одиме сите да пријавиме. Никој со прст не мрда, а децата си ги кријат дома. Нема смисла. Некој ми рече да викам брза помош во такви случаи бидејќи се води како ментално болна личност. Ќе пробам и така. Следно ќе пишам по медиуми и партиски идиоти. Сама да одам по институции ќе ме избркаат. Како што на јавување не ми идат.
Како невиден баксуз во љубовта, секогаш ја имам таа среќа да наидувам на "духови". Почнуваш да се гледаш со некој тип, се е ок, супер ви оди муабет, искачате неколку пати и оддеднаш штама. Не се јавува на телефон, не одговара на пораки, едноставно пропаѓа во земја. Па добро бе, имај муда барем кажи дека не ти одговара нешто и затвори случај. За овие машки имам само еден збор КЛОШАР (ми иде и друг збор на ум, ама ај да не бидам безобразна) Не си фраер, КЛОШАР СИ!!!!
Спуштете ги ролетните кога ќе се стемни. Знаете, кога надвор е темно а во собата е запалено светло, случајните минувачи можат да видат буквално се'. Само кажувам...
Се изнапив турски чај штетен, не штетен, дали бил јас си го сакам убав мие многу така да утре ќе си купам и за дома.
I'm back(дека долго ме немаше )! Да бев на зависник од некои тешки дроги полесно ќе се одвикнев, отколку од форумов. Од една страна ми беше ептен убаво што времето поминувајќи го тука го користев за некои други работи, од друга страна многу ми фалеа некои форумџики и дискусиите со нив.
Една чаша црвено вино на ден било убаво за крвта. Една чаша црвено вино било убаво за нервите. Една чаша црвено вино како да си бил физички активен пол сат. Значи ко така треба да испијам три чаши за да ми делува на се