Убаво ќе беше шминката да беше решение.. . А и налет тоа,не ме бива мене за шминкање. Само маскара едвај знам да ставам .
Cvetetto Како прво не постои ниту најубав ниту најгрд. Туку секој си е убав на свој начин. Господ ти ја дал таа убавина, а ти треба да го цениш тоа што го имаш. И не треба да се споредуваш со никој. Сите се убави, јас не. Тоа ќе си го избришеш од глава. Ни случајно не треба да ти текне такво нешто. Ништо нема да постигнеш ако такво нешто мислиш. Така само себеси се повредуваш. А и мислиш на другите гајле им е? Ако сам човек не си направи да му е убаво, никој нема да му направи.
Добро, не сакам да ширам негативна енергија, но стварно не можам да разберам што сакаат некои личности од форумов да кажат или јас сум глупичка или незнам што е работава. Битно е да ке каже, ама шо тоа е веќе друга приказна, и стварно мислам поради овие причини форумов да биде 18+ или барем 16+ зошто ова стварно не се трпи. Дај седни, читни некоја книга, некој филм нешто интересно и не го тупи овде секоја вечер до сто саатот. Ама дека најголема овде,ти се може.
Да не ме сфатите погрешно ова ме интересираше...кога некој ќе каже Убав си,Убава си,Слатка си,Сладок си ,на што мисли?
Не постојат грди луѓе.Туку само убави, и поубави. Прифати се каква што си,сакај се себеси,колку побрзо го сториш тоа,толку подобро.Биди убава пред се за себе,а со тоа ќе дојде и денот кога за некого ќе бидеш најубава на целиот свет.
До мене ли е или стварно се изгуби осетот за вреднување? Доста долго сум сведок како на крај на секоја драма во театар во овој извесен период, публиката станува и аплаудира. Чекај малку ...не беше тоа момент кога треба стварно да е добра драмата и да заслужи да се расфрлаат овации? Грешка сум или порано навистина имаше степенување на претставите. Не може бе секоја драма да е максимално добра, рамо до рамо со претходната. И не е. Некој нов тренд е ова со аплауз од нога? Не сме во авион кој штотуку слетал . Определувајте ја цената на работите реално, зашто некогаш може и вашиот труд некој да го изедначи со друг, минимален. Секој влог заслужува да се цени.
Ако треба да го пазам својот дечко од други боље да си оди .Таков не ми треба BTW.. Го зема една друга
А јас мислам само плачеш за внимание, не за убавина. Виде никој не и мава рецката па мораше еден ваков БУМ. Дождот ми ги уништи плановите. Остави друго, за џабе станав во 9 часот. Сега се карав со моите, нервозна сум, а и плус се пости денес па чоколадо не може да јадам да се смирам. Ама ако. Утре е мојот ден. Само да не врне дожд, или снег, или град или било што. Уште од утрото знам каков ќе ми е денот. Цел ден пред пц, надвор ќе врне, јас ќе изгледам 3/4 филмчиња, а можеби и повеќе. Среќа у несреќа е тоа што денес треба да правам торта, а е строг пост. Ќе си ги избројам влакната на косата, ќе требам ориз со боксерски ракавици.
Епа овој дождов значи не престана 2 дена Не може човек од дома да излезе,а не пак на друго место да се отиде. Денес петок Распети Петок , убаво да се отиде на црква , да се промакне под масата господова, но од овој дожд ми се иде Имајте убав ден !
Нема да те тешиме тука,не ни очекувај. Најбитен чекор кај психијатрискиот случај е прво сам да си ја признае дијагнозата. А ти си,богами,на добар пат...
Знаете оној тип на жена што,уште кога ќе ги допре нозете на замја наутро,прави гаволот да си помисли Уф,леле е‘ будна! Абе се трудиме,нема што
Ооо...па ти си тежок случај, штом ни шминка не те поправа. Се смеам Цвете. Знаеш да бидеш иритантна личност овде , но и ти си сепак едно душиче.. Не си ти грда, туку грдо е да мислиш дека си грда. Секој си е убав на свој начин, секој си има нешто посебно и уникатно на себе. Сеуште си мала, допрва ќе растиш, ќе се развиваш и оформуваш, ќе научиш да се шминкаш, да си имаш свој стил на облекување, а најбитното е да научиш да се сакаш и прифаќаш себе си. Сите ние знаеме некогаш да не се чувствуваме убаво, периоди се тоа, ќе ти помине. И верувам дека си многу поубава од што мислиш !
Убавина. Што е тоа? Надворешната убавина е релативна работа. Не постои ниту најубав ниту најгрд. Не ни постои грд. Секој си има своја убавина. И не за секој можеш да бидеш убав. Секој си е убав на свој начин. Денеска сите се оптеретуваат со надворешната. А таа, внатрешната секој ја заборава. Човекот не треба да се цени по надворешната убавина, туку по внатрешната, тоа што го има во душата. Важно е да бидеш човек. Затоа и не многу се замарам дали за другите сум убава или не, ич не ми е гајле. Од едно уво ми влегува, од друго ми излегува. Се трудам да станам човек. Да правам добри дела. Да постигнам нешто во животот. Да си докажам себеси дека можам. Да се изградам како стабилна, храбра личност. Мене тоа ми е најважно, а кој што мисли за мене воопшто не ми е гајле. Ми се крева косата кога ке слушнам/прочитам дека некој за себе мисли дека е грд. Што ќе постигне со тоа? Зарем на другите им е гајле? Така само лошо мислење ќе имаат за личноста. Негативно. Денес никој не сака некој кој не е позитивен, весел. И таа личност што очекува да и кажат? Да ја тешат како е најубава? Тоа се личности кои плачат за внимание, а така тешко дека ќе го добијат. Не, тоа нема да биде. Ако ти за себеси мислиш дека си грд, не очекувај другите да имаат позитивно мислење за тебе.
Аман бе дождов,таман си помислив 4 дена слободни има да се изнашетам..тоа е тоа,ќе гледам некој филм со сестра ми и на компјутер ќе седам.. Како и да е,вие убаво да си го поминете денов Во недела сум на свадба,одвај чекам
Се приклучувам и јас кон оние кои сакаат да го преспијат празников.... Јас сум голем метеопат, огромен. Значи колку шо не ми одговара дождов то чудо нешто. Немам сила а ни желба за ништо освен да лежам и да лежам и да лежам... Сакам сонце, ми фали сонцето и тоа многу. Посебно за Велигден, не е тоа тоа без сонце и убаво време па да излезиш, да си се прошеташ или пак да си седниш во двор на сонце и да си уживаш. А вака шо? И да сакаш негде да одиш, неможиш, времево те демотивира скрос, а ако се решиш да излезиш или дождо че те окапи или па некој "шофер" шо иако те гледа тебе на тротоар и гледа дека наспроти тебе има вирче со вода, сепак прелетува покрај тебе и те прави жива вода.......... Ај наздравје капење.
We are living in a disturbing upside down world. Не дека не знаевте, ама јас да си кажам. Каков малер ме бие изминативе денови, тоа чудо некои. Ме закачаа сум била проколната, абре што не ќе чујам, свашта. Имам среќа што имам среќа у гз, на мојата извејаност, си го оставив новчаникот во рамстор, со сите пари и документи во него, картички и чуда, ми се јавија не знам како ми го нашле бројот да дојдам да си го земам, недопрени и пари и се остало. Фала му на господа постојат поштени луѓе, сеуште. Ми се расипа таблетот аген, по 3 пат, им го треснав таму нека се гонат сите со нивните квази технолошки чуда кои поше време ти одземаат него што ти додаваат за да ти помогнат и олеснат. Не ми е олеснивање на секои 2 месеци да трчам до водњанска, да го носам проклетиот таблет за да ми речат, такви се толку им се силата. Кога го продававте не зборевме така, ама ај ноу проклет сејлс марткетинг, и скапана смрдена кондура ќе ти ја продаде како нова. Среќа постои гаранција, па нешто можда ќе се среди у моја проклета корист. Ja чукнав колата, на гореспоменатата улица на едно глупо столпче. Кај ги ставаат, кај никна позади мене ни јас не знам. Среќа нема никака грабаница ни вдлабнатина, ама тие 5 минути до дома ми беа најстресните до сега. Мислев дека имам кратер позади на колата додека возев накај дома како луда, небаре ако стигнам покасно ќе се прошири дупката или не знам што. Ви викам среќа у несреќа сум јас, како она кога ќе те удри брза помош. Мит ди дефенишн! Ми го украдоа телефонот од ташна, циганчињата на кеј, ме опколија 3ца, додека двајда ме држеа третиот оперираше. Среќа на време се сепнав дека може да ме оперирале, а едното од нив беше поштено и со совест барем тронка и ми го врати. Али моја кривица е до некаде со ташни кои се освен функционални, али проклето убави на изглед, проклето. Дем ју. Покондурена сељанка ми го осакати палетоц на ногата, ме згазна со сета сила и тежина, зашто нели дискотеките се за шетање, прчење на муцки и пување не за играње, нормално. Ретардирана нација сме, и куцо и сакато ќе се нагунгула на прдеж место, и после немало забава, венталиција, епа нема ни да има. Јас сум крива бе, за се сум крива што идам по туѓ памет и се пикам кај што знам дека нема да чини. Мајка ми гледа времето какво е во Бостон, апдејт ми прави на секои 3 часа, чукни јас утре идам. Ја сфаќам до некаде, потресеност и паника, ама мене ми прави само полошо. Ме фаќа паника, да паника, почнав да се привикнувам на идеата дека нема многу луѓе да видам многу долго време, предолго. Немам време ни да се намачкам асално после бањање, треба да куцам, вежбам, јадам според стрикно строг план, работам и згора на се да се трчам по доктори, зашто освен што идам за забар секој месец треба да идам и на контроли. Мрзам лекари, бироктарија и чекање во долги хаотични ходничиња и редици каде има се само ред не. Мрзам што сеуште сум поспана, расеана и не свесна што ми се случува и што допрва треба да ми се случи. И си цимолкам пред спиење на Џон Грин и уште толку се доутепувам психички. Збудалувам, пополека ама сигурно спобудалувам, и ни господ не може да ми е помош Ќе одам да трчам на дождов вајда ќе се опуштам малку, зашто друго чаре не гледам. Многу туп, депресивен текст беше ова знам, ама фром тајм ту тајм секој потклекнува на притисокот на оваа асфалтска џунгла. Дај боже да испаднат плановите за мај, горе во Галичник, има со еден пар тренерки да одам 3 дена, без телефони и други чуда и да седам, само да седам во тревата на големата зелена пољана и да молчам и да уживам, ми фали тоа и премногу дури.