Има и побетер Анич-да сонуваш дека Доналд Трамп ти бил професор во средно. Минатата недела понеделнички ми тргна наопаку со сонот.
Го прашувам брат ми денес што сака да му купам за празнициве, ми вика: Не сакам ништо, само тебе те сакам И толку ми требаше да си ги покажам солзите
Си ја заборавивме годишнината од врска со мм а секоја година ја славиме и таа и онаа од брак... ќе пукневме од мака, на него прв му текна Ама се утешивме дека оваа Нова Година ќе си пружиме нешто посебно, за паметење... последна сами двајцата, од догодина здравје во тројка
Немам тастатура, а да пишувам од мобилен ми е тешко. Сум настинала, па се опоравувам со Фервекси и чаеви. Сега ли најде бе ццц глупости
Викаат, кога си среќен не кажувај никому за да ти трае подолго. Затоа и молчам. Но тешко се крие вакво чувство, особено зашто погледот ме издава, насмевката ме издава. Се` поради што се нервирав и плачев порано сега не е важно. Фокусирана сум само на она што ме воздигнува до небо. Простувам полесно. Се случува и да не го забележам лошото околу мене. Само го одминувам. Бев трпелива и знаев дека овие денови ќе дојдат. Деновите кога конечно и јас ќе се насмевнам од срце. Не постои совршен живот, но постојат совршени денови. И ова се моите.
Да можев да се понашам во согласност со хаосов од чувства во мене. Ама душава му вели на срцево, да му нареди на телово,насмеј се.
Она кога немаш научено за испитот ама сепак одиш да си ја пробаш среќата...Самодоверба левел 10000000 Туку пред некое време ја пофалив една професорка колку е убава и добра, едноставно да ти е мерак да одиш на предавања....убава е таа ама само физички, а душата и е злобна, црна и празна ко озонска дупка.... Реков да не јадам пред време бурек, ама Џоли мила го изеде бурекот Џоли не е Џоли ако не касне малку бурек...колку да подрече де... -Џоли од сегашноста (прашува) : -Викаше дека многу е добра и убава професорката? Ќе ти било мерак на предавања да одиш? И на сите им било мерак, цела предавална била полна? -Џоли од минатото (рамнодушно) : -Да, така викав... -Џоли од сегашноста (иронично) : -Епа сега виде дека пола студенти ќе бидат паднати, а пола ќе имаат 6-ки....попрво раката ќе си ја скршела отколку 7ца да пишела...виде нели? -Џоли од минатото (плаче) : ....