Солењето памет на деца е најлесно. Многу е лесно да исплашиш и да изреметиш дете со тоа што ќе цитираш некаква книга која дава можност од 0,00000001% за некаква болест или ете во случајот - забременување. Имаше ваков случај и во темата Тироидна жлезда, девојката не сакаше да се претстави, па се претстави како професионалец, за жал во одредени случаи ширеше дезинформации. Се кладам дека слично нешто ќе се случи и во темава за која зборуваме.
Ептен се изнервирав. Ако е профи, нека се претстави.. не мора да каже име и презиме, нека каже титула.. Мене што повеќе ме плаши е изјавата дека полн му е инбоксот со пораки, па Боже мој станува збор за деца...ејј деца.. Од кај да знаеме какви совети добиваат, кога се се врти околу секс, бременост и инфекции, Се згрозувам жими очи..
Старо правило е пред избори да почне да се гради нешто за да се мачкаат очи. Единствено Битола е исклучок, демек конзулски град нели и тука се практикува модерна кампања. Имено, во Битола пред избори не се гради, ами се урива. Откако после 5 години макотрпна и пожртвувана работа, никна кино Манаки - колиба со барокна фасада како единствен неимарски подвиг на општинската власт за 80000 град во овие 12 години, ја урнаа фонтаната и ене ја веќе 8 месеци стои така. Оти фонтана не е заебанција па да се изгради за 8 месеци. За неа потребни ќе се...4 години? А ете вчера на сеопшта радост ја урнале и северната трибина од стадионот...Уривањето продолжува, предизборно! Ако не си исполнил ништо што си ветил, а си потрошил над 10 години време и пари на луѓето, тогаш си свесен дека само идиоти може да поверуваат во твоите нови ветувања(лаги). Но затекнат си сред кампања, со потрошени зборови, бесконцептност, немање скапан општински денар, а мораш да создадеш алузија дека нешто правиш пред народот. И ти текнува финта: Заградуваш објект со градежна ограда доволно висока за да не се гледа што (не) правиш, акнуваш табла пред оградата: "Проект дрн дрн дрн" и пушташ багери да брчат и креваат прашина... дури не поминат изборите. После избори оставаш така и се амнестираш од одговорност и надлежност за реализација на "проектот". Аман не ветувајте ништо веќе. Сé што сте ветиле дека ќе направите - урнавте и така оставивте. Или го направивте сосем спротивното. Подобро се живееше без вашите ветувања.
Толку многу сум поспана денес, што цел ден во глава ми се мотаат оние убавите описи од некој роман, огромна шолја кафе во зимски денови. Или прецизноста и концизноста додека се прави омилената шоља кафе и уз пат се зема нотес и телефон, па се сработува нешто. Јас веќе ја ставив втората шоља јако млечно, по мој терк. Се надевам после тренингот што ми следи дека ќе бидам малце од малце поасална.
Јас не создавам пријатели ниту непријатели. Јас гласно го кажувам своето мислење, па после тие сами си се создаваат.
СДК, се збори дека простувањето е благороден чин. Но.... џабе е да му простуваш на оној кој нема поим дека згрешил. Дури треба да се внимава и со простувањето на таков човек.... можеш уште поголема грешка да направиш !!
Ни Господ не простува ако нема искрено покајание, а признавањето дека некој згрешил е само првиот чекор од покајанието.
СДК се убив од работа денес... Почнав нов проект, и сеуште неможам да си поверувам колку многу работа има... ќе трае долго, многу долго.... Еве очите веќе почнаа да ме болат. Диоптерот пак ми е покачен Утеха - утре е неработен @kjukli Многу добро видео. Луѓе гласајте !
СДК повеќе не сакам да ги тешам сите околу мене што се несреќни, тажни, болни, можеби болни, депресивни и слично. Што карма имав цел живот само да ги тешам и убедувам, ќе помине, не се нервирај, ехее што не поминало па и ова, немај гајле...И секој ден така, јас ги тешам сите а мене некој да ме праша чекај а ти како си, здрава права нешто ти фали ли?? Јас само оти се трудам секогаш да бидам позитивна нели заслужувам некој и мене да ме утеши. Изгледа не, оти премногу се навикнале само тие да бидат центар пажња. Е веќе нема, бидете здрави и живи и никој да не ме замарал!
Се треба промена.Доста веќе од бедотија,сиромаштија,политика,депресија,стрес,монотонос,лошо здраство,лошо образование. Уствари аман веќе од СЕ.Усвет ми се фака ..
Нема да филозофирам зашто направиле толку деца, при толкава сиромаштија и хендикеп, ниту пак за неспособноста и корупцијата на нашите неписмени, со врски примени вработени во државните органи.... Туку само ќе кажам, драги административци и политичари, и на ваша, и на главата на вашите најблиски, помножено по сто... http://www.libertas.mk/osumchleno-slepo-semejstvo-tripati-odbieno-za-sotsijalen-stan/
Никој не ни кажал а требало, никој не ни покажал, а морало, никој не ни рекол дека без тоа боси низ животот сме, па болело... Затоа не е касно сега да научиме!
Сдк Утре сумнa интервју зa рaбoтa.Се рaдувaм oд еднa стрaнa,oд др се мислaм,кaкo ќе се oргaнизирaм сo мaлoтo зимa,лaднo,стo пaти сум збoрелa зa oвa aмa ете,кaкo сите и тoa,aa не сме oдделени.Ајде првo некa ме примaт пa ќе мислиме.
Мразам паразити. Не ги сакам, од дно на душа не ги сакам. Неамбициозни, немаат компас у живот, го преспиваат животот и чекаат само од други како другите да мора да работат и учат за нив. Имам една таква колешка, среќа па не се знам со многу од смерот мој сигурно има и други, таа буквално си спие на предавање, стално се жали како е досадно и тешко, со прст не мрда нешто да направи да се потруди се некој друг за неа. Ми скака по живци, ме одбегнува зашто у неколку наврати и кажав дека немам намера да учам и да полагам за неа. Да е до мене би направила подруг систем на запишување на факс, неможе вакви паразити да се влечкаат и да зазимаат место на тие што стварно се трудат и да научат.
Во контекст на разговор за диети и слабеење,совет што го добив вчера од една пријателка гласи вака :Јас се омажив,тој што ме сакаше ме зеде за жена,ти биди си на диета,слободно бидејќи не си мажена. Wtf бре?! Како прво,ако сакам да ослабам првенствено е лично за мене,а после за сите други Како второ ич не ми се допаѓа муабетот од ваков тип"се омажив и не ми е важно како изгледам сега". Како трето дали си жена или девојка,нема врска,слабеењето дава позитивни бенефити,ама кој да те разбери.
Сеуште како дете им се радувам на колачињата на среќата кои ги делат во кинеските ресторани. Без надеж за предвидување на иднината или со некакви гатачки очекувања. Едноставно како дел од некој забавен ритуал и надеж да прочитам некоја визионерска/паметна мисла. Последниов пат немаше ништо визионерско или паметно во моето колаче, но во она на малата реченицата ми остана во глава. Ќе му дојденешто вака: "Првен преиспитај се дали си доволно голем кога прикажуваш скромност или едноставно си мал и тешко го прифаќаш истото"