Јас сум си уствари моја лична спонзоруша...И не ми е сТрам... Најубава сум, најзгодна, не се изневерувам, најубав секс имам со себе си, секогаш сум задоволена, сите јадења си ги погодувам, пари си зиам без да прашам од новчаникот, и си купувам шо сакам...И пЉус, секогаш кога ми е тешко, си се сослушувам и најубави совети си давам... И најубави вицови си кажувам... И понекогаш си зборувам сама со себе на глас, али тоа е веќе друг мОабет...
У промотивно тефтерче дадено од партија пишувам планови, потреби и пресметки за да замнам од вукојебинава. Онака.
Баш ме интересира што си мисли мачево за мене кога му зборувам и го третирам како бебе Оти кога ќе го изгушкам и ќе го оставам на мира некој глас во мене ми вели: "Ели, стварно??"....
Душава ми е полна кога внук ми ќе ме бакне,и ќе ме прегрне онака силно и ќе ми каже колку силно ме сака(на начин како што правевме ние како помали,со раширени рачиња покажува кон небото и се крева на прсти,демек да биде повисок и колку повисок е толку повеќе ме сакал ). А за внука ми што да кажам друго,освен тоа дека нејзината љубов ми ја манифестира со гребење по лице и корнење на коса само да знаете колку гребнатинки имам од неа по лицево,што едвај и пудра ги покрива,се срамам кога излегувам некаде,испаѓа ко да ме давела мачка или некој љубовник Значи побесно бебе немам видено од неа,нека е здрава и жива многу е брза и силна.
Пред некој ден со другарка ми паднавме на тема колку сме наивни за некој работи, и колку можиме да подклекниме на некои работи за само работите да се средат и конечно да тргнат во онај правец во кој сме замислиле, и гураш дури можиш ама наеднаш ти пука филм пред тебе и ти се враќат сите сцени на кои некогаш си покажувал заби, а сега си подклекнал. Ми рече, ти си најистрајната личност која ја познавам, и незнам како издржуваш, а од надвор сите си велат дека ти цути животот, и сега кога прочитав во темата форумџии кои ја означија 2016 во постот на @srcence1607 се видов во најистрајна личност и сфатив дека дека не е само другарка ми која мисли така. Ете и таа така ме проценила. Јас во мене пукам, и се се руши оти не знам која страна да ја фатам, перницата си знај секоја вечер колку солзи се пролеват. Незнам зошто ама неможам да се искажам на секој, си имам муабет само со одредени личности на кој можам да му кажам се, ама баш се, а пред другите не ми е ништо. Можи неубо да држам се во себе, ама таква сум и незнам како да го сменам то, а реално можи нема ни потреба да се сменува. Јас би играла сепак по моето мото, Смеј се утре ќе е подобро. (со надеж) Добра вам ноч пријатељи.
Ние денешните модерни домаќинки што на youtube бараме туторијали за how to bake your face, наместо how to bake a cake. Верувам дека сум сон на секоја свекрва.
Само понекогаш, стојам на страна и ги набљудувам. Срцево ми жубори од среќа кога тие се смеат. А што е среќата, ако оние што ги обожуваш во душата не се среќни? Освен млак облик, кој се дави во обид да преживее. Без нив, нашата среќа никогаш не би била целосна. Ниту нашата личност, ниту нашиот свет. Имам љубов за љубење колку пет животи и живот за живеење колку една силна и неприкосновена љубов може да издржи. На среќата секогаш гледав како на мала куќарка со сончево жолт покрив. Во неа надвиснати образи од смеење и мирис на домашен леб. А надвор овошна градина. И капини...многу капини.
Отварам лаптоп и ете го шефот на скајп со нова идеја да ми даде друга задача со цело работно време го одбив ради тоа што нема да можам од факсот, но ми даде позитивна енергија зашто гледам дека ми го гледал и ценел трудот Му предложив за други работи ако сака да ми се обрати би било супер И така денот убаво започнат Убајни
Sekojdnevnite tazni prikazni koi gi slusam od lugeto koi se razbolele od onaa prokleta teska bolest me teraat sekoj den da uzivam vo malite raboti koi sekojdnevno ni se slucuvaat, . Zdravjeto e osnovata za sreka na ovoj svet.
Светот е навистина суров. Но, од нас зависи колку ќе успееме да ја сватиме суровоста на животот и да се избориме за самите себе и посреќен живот или ќе се помириме со фактот дека се е така сурово и недолично и ќе бидеме несреќни. Сдк дека судбината сами себе си ја кроиме со нашите критериуми и вложениот труд, никој за ништо не ни е крив, буквално.
Сум сфатила дека животот е краток и дека човек треба да се сака, почитува и љуби додека е жив. Залудно е да го изгубиме некого и да сфатиме колку ни значи, кога повеќе не можеме да го вратиме. Мајка ми ми соопшти дека оваа година нема да ја кити таа елката, не и било до веселбаама затоа тој дел ќе си го завршам оваа година јас и така немам повеќе изговор од типот имам за учење. Не е тајна дека навечер не спијам па нон стоп размислувам што следно треба да направам. Така си се спремив изутринава и си ја извадив змијата од џебот и започнав со подготовки за ногодишни подароцидел по дел до нова година ќе ми биде спремно се од играчки до пакетчиња. Се сетив дека од толку внуци што ги имам немам ниту една слика со нивнемам ниту слика со братучедите. Следно што треба да се направи е фотосесија за споменда се знае дека сум постоела. Новогодишна прекривка и новогодишни чиничиња купени, лампиони си имам, елка имам, ламбички имам, се надевам здрави и функционални се. Направен ми е следен список што треба да се докупи од подароци. Се надевам до пред празнициве ќе ми легне на сметка уште некој денарсум одлучила оваа година да бидам Баба Мразица.
...Сè тоа во ред, ама сепак мој совет - be with someone who uses a dictionary more often. Се гледа дека ми треба тема за grammar nazis тука...
Таква смешка ме фаќа од родители кои си ги "цитираат" децата на твитер/фб, а цитатов како од Малиот принц, демек наивен, ама паметен и тро сладок, ама најмудар у свет. Ја мислам да го пратите веднаш на факултет А им го познаваш детето...едвај зборува, мало е или последен пат кога си го видел ти демолирал пола дневна. Што се бламирате стварно не ми е јасно. Пусти комплекси. Секако има вистинити исклучоци, ама грото ...
Бегaјте пoдaлеку oд oние луѓе кoи Гoспoдoвoтo име oд устa не гo вaдaт. Нaјчестo тие ги имaaт нaјгoлемите гревoви.
Ајде едно прашање. Која е потребата од онаа зградурина бела, вредна 60 милиони евра? Седиште и штаб на партија? Која е потребата на оние објекти во Скопје вредни 600 милиони евра? Која е потребата и од Мерцедес вреден 600 000 евра, прв таков купен во Југоисточна Европа? Која е потребата од оние подови вредни и по 10 000 евра од метар квадратен? Што од оние Хинду мозаици се автентични со исконското ВМРО? Бели царски двореви за партијата излезена од народот и за народот? Аристократски амбиент кој трешти над најсиромашниот народ? Влез со детектори за метал, забрана за внесување мобилни телефони и плочки кои чинат колку една операција на болно дете? Народ кој веќе не е ни достоен да стапне на подот од партискиот штаб. Од вас бараат поддршка! Од вас заслепените подржувачи кои трчаат по еден лик што си ја присвои партијата и државата! Бомби не ни требаа! Доволна е онаа градба за да разберете со кого имате работа! Врв на расипништво додека остатокот на Македонија се дави во санитарни јазли. Македонија која се дави во лајна од секој втор дожд! Тоа се тие!!! Ние сме само филмот негатив кој ќе го развиваат во црно-бела техника како и што го направија нашето општество. Бели дворци, резбани дрва, кинески плочници, портрети и партиско знаме кое е највисоко знаме во градот! Потреба од дигање мит за себе. Чаталење со Ќосето и бегање од ТВ соочување. Нови темели откопани, стотици животи закопани. Дали не ви се превртуваат цревата кога ќе го видите она зградиште? Нели се осеќате обезвреднето? Потписи на секој собир за докажување верност кон оној за кого не сте достојни да одговори на едно единствено прашање пред ТВ камерите. Вие нема да добиете одговор, но ќе слушате и ќе стоите ко скаменети зомбија во строј додека он продава лажна реалност. Белиот дворец, белите градби во градот се украсување на неговиот личен двор. Ќе се одважат ли понижените и ќе се разбудат ли конечно од оваа хипноза? Ако сега не му кажете СТОП, бидете спремни на уште полош однос кон сите нас. Финална пресметка кон сите оние кои гледаат. Или ќе им ги извадат очите или при очи ќе мораа да ослепат. Да ја затворат устата и ушите, зошто сега, до 11 Декември имате шанса да му кажете СТОП. Ако не сме спремни на тоа, тогаш нека биде 12.12 ден на нашиот колективен погреб. Погреб на мислата, на свеста и слободата. Потоа чекајте ги нивните наплати. Уште 4 години во глоби, закани, уцени... Прстот на глава. Размислувајте до Недела. Јас одам во предизборен молк. Тука се одјавувам.