Сдк Никогаш не им објаснувајте на пријателите – нема потреба. А, непријателите и онака нема да ви веруваат.
Ако пред спиење имаш со кој да си го раскажеш денот тогаш имаш се'. Цел ден чекав ноќ за главата да си ја навалам на перница и да си уживам под мојот јорган со далматинчиња. Преудобно е
Во текот на денот сме некој кој се бори, чекори низ трнливите патеки кои ги создава животот. Во текот на денот сме силни, одлучни, понекогаш делувајќи бесчувствително движејќи се онака забрзано низ животот. Не ни треба никаква помош, ниту сожалување, ниту пак некој да ни каже дека е покрај нас. Но без оглед на тоа кои сме преку денот и колку и да се чувствуваме силно тогаш, кога ќе падне ноќта и кога тоа брзо чекорење низ животот за момент стивнува, тогаш сфаќаме колку ни е потребно некој да ни подари искрена прегратка или топол збор кој ја исполнува душата. Во ноќта сме како детенце кое само бара едноставна, чиста љубов споделена со личност која му е блиска по душата.
Само да знаете дека ич, ама ич не е интересно кога и посветувате внимание само на една особа и притоа постојано си користите интерни заебанции. Не ви ги знаат сите шалите и не очекувајте дека после 100-ти пат кажување сите ќе ви се смееме.. Досадни сте!
Периодов се нешто само јас им сум виновна на другите. Ќе ми изнаречат во лице се што треба и не треба,и тоа без да одберат зборови и средства со кои се служат во својот речник или малку да размислат,и притоа без никаква култура да се остави простор за соговорникот да се изјасне. Амаааа,ќе ве оставам уште малку,да ве видам до каде ќе одите,а после ќе ви поставам една така голема граница и натпис со знак STOP,што нема да знаете дали смеете и едно здраво да ми кажете Пре-те-ра-вте!!
Ги читам оние „најфорумџика“ и „избор за најфорумџиЈа“ теми кои се актуелни периодов, се смеам и нишкам со главата во благо неприфаќање на реалноста. Ретко саботно утро во кое наоѓам момент да пијам кафе во мир и само да ги слушам нервозните скопски возачи на гласни автомобили. Но во период на предизборни ветувања, си ветувам и сам, дека еден ден ќе дојде повторно ден, да читам и пишувам во виртуелни кафулиња како ова, да направам силен јаболко и цимет чај и да седнам во дабока фотелја, па да се расчитам нешто со полутврда подврска, а меѓу пасусите додека повлекувам тивко голтка, да размислувам колку е фасцинантно она што сум го сфатил во моментот. Си ветувам дека повторно ќе останам буден до три по полноќ по своја волја, знаејќи дека следниот ден немам никакви обврски освен да гледам снегот како паѓа и да замислувам како е сега на Северниот пол, да го извадам калкулаторот и да пресметам колку ми треба за да отпатувам и отседнам во оние капсула-хотели во Финска и дали вреди студот на патот до сауната во соседниот објект. Си ветувам дека ќе има ден кога нема на трчање да ја испијам чашката алкохол која сум ја сипал со страв дека во следниоте 3 минути ќе ме задеси некоја нова обврска, а си ветувам и дека ќе престанам да се опивам од првите три голтки. И како и секогаш во животот, некаде по патот мирно по стас и револтирано во глава ќе констатирам дека сите ветувања се кршат и не сум остварил ниту едно од зацртаното. Ајде другарче, секогаш има следна година, нели?
Децата почнаа со вентлин и спреј за носот да живеат демек алергии се... Тешко нив тие најповеке патат од сите нас
Сабота, денот убав, а јас баш денес немам со кој да излезам. Можеби воздухот е загаден, сепак баш сакала да свртам едно кругче во парк. Ама, кој е на работа, кој учи, кој спие до 1-2 попладне. Ако излегувам сакам да излезам сега, а не во 3-4 кога се стемнува. Си мислам како би ме гледале луѓето ако шетам сама? Мислев и дека не би ми било проблем да седнам на кафе сама, ама сега се преиспитувам дали имам храброст за тоа... Дали е подобро да поминеш квалитетно време сам со себе или да го потрошиш времето во неквалитетен разговор сведен на оговарање. Или, нема врска што секој си гледа во својот телефон и веќе 15 мин никој не кажал збор, битно луѓето не те гледаат сам на кафе. И еве, додека јас се мислам и пишувам "филозовски" постови, денот ќе ми отиде
Вчера докажав дека навистина сум несмасна. После моето феил паѓање дома на прав пат пред 2 недели, вчера надвор ама пошто Македонија сме прав пат надвор немаме, се е дупка до дупка...направив таква акробација што циркус може само да ми позавиди. Знаете што беше врв, да избегнам една дупка стапнав со пола нога во друга па следеше вртење на десно за 180 ступњеви. Аааа да, и што уз вртење плеснав еден дечко по гз... а јаготка на шлагот беше денеска кога го сретнав пак, па уште ми намигна пропаднав од срам. Му викам на брат ми, ќе ти умрев вчера, немаше да можам утре да гласам. А тој озбилен, брзо ме разубеди дека гласањето кај нас нема врска со избирачки список. И така.. да не се секирам. Имајте убава сабота Јас се чувам од малери.
Добро утро, добар ден. Убав ден, среќен ден. Веќе се осеќам ко Ицко Црни од Ранковце. Не знам што поточно сакам да кажам, apropo во која тема да го сместам мислењето, па решив овде јер СДК - Ѕидот на све. Деновиве сте активирале релативно нова тема, и читајќи ги вашите номинации, сѐ повеќе го среќавам моето име во љуџе што ќе јадат ќотек ако не се вратат на форумов. Ја мислам дека никогаш нема да се искупам за неактивноста во ФФФ, освен ако не напишам колекција рецензии на задоволство на колегите - филмомани. Спојлер Didn't say I will. И не би да лажам со она "New Year, new me" bullshit, дека магично се враќам со нови сили до нови победи, ама ете, ветувам дека од време на време ќе шкртнам по нешто. Епилог: "The Show Must Go On". Over and out
СДК "I love my life I am powerful, I am beautiful, I am free I love my life, I am wonderful, I am magical, I am me, I love my life." Некогаш победувате - некогаш учите од поразите! Имајте убав викенд
Марли ми е кучето ама исто ко дете ми е. Иначе знам и малите дечиња многу си имаат мака. Имам внучиња само на инхалации се само алергии... Не се живее вака.
Iskoci sama realno mnogu poubavo ke ti bide ke si go pustis mozokot na pasenje ke se prosetas nema da slusas prazni muabeti i da se polnis so tugata negativna energija i em ke go iskoristis ubav pomin
Вака или онака, сите ние копнееме за љубов, жедни сме за нечии прегратки, гладни за нечии допири, стрвни за нечии бакнежи. Со полно срце емоции талкаме низ животот пресретнувајќи неизброени погледи и само тогаш кога во едни очи ќе си го препознаеме отсјајот на нашите како треперат во ритамот на еуфоријата на нашето срце, тогаш ќе знаеме дека сме ја нашле. Нели тоа е тоа по кое трагаме? - Енергија која ќе ни го сврти светот наопаку и само тогаш ќе ни биде се' на место! Но зошто има толку многу несреќни љубови? Заталкале во потрагата и гледаат убавина, моќ, престиж.. Не се родил некој толку доволно згоден нити доволно "звучен" и "голем" за да ме замае бесцелно! Не, зошто за душата нема шминка, нема бреднирана гардероба, нема звучни имиња! Не, душата е чиста енергија и онаа на која сме и судени ќе блеска посилно од сите земни светкави ништотинки. Среќен е оној кој ќе ја пронајде својата сродна душа, макар и да знае дека никогаш нема да биде до него!!!
Дечки, запознавајте си ги роднините навреме, за да не дојде момент кога вилицата ќе ви падне на неговото "чао, видимо се", па да треба да се потсетувате дека сте братучеди . Добрата страна е дека веројатно има исто толку згодни, високи, насмеани другари на чиј српски акцент ќе смеам да паднам. Сите вие со потекло од соседната земја, праќајте фб во лп, ако некој близок ги исполнува горенаведените критериуми . И ако мислите дека се шегувам, think again . Сега ми текнува на муабетот дека кога си ги визуелизираш работите кои сакаш да ти остварат, мораш многу да внимаваш. Така, на мојата листа има - отворен, комуникативен, со убава насмевка, ама најбитното сум го заборавила - да не сме крвно поврзани . И дали наместо да се опишам како очајна, подобро ми стоело - постојано отворена за нови можности ?