Aj ne moze uste nekoe celebrity nase,balkansko ili stransko da pocine godina AMAN !!!!! Morase tolku zaebano losa godina da bide za covestvovo neka pociva vo mir Esma Redzepova :/
Никој нема право да ме распрашува и да ми соли памет што и како. Никој нема право да ми наметнува мислење и да ми прави рачун како поминивам и што се случува. Даваш совет а дали јас ќе прифатам или не тоа е мое право. Сите разбираат се и коментираат се,а најмалку се свесни за ситуацијата во која живееме,такви луѓе не ми требаат.
Денес, би сакала мојов пост да биде наменет за сите вас кои сте изгубиле некој близок, зашто често ве читам низ разни теми. Имено, вчера присуствував на погреб и иако личноста која го изгуби својот татко ми е ептен близок роднина, не сум имала многу шанси да го запознаам подлабоко. Во моментот кога ми подаде рака да му изразам сочувство, го гушнав сакајќи да му покажам дека не е сам, а неочекувано, ми ја возврати прегратката уште посилно. И ме замисли колку всушност сме си потребни еден на друг и колку мали работи можат да нѐ утешат барем за миг. Јас за жал повеќе немам ниедна баба, ниту дедо, но преблагодарна сум за сите сеќавања кои живеат во мене. За моментите кога доаѓала да ме провери дали сум станала, кога ми давала пари за во школо, па дури и нејзиниот лошотилак ми фали и желбата да ги истера работите само по нејзино. Дедо ми ми е во побледо сеќавање, зашто бев малечка кога почина, во наследство имам само стар часовник и негова слика. Постојано сите го споменуваат колку добар и несебичен човек бил. Зборот ми беше, сите сме дојдени со одредена цел на земјава, вашите сакани сигурно не би сакале да ве гледаат тажни, сеќавајте се на сите моменти со нив, споменувајте ги во молитвите и искрено верувајте дека се на подобро место. Правете добри дела во нивно име, бидете среќни и чувствувајте се благословено што биле дел од вашиот живот, макар и кратко да траело. За губењето на родител, верувам дека нема никаква утеха и знам дека тогаш оптимизмот не би ми бил на највисоко ниво. На сите ви давам огромна поддршка, сила, ве прегрнувам и ако ви треба човек за разговор, тука сум.
Сакам да кажам да не се замарате и да уживате во животот. Бидете си со најблиските и гледајте да си ги исполните своите цели во животот. Се се исполнува ако се сака. И не се замарајте ако победат вечерва тие што не треба утре заедно ќе бегаме од државава. Подршка.
Секогаш ми биле нејасни тие што секое одење на гости кај баба/дедо, им бараат пари Никогаш ама баш НИКОГАШ не сум побарала пари од некоја баба. Ако ми дадат сами земам, ако не, си ќутам...зар вие што наское им барате пари, стрикно само за тоа одите? Не одите да ги видите дали се добри туку за 100че да ви дадат Ајде тие што се живи двајцата стари, што земаат поголеми пензии, ок барајте, па дури и сами да не дадат тогаш потсетете ги да ве почастат...ама тие што се сами, плус што земаат 100 евра панзија, од нив очекувате? Дали за лекови, дали за сметки, дали за јадење да ги потрошат, дали месцот едвај ќе го поминат... Мислите дека тие не сакаат да ви дадат? Која баба/дедо не сака да му даде пари или убаво јадење на внучето? Еден период кога ќе појдев кај баба ми немаше ни едни соленки да ми даде, ама јас не одев за тоа...одев да ја вдам како е. Се секираше зошто немаше што да ми извади, ама јас и викав да седи и да ужива, дека не сакам ама баш ништо. Или Ќе земев јаболче од пред куќа и ете и викав, баш јаболко ми се јаде сега....Или јас на одење ќе купев колачиња, па тогаш ги отворавме и двете си јадевме од нив. Немаше ни скапи сокови, ама затоа ги имаше највкусните копмоти од праски и вишни, направени од нејзини раце....Често се случуваше да извади и некое ролатче што не вреди ни 10 денари, и да ми го даде...Највкусно ми беше. Зар на таа жена јас да и побарам 100 денари? Лично јас се срамам во името на сите 20+ годишни здрави, прави, млади луѓе, што очекуваат и им бараат на сила пари од баби и дедовци. Не знам како не им е жал и срам. Наместо тие да им дадат,...тие уште им ги земаат.
СДК... Тоа што во текот на денот забележуваме средени и насмеани дами, не значи дека убавиот изглед и удобноста може да си парираат. Зад вратата на секојдневието, а во име на привлечноста, некои работи остануваат премолчени.
Да не беа избориве и гласањево кој знае дали некогаш ќе се соберевме на кафенце и муабет покрај езеро со мајка ми и брат ми
Сакам да кажам, т.е. сакам да прашам - луѓе, што ви е со зборов „наХнадно“? What the fuck is нахнадно? Ако ова чудо е стварно збор на некој дијалект, а ја да не сум свесен за тоа, однапред се извинувам. Али, поише ми личи на случај на расипан телефон или нешто чуено-недочуено, од типот на инекција (без ј), вакум (со едно у), реЛна, ренТген, ресторанТ и сл. Значи, да расчистиме - наХнадно не е македонски збор (а колку што знам, ни на еден друг јазик) - македонскиот израз кој го барате е отпосле или дополнително. А ако веќе сакате да искористите србизам, онда е наКнадно, со К значи, а не Х. Фала на пажња.
Сте запознале некој кој буквално на секоја реченица ви се насмевнува? Значи со мерак да го прашаш што пие, па продолжуваш - а газиран или природен сок (и во себе се молиш за газиран, зашто друг нема )...а пепси или фанта? Навистина ми е мило што го запознав, и му го кажав тоа, на што ми врати "такоџе"...и пак си велев "focus, Lili, focus, тетка си му ". Пак ќе кажам, наместо кампањана за "учете странски јазици навреме" повеќе би ми вршела работа "запознавајте си ги роднините навреме ". И не ми се верува дека ниедно лп со податоци кои завршуваат на "иќ" не ми стигна.... А не сум толку за фрлање .
Сакам да кажам дека ве читав како да ги тргнете лошите пороци од себе. @Rama ова е за тебе. Потполно те разбирам низ што поминуваш и многу е лесно да се каже ќе ти помине. Ти прво мора да се убедиш самата себе си дека нема лоши работи туку само убави. Психата ти го јаде мозокот и всушност самиот си набиваш такви нешта. Што мислиш тоа ќе ти се случи. Постои една книга се вика "Животот е игра и како да се игра" одлична книга за сите ние кои поминуваме низ ваков период. Никогаш немој да се скратуваш себе си од работите кои ги сакаш.Прави го тоа што те исполнува секогаш позитивно. Тебе те исцрпеле луѓето и си почнала да гледаш кој е кој и се разочаруваш, не е тоа разочарување тоа е гледање на реалноста таква каква што е. Нека не те разочаруваат луѓето ти прости им се за да ги тргнеш од својот живот. Знаеш се се плаќа се се враќа, само верба во Бога и ќе ти се случи само позитива. Не се замарај за другите, ти си своја кога ќе помине овој период ќе ти биде се јасно и многу полесно ќе се справуваш понатака.Никогаш немој да дозволиш некој да те скрши и секогаш биди си рамнодушна. Оди во некоја црква помоли се, на излегување ќе почувствуваш олеснување во душата. И запомни нема лоши луѓе сите имаат малку доброта во себе си само сеуште спознаваат дека имаат карактеристика за жал.
Некаква си диета плус напиток не вроди плоднажалост сум поправена во нозете, ко трупчиња си ги осеќам, ми тежат како олово. Досадно ми ене знам што сама со себе да правам. Сите во некакво исчекување за резултати од гласање некои читам тука почнале да слават победа, еве не знам кога успеаа да се пребројат.Кај нас во град е тивко, дали тоа значи затишје пред да избие бура.