Мислам дека пред некој ден ви кажав дека внука ми е "бесно и грубо бебе", ви кажав,да Буквално цело лице ми е со гребнатинки,и тоа крвави гребнатинки,чиниш како мачка да ме давела,или пак некој љубовник(додуша подобро би било да го мислат ова второто)до толку ми се очигледни што нема човек што не ме праша кој ме гребел,дури и на изборите кога гласав,познаници ме прашуваа а овие од комисија ме гледаа чудно ко да сум најголем мазохист на свет И грдо е што само ќе ги залечам со крем гребениците,таа пак ми направила нови Ќе се спасам само ако не ја кревам во раце(а не можам да и одолеам,само ја гњавам,ја бакнувам,и што не) па може и сама си ја предизвикувам
Ајде нека ми се множат, иако стигна известување ден порано. Заборавив кога ми е годишнината и се зачудев кога видов дека дури 3 години поминале. Ама интересни работи прочитав и научив од форумов во овие 3 години, има многу интелигентни членови чии постови вреди да се читаат. Да не должам многу. Cheers.
,, Сакам да си четувам и да терам безвезни муабети без усул, оти нели сите да видат што толку ,, битно ,, иам јас да кажам ,, стана темава... Абе едно е*ано правило не можете да испочитувате... Од сеа све офф - топпик у темава ќе пријавувам. И јас ако се занасам, да ме пријавите. Е тоа сакав да КАЖАМ!
Оние бонбониери каде секоја бонбона е ставена во посебно калапче, постојат за да ти ја грицкаат совеста додека ти грицкаш чоколадо. Да можеш во секој момент да си преброиш колку си изел. Значи, не сакам да знам! Затоа си купувам на мерење...
“Паднав“ у замка една, ама среќа на време сфатив што е финтата... Ке гледам да се извлечам што побрзо и побезболно. Не ми требаше ова, еднаш само ке наговестам ако си тече истото толку му е рокот на траење. Тоа е што е. Не можам да кажам дека ми е сеедно, ама барем да знам што понатаму и што и каде да терам. Од секад сум имала потреба од компас у животот, така и сега. Ке боли ама ке помине, пострашни работи сум преживеала ова не смее да ме закочи. Морам да пресечам додека е време иначе ке заминам у бестрага каква сум
Сакам да кажам дека татко ми ја има способноста да уништи добра шега во пола секунда. Сакам да кажам, на мајка, дека за Божиќ сакам само две паковања плазма, едно нормално и едно со чоколадо и портокал. Вика дека многу било, сум претервала со плазма секој ден и како ми се давале толку пари за бисквити. Е зошто прашва, ако не се допаѓа одговорот - не знам. Јас па мислев скромна сум. Сакам да кажам дека денес сум многу хиперактивна, двете кафиња кои ги испив уште сабајле уште строго седат, пуштиле корен изгледа. Сепак барем лесно ми е да регулирам сон од не сон, многу ми влијае едно кафе, камоли две. Останете ми поздравени.
Вечерва отидов во маркет да купувам нешто.Додека чекав ред на касата за да платам, се сконцентрирав на божиќните песни кои одеа во позадина.Душата ми се стопли, овој период од годината ми е омилен и посебно го сакам.Така инстиктивно си се насмеав без причина, убаво ми беше.Сосема спротивно, од околу бев опкружена со свенати и намуртени луѓе, чиниш светот им се срушил.Ја нема таа новогодишна, божиќна еуфорија која не обземаше сите порано, од старо до младо.Градов е празен и тивок, безживотен.И таа што ме услужуваше на каса беше таква.Мразам да се среќавам со нељубезни луѓе на каса и често се одлучувам и јас да враќам со иста мера бидејки многу пати ми се десило да бидам учтива и насмеана, а нив да им е мака едно пријатно или повели да кажат.Денес се решив токму спротивно, можеби имала лош ден де, и јас сум понекогаш таква студена и лоша. Сакам да кажам, радувајте се на малите нешта, колку само малку е потребно, ситница за во момент да се осетиме среќни и исполнети.Никој нема да не направи среќни ако самите не се потрудиме да се направиме такви. Уште снег ми фали за да биде целосна среќата и идилата во која моментално се наоѓам.Ме депримира тоа што времето е ко створено за шетање, а јас морам да бубам над книги.Ама ќе помине и тоа,период е, нема гајле. Спојлер Слика од првиот снег во Битола 29ти ноември, мојата најсакана улица прекриена во бело.Ајдее бе, посети не пак и остани, шо одолговлекуваш не ми се чека поќе.Ладен си, а топлиш повеќе од Сонцето.
Почнав редовно да ги следам епизодите на сакај или продај. Прекрасни. Се исполнувам само што ги гледам. Крајот е најтежок. Е тогаш сфакам колку малку имам/е. Скоро никој од нас не би можел да си го дозволи тој луксуз. Никој од нас. Ние нели бевме папокот на светот? Библиското гето?
Два реда муабет и: - Дај ми слика од тебе. Ти па наивно си викаш: Па, има неколку, гледаш. - Мислев по гаќички хехехе. Значи, ги потепа нашиве мажиња тој филм за nudes. Знам дека има девојчици што и без прашање си праќаат цицки по инбокс, ама дајте бре, мамето ваше... алармантно е како напнувате девојчиња. Некогаш стварно треба да бидеш некултурна и дрска пошто инаку нема да сфати ни со цртање, оти направиш ли два реда обичен муабет, одма го посакуваш до бол. Лигуши едни. Е, затоа сум претежно „намќор“ кога запознавам нови луѓе.
А која девојка не сака да се разбуди со огромна бубуљица на нос? А? Ко бамби сум, семафор рамен не ми е!! Ниедна пудра ова не го покрива... погодете кој нема да излезе од дома една недела...