Ќе речете жени, ама ова е стварно блесава работа. Заглавив на некои си влогови, флогови, холови и колекции, продуктивно да летне денов оти и тие се направени за некој што сака да утепа време или да отупе со гледањето на истите. И ете ти жена! Фатила да објаснува за некоја најпроста работа која ја преточи во истражување на Наса. Еве небитна работа, карикирам: Па ќе го сврти паковањето, да ви ја прочита декларацијата и колку калории има, а јас отидов да се утепам!
Знајме дека е Велигден на помош нека е знајме сите ок не мора на секој 5 минути да се постират слики од јајцата на фб боже господе и најголемиот празник неможе да се прослави интимно и како што треба од све да се вадело слики да се фалело со све реклами да се праело аман
На мала возраст се караме, се тепаме, коси си кубeме, си оставаме лузни по телцата од маалските , па и домашните борби со браќата и сестрите, но само во зрела возраст сваќаме која е важноста на нивното постоење како и љубовта кон нив која расте се повеќе од година во година... Што ти прават годините ...
Сакам да кажал дека косата ми се крева кога слушам муабети од типот ,"Абее,каде за Велигден?". Дома за Велигден,каде мислеше ти ? Навистина не ги сфаќам луѓево.Едноставно сум алергична на нив и тоа е тоа. Мислам,која е поентата од ваков празник да правите кичерај? Која? Со минич и 20ка штикла во црква се оди? Е,извинете мене ова повеќе ми личи на јавна куќа. Од година во година кога одам да се помолам за Велигден и да запалам свеќичка се повеќе размислувам да не сум го утнала местото.На се личи,ама на црква,јок. И остај ку*винскиот стајл,и што целата светлуца као новогодишна елка,па и после ова одењево во црква следи долгоочекуваната ноќ,она као цел живот да не сте излегле? *** Ми се повраќа од плитки луѓе,ми се повраќа од луѓе кои немаат ни малку почит кон религијата на која припаѓаат,ми се повраќа од сиот овој кичерај околу Велигден. Затоа што е се,освен Велигден.
Многу ги сакам деновите кои можам да ги поминам дома, без да имам потреба воопшто да ги соблечам пиџамите. Кога бев помлада бев уверена дека денот поминат дома е ден залудно потрошен но денес сваќам колку овие преретки денови се непроценливо богатство...
Понекогаш стварно се срамам што сум женско.. После она што го видов денес, ми се одмили се.. Значи влага типка во автобус и неможев да и се изнагледам од нејзините фасцинантни комбинации. Носеше ,,бунда,, исто како јамболијата што ја користела прабаба и пред 150 години. Беше како поларна мечка и мислам дека можеше и тој волот што седеше до неа да се пикне внатре. Косата луѓе неможам да и ја опишам.. Изгледа сабајле си правела некои проби за утре јајцата како да си ги намести, нешто во вид на кокошарник. Самислете долго виткано сено испрскано со 50 лака. Луѓе ми се згадиии ама најозбилно. Друг интересен детаљ што и заприметив беа нејзините енормни трепки. Прв пат во живот видов такви, кога трепкаше мислам дека носот си го допираше и после и се враќаа до чело. И нели како што викаат крајот го краси делото, немаше да биде толку одвратно додека не видов дека чизмите си ги ставила во тренерките со флуросцентни помаранџести линии (адидас). Крај! Што е најтрагично се почесто и почесто гледам вакви. Жени/девојки малце од малце, малце повише , припазувајте си на изгледот. Не за друго, да не станувате чести мети на исмевања!
devojkiii sakam da kazam deka sum mnoooogu mnoguu najmnogu srekjna Zasluziv da mi bidi najljut na svet ama on..on mi vikat Te sakam ne mozam da ti se naljutam tebe... Bolit kolku go sakam!!!!!
Здраво, јас се викам Елена и сум зависник од овие две песни... Спојлер . http://www.youtube.com/watch?v=K5KAc5CoCuk http://www.youtube.com/watch?v=vtNJMAyeP0s
Дефинитивно во најдобар поклон ги вбројувам пижамите што ми ги купува баба. Толку се меки,топлички и комфорни.Ама за жал во некои вакви мутавки денови ништо не ми помага да не спијам испрекинато,ко зајак. Поспиј,разбуди се,поштракај,среди некоја обврска,пак заспиj и се` така.Секогаш кога to do листата на обврски ми надминува една страна од word документ јас не можам да спијам. А,факт е и дека опсесивно правам листи,зошто ми даваат чувство дека се ми е под контрола,наспроти хаосот со кој се соочувам секојдневно. Махер сум да направам и листа на листата. Листа за купување имам,листа за учење,листа за читање книги/гледање филмови/серии,листа на места што сакам да ги посетам,обврски што сакам да ги завршам,листа на подобрувања за себе,на домот и слично. Не знам има нешто исполнувачко во тоа да шкртнеш нешто направено ,остварено од листата што си ја зацртал. А,уште поисполнувачко го наоѓам тоа да седнеш со кафе и да си правиш листи цел ден на раат. Вака кога ќе прочитам свесна сум дека имам нарушување некое ама сите имаат во некоја мера,така што додека не ми попречува во животот,обврските и нивното реално остварување во ред е. Нека ми биде помалку штетен дијазепам и нека ми помага се` да средам во предвиден рок.
Абе... до година ова време може и ќе имам син. Со дупчиња на образите и брадиче такво дебелко, прасесто и саде усте, зошто мајка така нели и ќе биде син мајкин. Што знамвеќе...такамиизгледа. Да не ви се објаснувам како е дојдено до заклучоков,ама...тоа е. Здраво живо и чао дечки! П.С. Да ми кажете дали ние што не сме денес во Инстанбул сме нешто не во ред? Од увек ме импресионирале овие масовни зарази. Од пред некоја година оваа, за Велигден во Истанбул, откако Шеќерезад се појави...
Јас за велигден би сакала една карта, за во неповрат, фала. Времето е тажно, оди под ќебе. Си седам, со моето омилено ќебе и шоља чај. Бришев прашина, преуредував, перев, смукав.. не се фалам, ги кажувам маките. А ме чека уште дупло толку работа. Зошто собата сама не се чисти? Наградно прашање.. Моментално сакам да сум на плажа, да го гледам заоѓањето на сонцето. А наместо тоа добивам само..
Am I totally in sane? Бидејќи... Не го истакнувам мојот приватен живот на фб? Не се таггнувам секоја минута каде сум и со кого сум и што правам? Не ги ставив свежо вапсаните јајца на фб,туку ставив јајца од нет,како обележување на празникот на фб? Не и го честитав јавно роденденот на мајка ми,татко ми на ФБ со фразите како Тато ТЕ САКАМ ти си најдобар татко на свет...? Не ги ставам сите слики од селфи-глупирања,глупирања со сестра ми? Не ставам слики од свежо избришаната прашина по дома? Не кажав дека настинав и појдов кај замената на мојата матична и при што бев известена дека замената воопшто не дошла на работа а јас кашлам и буфтам два дена и ноќе особено кашлам? Младиноооо шо прајме вака?? Е па баш сум нормална бидејќи одгоре наведеното ништо не објавувам на фб Како и да е....need sth to relax http://www.youtube.com/watch?v=hciBxuTRUno Мајка ми ми вели денес : Многу сакаш правдина-е нема така ќерко..... Е ептен ме изнегативира стварно... И да мамо верувам во прадвина и сакам да ја сеам насекаде каде што мислам дека би можела да успее Позз и убав ден
Зошто празнициве ги напнуваат луѓево? Наместо да се ужива во се што се прави, да се извршат обврските со задоволство и насмевка... не, сите нервозни, фучат и дигаат тензија, растрчани ко муви без глава, сите им се криви ако не испадне нешто како што треба... Смирено, празник е за уживање, а не да се искара секој со секого... Или до времево е...?
Овој ден се совпадна со смртта на баба ми пред 2 години. Пред 2 години два дена после велигден таа замина во рајот, да биде дел од царството Господово, да му служи и да се најде со дедо ми. Ми недостига, секој миг. Се сеќавам како да беше вчера. Овие денови чувствувам како да е тука, како да ме гледа... Се чувствувам сигурна, но ми фали тој бакнеж во чело и таа прегратка која ме правеше да се чувствувам искрено и сигурно. Не те заборавам бабо. Никогаш.
За Велигден обожавам дома масата да биде преубаво аранжирана. Секоја година купувам, правам по нешто ново, надополнувам само за да ни биде убаво. А, најбитно и јас се чувствувам преубаво и радосно. Во Недела јас шетам со татко ми. Иако не сум баш мала, така сум договорена со тато дури не се омажам да шетаме заедно. Го сакам премногу и го гледам колку му е мерак за нас со брат ми. Порано со брат ми се тепавме, а сега сме најверните брат и сестра, толку многу сме блиски. Како растиш созреваш. Порано трчав да го накодошам на мајка ми, а сега ќе го кријам. Не му било лесно и него со толку помала сестра. Се случуваат толку многу работи. Порано кога ќе појдев в црква за Велигден, палев свеќа и се молев за училиштето, потоа па за факултетот, па брат ми да се вработи, да имаме мир... Овој Петок се молев само за здравје и живот. Можеби не толку доцна, но соочена со животите, тагата на другите сфатив колку само тоа е најбитно. И бидете позитивни малку, за утре кажаа сонце и не дозволувајте за ваков убав празник дождот да ви биде пречка и да ве прави тмурни. Јас сум среќна и ви посакувам и вам да ви бидат СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ.