На моменти се осеќам ко уплашено детенце а на моменти со цел свет би се борела, на моменти некоја меланхолија па ќе погледнам наоколу светкаво празнично, луѓе шетаат и одма како сонце да ме огрева, гледам светла точка и викам се е до перцепција, убав е животот ако сакаш така да го гледаш, да му се радуваш.
Пробај со лажица шеќер да ги голтнеш капките и одма вода. Јас така ги пиев. Горчат до немај каде и еднаш ко тебе се зезнав со вода да ги испијам. Или пробај пиј чај од валеријана на Good Nature. Мене и чајот ми делува па ги баталив капките.
@crimson Have a cocktail Кримке, да не се лажеме Шала на страна, во истата ситуација бев пред еден саат, па си направив лимонада, не мора да пиеш никакви апчиња, туку пушти си некоја омилена песна плус СДК Одењето на концерти е една од најомилените работи. Еуфоријата, атмосферата, гласната музика, омилените песни, погледот кон омилениот пејач, забораваш на се, а после концертот ти е како на секоја важна прослава, кога следуваат тапа моментите, а внатре во мислите си дека од утре, ќе живееш поинаку, поборбено, повозбудливо и конечно ќе ги оствариш соништата. Не за џабе музиката е нешто најмоќно.
Сдк. Тишина, тишина која ми го топли срцето дефинитивно, ме враќа да размислам низ годините, каде бев лани во ова ладно и тмурно време а каде сега. Да, и лани се си имаше своја убавина, и какаото пиено во твојата дебела огромна тренерка сама на терасата додека вееше снег и сега ова време испиеното какао уз непровидната магла и ладното време но со тебе и со срценцето наше што чука во мене. Различно е, друго е .. и не се споредува .. но, секоја етапа, секој период носи своја магија наречена живот, живот граден од беспрекорни спомени. Ми фали уште елката и сијаличките.. Ужасно ми фалат.. Си велам другата година ова време, со тебе, со малото и со елката ќе се виткаме во лскави и во сијачилки китејки ја нашата елка.. нашиот живот.. нашата среќа. Нашата фамилија.
Си се качив ко царица во такси и на сред пат забележав дека трите железни 50 денари, всушност биле обични 5 денари...Наместо 150 ден, сум имала 15 ден... Ми застанува скоро пред куќа и му викам: Хехе, сум немала доволно (читај немам ич) пари, да појдам до дома и ќе донесам, еве овде живеам Им ѕвонам дома ама изгледа легнале... И тој ми се врти: Ми вика: Знаеш ли вика колку души ми имаат направено? И ете ги чекам уште да ми платат... И ајде едвај некако се убедивме дека не го лажам... одам со трчање дома сите си легнале (што е чудно тоа време да спијат), барам, барам НЕМА...Едвај најдов 500 денари, а постино ништо. Се враќам радосна, демек поштена сум ти реков ќе се вратам , му давам 500, и ми вика: Ееее сега кај ги најде...немам ситно Епа му викам немам ни јас ништо... (После 10 минути) Јас потпрена до прозор со парите му стојам (ко да купувам курва), тој бара ли бара ситни, а во позадина Цеца (Пред вратима спавала ко пас) Па среќа после толку време помина некое друго такси, застана и му раситни.... Ми ги брои и ми вика: Еве ама немам уште 5 денари...ќе ти должам 5 денари Историско стана и возењето и парите и кусурот...за тоа време можеше уште 3ца патници да собере... Туку во врска со цитирање на темава............................не бришење на такви мислења, туку бан од темава да се дели!!!!!!!
На форумов не има секакви... Мажи, жени, деца.. Високи, ниски, слаби, дебели.. Но на крај, сите сме исти и еднакви...ник од неколку букви Со секого не контактирам, ама тие со кои контактирам се срциња во секоја смисла на зборот..одбрани на некој чуден начин, без посебен критериум.. Секој од вас ми е посебен на некој начин.. Со некого можам да разговарам на сериозни теми.. Со некого на зезање.. На некого да бидам рамо за плачење.. На некого да изигравам психијатар.. Некој да изиграва мој психијатар.. Со некого можам да разговарам како со вистински пријател што ќе те прочита и ќе ти врати нешто убаво и паметно.. Среќна сум што ве имам .. Во вакви денови кога се тргнало надолу, да имаш некој да те сослуша е луксуз.. Сосема случајно, тука најдов дури неколку.. Повредни сте и од пријателите околу мене! Ептен сте ми мили Нема да ве тагнам, си знаете сами Ви благодарам што постоите!
Комшијата ме поздрави со "Добро вечер". Излегувам од дома очигледно кога младите се враќаат од излегување.
Моментот кога погледнеш на ФБ , и сваќаш дека некој совршено ја опишал јаката жена... Таа само со овие карактеристики освојува, покорува, не и требаат накитени алишта, прескапа шминка, нити преголеми гради само памет, поглед и парфем кој како личен печат останува насекаде позади неа...да се памети!!!
Сопствен родител да те повредува?Еден и единствен родител кој ти останал,да не ти се јави да те праша како си?Да лежиш болен во постела,без да те праша да не тие потребна помош?Незнаеш ти родителу како го кршиш моето срце,иако е одамна веќе распарчано,само го допарчуваш,но знам дека ке живееш подолго од мене,но те молам кога ке ме нема,немој да тагуваш и да ме бараш,затоа што никогаш не си бил прав родител,никогаш не си се запрашал дали ми треба помош,дали ми фали родителска љубов,баш никогаш овие работи не си ги замислил.Затоа што јас не сум дел од твоето семејство,јас сум оној кој ти е најнебитен во животот,но фала ти за све.Јас нема да ти мислам ништо лошо,само ке ти посакам све најубаво во животот,а Господ е оној кој ни суди на сите.
Се пробуди машкото во мене Се присетив на една игра што ја играв како мала делта форс ја барав на плеј стор ми дава една ама не е баш иста. Ако некој знае нешто плис нека гукне. Играта беше војници и се пукаше во планина и пустина. Со снајпери пау пау пау Ако некој знае ќе го благословам до 101 да живее. Да ја најдам и ќе се заразам со неа
@ЕденЧлен Кога една врата се затвара, наскоро нова се отвара! Чудни се Божјите патишта, навидум тешки, но секогаш праведни!
Недостигањево е правопропорционално со приближувањето на денот кога треба да го видам. Колку ми е поблиску, толку повеќе го посакувам. *********************** Лани кога се селевме, во подрумот од куќата налетав на книга постара од мене.. еротски приказни се. Ако нашиве се палеле на оние приказни си пропатило Македончето. Ја не можев да престанам да се смеам. Спојлер: +18
Тогаш обично е Најважно. Мирот и спокојот,после здравјето го чинат човекот. Но за да се стигне до мир и спокој не е бесплатно. Тоа е најскапото нешто кое го плакаме,сите до еден. Го плакаме со здравјето најчесто.
Мразам монотонија. Не барам кузне што, само една прошетка на студов. Да ми ги раздрма сетилава во телово. Да ми направи една мозочна чистка.
Чекајте чекајте пипл, мислам дека го доживеав врвот на моето, а ваше познато, брзинско селективно читање. Овој пат, од "Секс без кондом" и "Како до чисто лице?", го склопив нема што, Секс без лице Па и одозгора се мислам минута време што прашуваат всушност во таа тема
Кога велат- Човек на се се навикнува, дали и ние се навикнуваме да живееме без оние кои не се повеќе меѓу нас? Оти уште душа ме боли кога ја гледам неа сама, талка со погледот, оти нема кој да ми ги гризе слабите раце и да ми измислува секој ден различни прекари, оти нема кој да заигра на проклетата музика што ја слушам сама дома, тоа време ми е под кожа, тоа време е мое минато, а јас никако да навикнам .....