Деновиве доста активно се приклучив во помош на внук ми за боење во неговите новогодишни боенки,до таа мера што си спуштив и апликација-боенка,за да си бојам кога не можам да заспијам
Вие што си се фалите сами дека сте убави....што ви е бе? Мене туѓ срам ме пука еј... Пред некој ден бевме со мајка ми во бутик, и едно влегување таму ја сретна и директорката од работа. Одма почнаа со мубети ко да не се виделе 30 години, а пред 2-3 саати биле заедно на работа...жени СИ гледам јас настрана и само ја слушам таа жената: - Абе јас секако сум си убава, си имам убаво тело, па што и да облечам убаво ми стои... ама се мислам која боја да земам Јас одма се вртам, ја мерам од глава до пети, и таман сакав да речам на зезање: -Некому му умрела циганката што го фалела хихих....Ама мајка ми пошто ме знае што ѓубре сум, пред да речам нешто, одма ми се заврти и ме замолчи со поглед...па зборовите си ги голтнав... Но тоа не е се...после некое време пак почна да си се величи: - Често на кафе кога седиме со Филипче (синот), мислат дека сум му девојка а не мајка хехее па дури и еднаш коа беше у врска, и јавиле на девојката дека Филипче седи со друга девојка хехех а он со мајка му на кафе хехех И така го извадив телефонот, и изглегов надвор да "зборувам" , пошто не можев да се воздржам... ем да не се насмеам, ем да не речам нешто па мајка ми да си го јаде на работа Ве молам...сите сме си убави сами на себе...осет малку, ок?
СДК.. Всушност сакам да прашам.Вие кои ја составувате листата за најфеминка под кој критериум ја оценувате категоријата најдобра мајка? Стварно не ве разбирам...
Од сите животни лекции на кои ме научил животот, највредната е: - колку порано прифатиш дека е предоцна - толку подобро за тебе!
Порака : Здраво,здраво... Ти ли си Аутлук од Идивиди Форумот?! P Ако да, тогаш јас сум СУАДА! Луѓе кој има време да биде активен на неколку форуми, супер, секоја чест, јас не сум, значи ако воопшто постои некој/а Аутлук на друг форум ТОА НЕ СУМ ЈАС !!!! Па, кој верува верува, кој не негово си е.
Не можам да ги разберам моментите на веридба означени како "She said YES!". Испаѓа, они дома кај неа сите се собрале, до трето колено, она, мајка и, тетка и и комшиката, сите со икебани и сврдли ала фонтана-локни на главата, трпезата до Драчево распостелена, а момакот во полузакопчана кошуља, со румените образи на татка, клекнал пред неа, ја запросил...И она изненадно рекла Да! А овие другите онака спонтано се собрале таму До зборот ќе да е, најверојатно
СДК животот и онака е доволно комплициран,па ајде да не го зачинуваме од повеќе и ние луѓето со нашите драматични сценарија и комплекси...тешко е да се биде човек во денешно време,многу тешко,ама барем обидете се да го направите тоа(за проба никој не ви зема пари)
Сдк дека денес е Св. Никола нека донесе радост, среќа, благосостојба и хармонија во секој христијански дом. Честит празник македонци каде и да сте.
Oчoбoл дoбивaм кoгa ќе видaм нa ФБ слики oд зaљубени пaрoви и кoментирaaт зa тoa кoлку се сaкaaт. Oќеј, гулaпчињa, нa никoгo не му е гaјле дaли вие се сaкaте или не! Истo дoбивaм oчoбoл кoгa ќе видaм некoгo нa улицa, a стaвил oчилa зa сoнце нa тмурнo и oблaчнo време. А дa не збoрувaм штo нoсaт oчилa вo зaтвoрени прoстoрии и кoгa ќе се стемни.
ОДамна сакав да ја сменам матичната, не можев да се разберам јас одам за таа да ми кажи шо како, а таа мене ме прашуваше- и сега шо да правиме, шо да ти дадам, каде да те пратам ЧЕк јас треба да и кажам ? Ама јас ми беше незгодно, а требаше многу одамна да биде заменета. И барам упат си имам мака, не ми дава, ми рече шо ако сум се снимала, ако знам дека ми е тоа и шо И се одлучив појдов кај друга матична, мн задоволни блиски луѓе од неа и вчера само преминувам улица и од другата страна матичната шо ја сменив И јас насмеана така да и зборнам и ме виде и главата си ја заврти Ми падна првин малку глупаво, ама секој си има право на избор јбг
Денеска пиев кафе со другар од детство. После години договарање да испиеме кафе, конечно најдовме време. И го испивме веројатно и последното заедно. Со оглед на тоа што си заминува наскоро без намера да се врати назад. Мило ми е што што ова го почнува премногу позитивно и плус некоја згодна плавушка го чека таму. Ми рече - сакам таа..да е таа. Ме потсети дека некогаш сум му прогнозирала дека ќе си најде убава работа на запад и доколку погодам да ме "потегне" и мене. Јас не се сеќавам додуша...ама кога тој така вели.. му верувам. Уелл.. соу лонг лузерс!! Се зезам де! Јас мојата среќа на Балканов ја најдов.
Некој вели дека хуманоста се учи од мали нозе, не, јас мислам дека човек со неа мора да се роди, мора да има срце кое чука за сите, кое е нежно и сочуствително. И како се ближат празниците гледам се повеќе се делат новогодишни пакетчиња, но дали искрено се делат тие? Во Љубљана денес имав чест да присуствувам на интимно поделување на подароци на деца кои се жртви на семејно или сексуално насилство. Тие борејќи се со своите трауми имаат можност да веруваат уште еднаш во Дедо Мраз, во добрината, па му пишуваат писмо со своја желба. Овие желби се објавуваат на веб страна и хуманите луѓе може да купат подарок, да го адресираат за конкретното детенце. Подароците им се даваат на нивните мајки, кои за Божиќ ќе се обидат да им ја вратат насмевката на лицата на децата. Без медиуми, без потреба за аплаузи, за собирање општествени поени. Подароците изгледаа вака, богато, топло, исполнувачки.... самото сознание каде идат го затоплува срцето уште повеќе... а ние? Мислам веќе е јасно зошто не припаѓаме во Европа.....
Луѓето со ангелско лице и усни од кои мед им тече лесно ќе ги испружат своите раце за да те турнат во мрачна бездна и провалија, но никогаш нема да ти пружат рака за ти помогнат. Внимавајте кого прегрнувате, често се случува таа личност да држи нож во својата рака за да го зарие во вашиот грб и да ви нанесе болка.
Не се ситам на туѓа несреќа. И мене ми е жал за тоа што се случи. Но кога е тоа божја правда, јас можам само да кажам: Господ е голем, тој дава, тој зема. Толку.