КомшО пее "Среќата со пари не се купува" , а у меџувреме го паркира неговиот исполиран Мерцедес Бенз, С-класа...и тата би сине Опаа! Шала на страна, реално гледано, така е, па дури и од искуство кажувам. Јес да парите живот значат, ама има некои и со тоа не се среќни, бидејќи среќата е избор што произлегува од главата. Познавам и сиромашен чичко што еднаш ми рече дека за ништо не би го менувал својот скромен живот, бидејќи има се што сака, беше неизмерно среќен. Па ете, не е Мерцедесот или Ролексот извор на среќа или несреќа Спикинг на друга тема во друштво, ја искрено, кога би била криминалец, јес не би се изјаснила, но ниту пак би го негирала со ореолски ставови дека ми е лош животот и дека сум најстрого против истите. Ако сум таква каква што сум и фино ми е, никому нема да се правдам или лошо да коментирам со против-искази, мили Боже, секој со својот избор
Некогаш е убаво да мешаш алкохол, не познаваш никој пред себе и ти е јако. Ама некогаш и не, живи срамотилоци ме јадат поради тоа Дечкото со кој што почнав да искочам, не сум го познала воопшто синоќа Ми пишува денес: - "Добро бе Ајронке, толку ли беше пијана вчера што не ме ни позна..па ни едно здраво не ми рече. Ме виде и се направи на тошо, ко странец да сум" И ја онаква, немам бекап одговор
Еден од првите модели на нокиа не го преживеа падот од осум метри. Мажот ми е тажен, ниту ластикцата не успеале да го додржат за да не се распадне... Го тешам, ќе си купи друг, поубав
Јас сум човек што нема лева и десна чорапа. Универзални ми се. Која нога прва ја дигнам, првата чорапа што ќе ја фатам ја облакам и терам. Ниедно стапало и ниедна чорапа да не се осети дискриминирано. Фер плеј.
Nemam kaj da odam na Sv Nikola pa resiv da si napravam posno i da ja naredam masata. Nie doma sme si dovolno za proslava. Jas pocnav da przam praz, kako i da e ke zavrsam do utre vecer. Neka im e srekna slava i ime na site onie koj slavat.
Сакајте ги сите,без разлика на се,не држете лутина бидејќи едноставно вие сте поразени....Ете така ми дојде по две непријатни случки....Сум помогнала,а ми се вратило со ништо односно со лекции. И пак ќе речам излгеда премногу сакам да помагам и не чини тоа..Како и да е..Си седам моменатлно сама со моиве и си пуштив народно малце да осетам и јас славеничи дух иако не ми е славата Честита слава на сите што ја слават. За многу години Св.Никола и напомош на сите.
Сакам да кажам... веројатно за повеќето од вас 30-40 денари не значат многу, но некому живот му значат. Не би било лошо доколку, ете така некогаш, купите некаков оброк за некого чија судбина не го милувала многу... Купете баничка, храна во конзерва или сува храна и дајте ја на некое бездомно куче / маче кои мрзнат по студов, или пак додека нарачувате еден тост или било што од пекара за вас, нарачајте два и дајте еден на бездомникот кој мрзне на ладново со искината јакна и патики. Не за џабе рекле дека храната која ја давате на гладните и бездомните, е душевна храна за вас. Ако сакате светов да биде подобро место, почнете да го правите таков, и најмал потег е доволен. <3
Секоја чест за напишаново,баш сакав пред некој ден да напишам слично нешто вакво.Сепак денес скокнете го кафето во кафич од 100 ден и направете го овој добар хуман потег.
Јас сум од оние личности кои мразат да делат било што.Ако нешто не е целосно мое, тогаш подобро и да го немам воопшто. Пример, хмм, јадење.Мразам да делам од она што го јадам со сласт.Знам смрт ми беше основно кога цело време беше: кристин може да пробам од ова, дај едно од ова, скрши ми малце. Мојот одговор како културна личност и добра другарка беше повели, земи ајде. А одвнатре бев ваква
А јас сум човек што не знаел дека чорапите се разликуваат на лева и десна, се додека не го прочитав твојот пост Сум немала ни дискриминаторски мисли на таа тема. Еднаквост пред се!
Ако треба да бирам најубав мирис дефинитивно ќе го одберам мирисот на помаранџа и мандарина. Па тоа прекраснотии кога ќе јадеш мандарина и цела соба мириса така најубаво.
Кога преживуваш поволни и неповолни ситуации тоа се нарекува, дел од животот... Кога се смешкаш во сите тие ситуации ... тоа се нарекува, уметност на животот !
Всушност во ваквите безначајни ладни и тмурни зимнски денови кога несвесно и несакајки ќе седнеме заедно, ќе се стуткаме и ќе гледаме некој филм или немарно ќе зазборуваме и ќе се навратиме на куп спомени и среќни моменти уз какао и некој колач сваќаме дека навистина среќата и мирот, спокојот во нас се состои од навистина мали нешта што никогаш скоро и не ги забележуваме а не дигаат кон восхитот и смиреноста на душата.
Драги Дедо Мраз секоја година знаев да си посакам себично желба само за себе. Ќе ти речев донеси ми една хаска , ама согледав нешто што е многу поважно од тоа. Деда Мразе знам дека луѓето ти бараат материјални нешта,моите се аспрактни . Би сакала повеќе да нема убивања во Алепо, да нема напади низ светот, ни тажни очи во лицата на мајките на болно дете. Деда Мраза дај им здравје на сите, а потоа среќата и љубовта си доаѓаат сами кога си здрав. Искорени ги негативните карактеристики на луѓето, искоренија себичноста направи ги радосни. Една играчка е среќа за еден месец, ова јас што го посакувам е среќа за цел живот, тоа важи и за моите најблиски Дедо Мраз. Прости му на лошото дете што немало кој да го научи на доброта. Како за сите што посакувам,истото си го посакувам и за мене. Деда Мразе не барам многу, сакам луѓето да ја видат твојата магија и истата да ја почувствуваат. ❤
И темнината има бои,илјада во мракот,со нив заспиваш. Како ѕвезда закачена на темнината на небото.Како неостварена,заборавена желба.Одамна беше тоа,одамна очите ти се смееа.Радост,некогаш,како рана пролет. Ве гушкам.
Значи ти кога влегуваш во соба кај твоите, треба 50 пати да тропнеш, да викнеш, да се накашлаш, пак да чукнеш на врата...па тек после да се обидеш да ја отвориш вратата. А тие кај тебе кога влегуваат: Мајка ми....1000 пати и имам речено дека може се пресоблекувам, може гола сум, може гледам нешто, може спијам и секогаш добивам одговор: -Па што? Јас сум те родила, сум те капела, сум те израснала, се сум видела на тебе...те знам каква си Што криеш од мене? Да не се дрогираш? Не мајко, не се дрогирам...сакам само малку проватност, ебате беља. Да не може на крај да излезе човек со стариве Туку да не беа славиве ќе заборавевме како изгледаат тетките, братучедите и комшиите (јас сепак одам кај најблиските само за јадењето, а не ми е гајле како изгледаат луѓето ) Актуелна тема: ПОЛИКИТКА Актуелно јадење: Сарма, риби, баклава.
Демек стави го да се полни, и лежи ке те фати сон. еве ти приспивна песна: Добра ноќ и пријатна вечер!