Дали мене така ми се чини, или навистина како што одминува времето, луѓето се` помалку уживаат во празниците, се` помалку како да се чувствува некаква еуфорија за било кој празник? Ретко да видиш некого со искрена, широка насмевка на лицето и позитивна енергија, па како што е редот да се поздрави со секој познаник којшто ќе го сретне и ќе си размени убави желби... Криво ми е кога луѓето не знаат да се радуваат на овие моменти, цело време се обидувам да ги расположам ама слабо некако... И да, и јас баш дојдов да пишувам за онаа претпразнична нервоза, паника меѓу луѓето. Ги гледаш сите растрчани, нервозни, брзаат некаде и ја пропуштаат вистинската суштина на ваквите денови, преокупирани со тоа дека се` треба да биде совршено. Не дека не е обврска за повозрасните, ама сепак празник е луѓе, треба таа обврска да претставува радост, задоволство, а не товар и нервоза. И всушност не е поентата да биде се совршено средено, или пак облеката што ќе ја носиме како на Нова година на пример, туку суштината на празниците е насмевките што ги делиме, искрените желби и моментите поминати со саканите. Времето сега е дежурни кривац, ама ако не знаеме сами да се расположиме и да се радуваме на убавите моменти, секогаш ќе има некое оправдување. Затоа cheer up бе луѓе, датумот станува вистински празник со насмевките, нашите и на луѓето околу нас. Направете го и вие празник за паметење, насмевнете се, делете радост, топлина и љубов...
Не можам да сфатам зошто толку многу времево има влијание врз моево расположение...Само еден проклет сив облак да ти го расипе цел ден...Да те натера да се чувствуваш меланхолично,осамено,тажно...Постојано како да барам место каде би можела да побегнам од се' и се' да заборавам...Никакви проблеми,никакви кавги,без солзи...Да можев да побегнам на некое место каде е постојано сончево,место кое го знам само јас,каде нема идиоти и будали кои ти расипуваат се'...Зошто времиштево волку делува не мене? Зошто?! Во вакви моменти ме спасува само музиката и самотијата,да се оттргнам од овие мисли,од меланхолијата...
Кога сме кај фб,веќе стана навистина нешто одвратно. Секакви има по ова фејсбуков. Повеќе соблечени девојки,него ли убаво дотерни,да си ставиш слика баш онака како што треба. А не кога ќе ги видам од оваму ци*ката и изглегла,од друга страна се трти,па што е ова бре? Многу,многу ме иритира ова,наместо да покажеме дека ние сме понежниот пол,дека сме нежни,убави,дотерани,тие "сите" соблечени,а потоа се лутат,се нервираат зошто машиот род така реагира на нив,а вооедно и на повеќето од женската популација и зошто после сакаат само да не e*ат и сл. Па има толку многу девојки кои се безобразни,без никакво однесување и ни тронка срам да се немало. Каде отиде светот? Гледаат кој повеќе да се соблече и да покаже нешто. Не,не и не!Не е се во тоа бре луѓе!Утре треба да бидете нечиви мајки,на што ќе ги учите вашите деца,што ли ќе им кажувате,како се изе*авте со пола град или како имавте по не знам колку лајкови на вашите голи слики? Удрете ја таа ваша глава. Ах па и оние мали "ку*вичиња",од памерс веднаш во танга.Уште газот не знаат да си го избришат ама важно се пи*ки и пол,изглегуваат до сабајле и не знаат со кого и каде биле. И ете се отиде во пропаст.Денес е срамота да бидеш примерен,културен,прибрано облечен и сл. Ве исмееваат,ве прават глупави,неписмени и сл.Многу лоша работа,а кој е крив за тоа,навистина немам одговор.За жал,остана мал процент на такви примерни луѓе со кој ќе ти биде задоволство да разговараш и да го поминеш времето.
Лајтнинг.. Лајтнинг.. Ме повикуваат белите болнички простории.. Немам желба да се борам против нив. Ниту пак сила... Испразнета сум. Истоштена сум. Пред родителите се преправам дека не ми е ништо, ја голтам кашлицата, ја кријат. болката под ќебето. А всушност, не знам ни што правам, ниту каде води мојот животен пат.. Можеби доаѓам кон неговиот крај. Можеби доаѓа часот кога ќе ме покријат со бел чаршав.. Незнам. Но, знам дека не се чувствувам добро, и навистина ми требаат неколку инфузии и топло чајче.
Ние жените сме многу чудни створења.. Денес излегов да си купам пантолони и ја исшетав цела чаршија и ни едни не ми се бендисаја Побогу и на крајо си заминав дома со чанта, која патем немав ни потреба да ја купам, ама ептен ми се бендиса.. Уште неможам да се изначудам... Знам дека не сум единствената шо е ваква, ама сепак На диета бев, али Велигден ми е омилениот празник, традиционално праење на благи, кифли, и воедно полни фрижидери. Јадам ама од се по малку, ја претерав по некој пат.. Ви посакувам убави празнични денови
Имам зборувано за светоста и значењето на семејството, ама ова кое што ќе го кажам сега, се надевам дека правилно ќе ми биде разбрано. Од "браќа сте да си помагате (па дури кога ќе си имате свои семејства)" воспитувањето си патиме цела нација. И при тоа под тоа оди секакво материјално, емотивно, не знам веќе какво помагање, цицање, уништување и заборавање на себе си само зошто другиот е малку така неспособен. Почит и све, ама еден обавезно го јаде подебелиот крај на сметка на другиот, за жал и помалку способниот.
Љубовта била болна работа.Ме прогонува и прогонува.Нема ден да не помислам на него, нема ноќ пред да заспијам да не помислам на него.Толку ме боли одвнатре при помислата дека неможам ни зборче да му прозборам, ни пак тој мене.Толку се молам да направи нешто за да го однејкам.Ама се е џабе..Викам онаков бил, таков бил, а кога ќе го погледнам срцето ми се стоплува и едноставно неможам да не го сакам.Штета што неможам да го гледам секојдневно, ама подобро, инаку ќе ми летне умот.Пред некој ден имав прилика да го видам, го гледам и си викам фраер голем е, може секоја да ја има, ама неможе секој него да го има..Целосно си го сменив однесувањето поради него, немам простор за други размислувања, само тој е во главата.На часовите не слушам предавања, мислите ми се некаде далеку, далекууу.Пред некое време и пишав реферат на една другарка, искрено мислење ама не успеав да го исполнам и тоа што го пишав.Зошто? Секако поради моето време, скопро никогаш немам време со друг да зборувам, а секогаш имам време да гледам слики од него и да мислам на него.Ај со лесно нека ми е натаму, толку мала а толку заљубена ххахах.
Не знам зошто, но...секогаш кога ќе го исклучам телефонот, пропуштам некој важен повик. Ќе излезам на кратко од работа-мора да ме побара директорот. Се опуштам ли-правам грешка. Нема да се нашминкам-ненајавено битна средба каде мора да остававиш впечаток. Облечам ли штикли-жалам што не сум облекла балетанки(и обратно). Ќе направам голем ручек-не се гладни, ќе решам да поминеме со нешто онака-доаѓаат мртви гладни. Дали ова само на мене ми се случува???
Се губам во сопствени комплекси. Не се познавам. Се заборавам. Заборавам колку вредам. Заборавив како изгледа убавината на животот. Го заборавив мирисот на среќа. И само едно големо НИШТО ги спречува моите солзи. Апсолутна тишина. Се слушам себеси како молчам. Темнина во мене а очите ми светат. Бесчувствителна сум или што? Проклет дожд кој го вади ова од мене. Проклет студ кој ме потсеќа на душава. За момент си ги видов соништата и сфатив дека биле ставени на последно место. Што ми е?
Чувството кога туку што си помислил дека некоја личност се променила, истата таа личност ти ја урива таа најмала надеж и повторно те разочарува... priceless
Како јас да сум напишала Да знаеш,во вакви ситуации дејствува господин Марфи,па не се замарај кога нешто оди наопаку и не по планот,едноставно така требало да биде Убавата страна е,кога најмалку очекуваш баш се ќе ти оди во прилог,и ручек и директор и штикли.
Нема ден да не ми помине без нервози. Толку проблеми ми тежат на глава што мислам дека веќе ќе пукнам. Таман некоја работа ќе почне да се средува и оп, закочува. Испаѓаат уште милион мали проблеми. До кога вака?
Не знам за вас, ама за мене секој празник наместо одмор е замор. Обврски еден тон. Така е на секој празник. Единствено нешто што посакувам е да си легнам и како човек да се изнаспијам. Е тоа е за мене одмор.
СДК дека сум сменета. Не знам дали на подобро, дали на полошо, зависи, кој како си сфаќа. Сега јас сум си на прво место, другите се после мене. За разлика од порано, толку многу се трудев да се прилагодам на се, на сите да им биде удобно и пријатно покрај мене, но сфатив дека е џабе. Дали да се загрижам за мојава промена, дали да си уживам, ќе видиме Во секој случај, вака сум некако посреќа и поисполнета. Денес конечно си купив штикли. Mајка ми беше пресреќна, се спаси жената после толку часови одење по продавници. И да ви кажам феминки, ме немаше некако на форумов во последно време, па ми фалеше некако и форумот и вие. Се надевам ќе бидам поактивна и пак ќе си се дружимееее!
Христос Воскресна! За многу години да ни е Велигден! Мир, здравје, среќа и бериќет , на сите христијани!
Се решив оваа година да не фарбам јајца. За мене тоа е ситница,ама маж ми направи скандал. Ме праша да не сум во некоја секта зачленета . И така, под притисок, фарбав јајца до пред 1 саат, излегоа катастрофа, ама ко за секташ арни се.
Ја заокружив 20 ката, на вака убав ден. Ме чека деценија позитивност, така одлучив. Исто решив ко за промена да славам род нден оваа година. Нарцисоидно ќе редактирам, колку да закачам нарцисоидна песна која по некоја случајност е објавена на денот на моето раѓање. Нарцисоидна случајност нели ? http://www.youtube.com/watch?v=BOJDVebh8Wg