Пробај со истиот совет што и го дадов на Dust. Мобилниот трни го настрана, и лежи некои 5-15 минути, од досада ке заспиеш.
Jас колку што гледам Dust не пишува на форумот што значи заспала Како и да е, и јас почнав да се прозевам од "Twinkle Twinkle Little Star" ми се приспа... Јас одам да спијам, @Crna Dama ти посакувам добрa ноќ и пријатни соништа!
Вчера имав еден момент на паника дека сме ограбени. Аха. Некој дошол и го украл само мојот лап топ. Барав во една, друга, трета соба...го нема и нема. Ај пак од почеток. Проверив сите места каде го оставам, сите штекери каде го полнам, сите ќошиња каде евентуално малава би го одмкнала доколку го дофатила и не го најдов. Се уверив дека го нема и се пуштив да барам други вредни ствари низ станов . Најдов и дигиталната камера и на мм комп. и таблетот...ама нели, тие не се толку убави како мојот компјутер, па ништо чудно крадецот да ги нејќе пи само мојот комп. да го зел. Колку повеќе се задлабочував во приказната за крадецот на комп. си признав дека нешто не штима, не ќе да има крадец, туку да седнам да се преслушам по стоти пат. И ај, седнав пред бирото, малата во скут и думам ли думам. Она почна да пофаќа со рачињата се што и испадна пред очи и како собирав се што и е на дофат и редев на пивисоко ОП ЕУРЕКА. На највисоко што може сум ги напрчила комп. при последната поседенка пред биро со малата. Ама така наместен, ниту крадец немаше да го најде. И кога испаднав од бањање не можев гаќите да си ги најдам. Не смислив никакви теории за заговор. Само си помислив ако не ги најдам јас, свекор/свекрва утре кога ќе ми дојдат на гости и отидат до веце гарант ќе им испаднат пред очи. Ден два без телефонот. Сагата goes on. Сабајле се успа. Кога срипа во 06. Ај што касни, па вика вика...ваква била модерната технологија, таква била. Со неговиот НОКИА тоа никад не му се десило . Си мислам па не се денешниве телефони до толку паметни мисли да читаат кога да звони аларм. Треба да си го навиеш . Доста муабети од сабајле, свеки кај да е ќе дојде. Стокмени чекаме со мадам, имаме милион обврски да завршиме. Убав ден на сите.
Сакам да кажам дека не знам кој ден сме, а уште помалку кој датум сме... Не знам ни која смена сум, ни кога почнува, нит па како ми биле нормалните смени... Буквално доаѓам навечер дома, се туширам, се облекувам во чисти алишта и легнувам да спијам у нив, за сабајлето само јакна и чевли да облечам. Понекогаш не се ни туширам, нит пак нови алишта облекувам. Ме заболе... Одвај чекам да заврши месецов, да ми дадат слободни денови и да се одморам. Па ако сакаат и нека ме избркаат, веќе не ми е ни гајле. И така сакам нова работа да барам. Како живеат колешкиве вака со фамилија и деца, јака им душа. Ти ибам државата...
Вистински мaж се пoзнaвa вo зимa...кoгa вo истo време сo еднa рaкa требa дa oткoпчa прслук a сo другa бoди ...
Сдк поладна ноќ во животов не сум имала и најсреќен нека ми е , се надевам оваа година ќе ми донесе само убави работи
Мислењето на Џоли за мајка и, ме потсети кој џихадист од мајка ја го имам. Мајка ми во принцип е многу тивка женичка, ОСВЕН кога збори на мобилен или треба да те разбуди. (од второво имам трауми, сериозно!) Кога влага во соба, во случаеви кога сум и рекла да ме разбуди уште од ходник почнува да збори и упаѓа во соба као терорист. И почнува, ајде јованти ми рече да те разбудам, толку и толку е саат, телефонот не ти ѕвонеше ли? ..и така си збори гласно ко навиена. Ја во тие моменти доживувам 5 мини срцеви удари. Дигам глава не знам кај се наоѓам и ми требаат некои 2 минути да сфатам што се дешава... Цел живот будењето ми е трауматично и уште не сум навикната. Еднашка требаше да ме буди во 2 по полноќ, да пијам апче и и кажувам, и викам те молам мамо немој бар да си толку гласна. И наредно, влегла кај мене во соба ама вратата се подзатворила така што во собата влагаше светлина од ходник само под еден кос агол. Мајка ми стигнала до мојот кревет во една рака чаша вода, во друга таблета, стои чучната пред мене фејс ту фејс и прошепотува нешто. Јас во полуразбудена состојба, темно, глеам само сенка и нејзините очи директно светат карши моите.. почнав да врискам колку што ме држи глас. После тоа се договоривме да не ме буди повеќе, like never. Ама ја обожавам. Најсветло сонце ми е. #еднаемајка
I can't keep calm, it's my 20th birthday! Како помала оваа бројка и возраст ми асоцираше на премин во светот на возрасните, дури и на почеток кога сум разбрала за поимот полнолетство - сум мислела дека е на 20 години Па, би требало да си ветам дека сум за една година позрела, I guess А од универзумот, освен скромните желби за здравје и љубов за себеси и сите драги луѓенца околу мене, ќе побарам бои да ја обојам годинава со разиграност и позитивни промени како што ми е сликата во мојата имагинација Фала ви многу на сите за честитките, убавите желби и зборови, драги мои Ми го разубавевте денот! Да ве почестам...
Се испомажија/испооженија децата, а ја уште се нервирам оти вчера не најдов бело Манчмалоу во маркетот.
На какви се глупости сум губела време и нерви. Ама затоа дојде времето да си се посветам на нешта кои навистина заслужуваат внимание. И убаво ми е.
Секогаш кога се обидувам да се сетам на некои моменти од детството, секогаш тие мисли ми доаѓаат во вид на белина, среќа, а во позадина многу сонце. Порано како никогаш да не било ноќ, студено или мрачно...засекогаш тие детски и весели моменти, заглавени се во мене со многу убавина. Не можам ни да ги доловам.... Повеќе пати имам пробано да ги запишам ама не можам...немам доволно зборови, ни пак доволно емоции за да доловам на обично ливче хартија. Еден преубав детски спомен, што често ми се врти низ глава... Зимски распуст. Дечиња од 5 до 10 години, сите на поседок во село. Сабајле рано стануваме, а надвор имаше снег и малку сонце. Радосни, малку каснавме и одма заминавме да играме по снегот. Воздухот чист, сонцето "со заби", снегот замрзнат... Се собраа и другите дечиња што биле дојдени кај баби/дедови, сите со капчиња, шалчиња, дебели бунди. Снежни топки, бункери, улички правени од снег, снежни војни...на радоста и немаше крај... Селаните си поминуваат и ни се смешкаат, и нив им беше мило што дошле дечиња и им го развеселиле селото. Дедо ми ги бара санките, а во меѓувреме ние се вративме дома да пиеме чајче и да ручкаме. Постарата братучетка се обидуваше да чита лектири, а братучед ми земаше вода во чаши и тураше по снегот за побрзо да замрзе, за поубаво да се лизгаме... Повторно сите надвор. Се пуштавме со санките од највискотие ливади...ми беше страв сама, па братучед ми цврсто ме држеше и заедно летавме...100 пати паднавме, 100 пати станавме...брат ми најмалечко, трчаше по нас, па баба ми го земаше дома покрај огон и му даваме играчиња за да седи. Не можеа да не соберат дома....ни ги зедоа санките, ама сепак ние си правевме лизгавици со нозете, крадевме кеси од дома, им седнувавме и така пак продолжувавме... КОга се прибравме, пиевме какао, пуштивме радио, јадевме костени и бевме сите околу шпорет...ечеше куќата со смеење и раскажување кој направил полуд штос....дедо ми веќе спиеше, а баба ми ставаше дрва во огнот и со голема љубопитност не слушаше што кажуваме... Си легнавме по тројца во еден кревет, се уште се смеевме и едвај чекавме да се раздени за пак да продолжиме. Се би дала барем за момент да се вратам во тоа безгрижно и преубаво време. Барем за момент пак да бидам безгрижна, весела и најсреќна, без да размислувам на обврски.