Само на мене ли не ми се ништо посебно по вкус Линдор чоколадите? Ние си бираме која боја ќе биде нашиот живот.
Мноогу сум среќнааа конечно се видов со мојата најдобра другарка, многу ми недостасуваше и конечно денес се видовме
Доаѓаат убави семејни празници,а нашето семејство се распадна како кула од карти,ме боли искрено ме боли душата,едноставно незнам како опстанав на земјава,ама тоа само еден знае Господ.Уште една година,уште еднаш во најголемите празници јас пак ке ги поминам без мојата мајка.Само да знае колку ми фали и колку ми е потребна,би се појавила од некаде од небото,и би ми рекла,сине не се грижи јас сум тука СЕКОГАШ. Проклето ми фалиш мамо
Не . Ама очигледно ќе треба да презедам некои подрастични мерки или да почнам да играм dirty dirty бидејќи од старите резерви вчера беше измкната друга НОКИА која поради очигледни причини повторно беше постегната со ластикца Е тоа да видиш. Некои кријат пари, други скапоцености....мојов да ти имал едно фиокиче со НОКИА антиквитети. Сабајле телефонот беше ставен на подот за алармот да биде регистриран и кога почна да свири цела куќа во 05 . И одма....гледаш Дани, НОКИА аларм, квалитет. Да не ми се плачеше ќе се смеев.
сдк ејј колку чудни работи можат да се случат во секунда, неверојатно нешто и не би го нарекла тоа случајност, тоа е можеби судбина
Постои една насмевка која ги брише сите солзи. Една прегратка која ги лечи сите рани. Еден поглед во кој го пронаоѓаш сето она што ти фалело. За секого!! Верувај!
Читам и као по обичај не дочитувам, листам од страна и онака ноншалантно (во рок од 30 секунди) ја заприметувам темата за "Затворање на фонтанелата" и рефлексивно помислувам, пак отворила Симонка некоја тема за Битола, да се буни оти некоја фонтана ќе им затвара Двојче. 30 секунди оти додека ја одминував темата, си мислев од кое значење им е толку една фонтана, па се бунат Seriously Зоне? Извадок од епот "Отишла да доџе", Замфирова, З. стр.587
Имам многу да кажам .. Ама сега за сега ќе останам само на.. И една (за мене) мудра мисла која што за прв пат ја слушнав од човек што никогаш не ми беше пријатен.. "Некогаш Господ ја смирува бурата, а некогаш те смирува тебе за да ја преживееш истата!"
СКД:Мнолгу ме нервираат луѓе од типот:Јас "ништо не јадам" а го гледаш има над 100кила. Исто така ме нервираат луѓе од типот"бананата" поправа.Сестро златна,ако цел живот си била на "банани"сигурно дека немало сега да бидеш 90кила со тенденција за повеќе.Не сме будали,те гледаме секој ден како по "2"леба јадеш.Значи не е до бананата. Кој сфати ,сфати.Не ми е намерата да навредам некој,ама ме вадат од рамнотежа ваквиве луѓе. Или луѓе од типот :таква ми е конструкцијата. Да напоменам:тука не зборувам за тие што се од нешто болни.
ᵀʰᶦˢ ᶦˢ ˢᵒ ˢᵐᵃᶫᶫ ᵗᵒ ʳᵉᵃᵈ ᵉᵛᵉᶰ ᶠᵒʳ ʸᵒᵘ ᵇʳᵒ⋅ ᴰᵒᶰᵗ ᵗʳʸ ᵗᵒ ᶜᵒᶰᵗᶦᶰᵘᵉ ʳᵉᵃᵈᶦᶰᵍ ᵗʰᶦˢ ᵇᵉᶜᵃᵘˢᵉ ʸᵒᵘʳ ᵉʸᵉˢ ʷᶦᶫᶫ ˢᵗᵃʳᵗ ᵗᵒ ʰᵘʳᵗ ˢᵒᵒᶰ ᶦᶠ ʸᵒᵘ ᵈᵒᶰᵗ ˢᵗᵒᵖ⋅ ᵂʰʸ ᵈᵒᶰᵗ ʸᵒᵘ ˢᵗᵒᵖ﹖⋅⋅⋅⋅ᵍᵒ ᵃʷᵃʸ ᵇʳᵒ ᵃᶰᵈ ʳᵉᵃᵈ ᵗʰᵉ ᶰᵉˣᵗ ᶜᵒᵐᵐᵉᶰᵗ⋅ ˢᵗᵒᵖ ʳᵉᵃᵈᶦᶰᵍ ᵃᶫʳᵉᵃᵈʸ﹗ ᴵ ˢᵉᵉ ᵗʰᵃᵗ ʸᵒᵘ ᵈᵒᶰᵗ ʷᵃᶰᶰᵃ ᵍᶦᵛᵉ ᵘᵖ ʳᵉᵃᵈᶦᶰᵍ﹖⋅⋅⋅ʷᵉᶫᶫ ᵒᵏ, ʸᵒᵘ ʷᵒᶰ ᵗʰᶦˢ ᵗᶦᵐᵉ, ᵇᵘᵗ ʸᵒᵘ ˢʰᵒᵘᶫᵈ ᵍᶦᵛᵉ ᵐᵉ ᵃ ᶫᶦᵏᵉ ᶠᵒʳ ʷᵃˢᵗᶦᶰᵍ ʸᵒᵘʳ ᵗᶦᵐᵉ ПозЗ3³ ®
Другарка ми, ми пиша пред малку.. Заедничка пријателка со само 28 починала вчера после полноќ во сообраќајка... Не знам што да кажам..немам зборови... ми се тресе телово... Аххх ти неправеден животе...
Сакам да кажам дека имам носталгија за македонските забавни песни од пред 15 год.Тоа беа песни Врчак,Каролина,Верица Пандиловска,Маја Вукичевич,Маја Пнчева,Ребека и сите други од тоа време.Ехх ве обожаваам
Има такви....кои ништо не јадат ама имаат проблеми со хормони па се навистина 100 кила.Ретки се, ама ги има. СДК статистиката вели дека на форумов има 200 активни члена, кои најмалку два пати неделно ѕиркаат на форумов. Останатите се воајери, профили отворени за една употреба и банирани тролови