глеам постирате нешто околу загадувањето овој период као очекувате институциите да превземат нешто...алооо они деца убиваат на улица! ги боли патка за воздухот што не ви прија!
Луѓе, значи, многу е едноставно; преедноставно е - ако не владеете добро одреден странски јазик, ве молам не се резилете со небулозни и пред сè, неточни верзии од фразите и зборовите. Или барем, искористете Гугл транслејт или било каков онлајн речник. Барем точно ќе го напишете зборот, ако не друго... Останувам на тоа дека подобро е да се напише на мајчин јазик, кога веќе очигледно е дека она нешто од типот: 'cangratulation to our new very best inginer' не е лапсус, ами незнаење. Аман, искористете го глупион Гугл транслејт понекогаш...навистина помага.
Баш сега ми завибрира телефонот, бившиот ми пишал дека ако немам каде за Нова, поканета сум со него и неговото друштво. Искрено, смешно ми падна. Иако ми е бивши од поодамна, пред добри четири години, памтам дека разделбата со него во тоа време ја доживеав многу тешко, со плачки, тага, ми се чинеше ко да е крај на светот. Јас бев таа што трчаше по него, се нервираше зошто не ми пишал, не ми се јавил, не сме се виделе... На крај, јас бев таа што го остави. Откако помина пола година-година се сврте кругот и тој почна да ме бара. Порано буквално се молев да ми пише, а сега ми пишува онака речиси на daily basis и не ми е гајле. Дури и ме замара тоа на моменти. Сега кога ќе се видам со него имам некој пријателски однос, и не ми се верува дека ништо не останало од тој навидум, преголем "пламен" на времето. Оваа случка ми беше само поттик да го напишам мислењево, но размислувам општо на сите работи кои порано толку многу сум ги сакала/посакувала, ми биле важни а сега сето тоа ми изгледа смешно и чудно. Чуден е целиот тој процес на растење, надраснување на стариот ти, менување на старите размислувања.. а тоа се случува толку брзо. Кога ќе погледнам каква личност сум била пред само 6 месеци, една година, се е сосема поразлично. Работите кои толку сум ги величала, и сум ги сакала сега се заменети со некои други работи, за една година од сега и овие сигурно ќе бидат заменети со трети.. Но, најироничното во целата оваа ситуација е тоа што наспроти толку работи што се менуваат, некои упорно и упорно остануваат исти. А баш тие треба да се променат.
Наградна игра на Групер. Заврти и добиј некоја награда: https://grouper.mk/masina-za-podaroci/?affiliate=10203175202983996
СДК го сакам овој период од годината, крајот и новиот почеток...Се надевам дека новата ќе биде поубава од оваа...
Кога се кити елката , мојата задача е да го китам задниот дел. Според моите родители јас не ги поседувам критериумите да го китам предниот дел, туку задниот ,запустениот,мрачен,валкан,сив,утепан од господ дел каде што никој не го гледа, слика, радува, ужива, тој дел припаѓа на мене. Тоа е мојата судбина со китење елки
Прв ден од боледување , 17 саати на работа !! Колку што си ја сакам работава толку и ја мразам... Еве да се почастите , има за сите
И после купваш марама што одговара на таа чанта, и на другата, па чизми или чевли, и на крајот фустан. Мислам, хелоу, мора да се има комбинација
Се чувствувам како да имам крилја и можам да летам. Ја чувствувам среќата, онаа која мислев дека ми е далечна. Чувствувам дека можам се' што замислам да исполнам. Опкружена со прекрасни луѓе и месечината ми е достижна. Ама почнав да работам на себе, секој ден. Секој ден да е нов почеток и нов предизвик. Среќата си ја најдов во малите, ама значајни работи, таму ја најдов и љубовта. Има и не толку добри и весели денови, ама со борба поминувам и учам од нив. Навистина животот бил бајка. Ама секој сам треба да се бори и да си ја создаде својата бајка.
Вакви периоди ми се најтапа. Имам за учење ама психички сум изморена и џабе гледам во книгата, а ако излезам некаде или ако си гледам филмови ме гризе совеста...испити на врата, а јас да губам време...во исто време не можам да запамтам ништо од книгата и си се жалам сама на себе... Така во круг времето си поминува...ни филм изгледан, ни научено, ни бакрачи...
Денеска започна зимата. Ептен брзо ми лета времето. Не знам тоа дали е лошо или добро. Но барем знам дека кога брзо ми поминува времето нешто добро ми се случува. Како и да е, не доволувајте никогаш во вас да завладее зима Имајте убаво попладне
Најубаво нешто што може да ви се случи во животот, е да запознаете луѓе кои размислуваат и функционираат на ист начин како вас.Нека се множат животот ми го прават поубав и подобар.
Ова демек сакаше да ни кажеш - те пофалиле дека си новиот најдобар инЖИЛер? Ааа бе, што си тииии... Па остај друго, кај те фалат, ти уште ги резилиш тука на форумов како појма немаат англиски. П.С. Честитки!