Кога една врата ќе ни се затвори пред нос, чукнете неколку пати, но ако остане затворена оставете ја таква. Во љубовта, кариерата и животот кога ќе видите дека доаѓа крај на реченицата, немојте да се трудите да ставате запирка. СДК дека мора да научиме кога во животот на нештото му доаѓа крајот... Па колку и да не провоцира тоа, да извлечеме поука од истото.Нека ни биде мотиватор и иницијална каписла за понатака.
Уште една година измина. Кога?! Како?! Во сето брзање не ни забележуваме како времето изминува. Но на крајот од годината, кога ќе застанеме и за миг ќе се обидеме да ги забележиме промените кои ни ги донела веќе изминатата година најважно е да бидеме среќни и задоволни од сопствените промени, да знаеме дека од сите предизвици со кои сме се соочиле во таа година сме научиле нешто и сме се доизградиле како личности. И секако уште поважно е да ги имаме покрај себе саканите личности за да можеме да ја започнеме новата година без да недостига некој дел од нас. Имајте преубави последни неколку дена од оваа година и во добро расположение, со насмевка на лицата и уште поголеми насмевки во срцата дочекајте ја новата година. И секако празничната магија не може да започне без некоја добра стара песна Имајте убав ден
Да си се цитирам сама и да кажам дека поласкана сум што Коце Трајановски ги следи моите постови... Откако го пишав ова, ја откажа приславата на плоштад и парите ќе ги донира во хуманитарни цели Истото и во Велес се случува.
Само искомплексирани луѓе на ниска вредност може да се фалат колку потрошиле и како потрошиле. Ме нервираат такви луѓе кои не знаат да разговараат на ниедна друга тема освен за тоа колку многу трошат они. Зар толку не можат да ја видат мојата незаинтересиранот ?
Животот продолжува понатаму и покрај се што ни се случува,и покрај се што доживуваме секојдневно,и покрај сите проблеми и нервози,сите убави моменти и задоволства. Денеска ќе биде минато а утре е веќе нов ден,секој нареден ден посакувам и помислувам дека некогаш се што ми е замислено во глава ќе се оствари а до тогаш се надевам дека секој нов ден ќе добивам сила ...за денешниот ден да остане запаметен и со насмевка да го дочекувам секој нареден. Како и секој посакувам само најмилите да ми се живи и здрави а за друго се надевам дека ќе дојдат и моите 5минути дека и јас ќе го најдам совршеното место под сонцето и ќе сум уште посреќна од денес.
СДК добра идеја е ова парите од новогодишната прослава на плоштад во Ск да се донираат онаму кај што е потребно. Но некако не ми штима таа ноќ плоштадот да биде празен. Некои луѓе едноставно немаат кај да одат за новогодишната ноќ, неможат да уплатат некаде или сакаат онака лабаво да ја поминат вечерта и плоштадот беше идеално место да се отепа вечерта без да се замараш. Шо знам јас, не знам што да кажам. Новогодишна ноќ во главниот град без никаква забава, некако крипи е.
@Elissa Не мора скроз Елиске да се укине концептот на забава, но нека се направи во поскромни разумни размери, а не спектакуларно како да изгледа дека може сето тоа да се дозволи од буџетот Не сме Париз, не сме Лондон, нека има еден бенд, малку музика, малку винце и тоа е
Па тоа викам ем се израдував дека парите ќе одат онаму кај што треба, а од друга страна не е добро и никаква огранизација, така малку од малку нешто нека има
Финтата е што години наназад не било ништо спектакуларно Да не грешам душа ама ич не верувам дека парите ќе одат онаму каде што треба
Човекот е дефиниран како поединец. Треба и да се однесува како таков. Дај доста веќе препуштате други да ги водат вашите битки и доста со цимолење наоколу. Патетични сте.
Во ред е да се донираат парите од прославата за Нова година на плоштад,но воопшто не е во ред што не ги известиле пејачите претходно дека им го откажуваат настапот и хонорарецот.Авалон кажа дека доколку биле известени,пејачите пак би пееле и би се откажеле од хонорарот за да се дадат во хуманитарни цели,во што искрено верувам.Си зел за право Коце сам да одлучува.Па не ја поддржувам ич неговава одлука. Народот сака прослава,каква таква,со кое право сам ја ускратува,без да се консултира со изведувачите,па сега ги оцрнува и нив. П.С.Не знам дали е само шпекулација,прочитав Авалон ќе бара од Коце и град Скопје да се откажат од шест плати.Нема врска нека е само зафрканција,поентата е таа.
Генерално, многу ретко имам awkward моменти во комуникација со луѓе, ама па кога ќе ми се случи таков момент - за сите пари е! Па и кога ќе се усрамам и посакам да пропаднам в земја, не знам да сокријам и дипломатски да се извлечам. Чудо едно е како сѐ ми се манифестира на лице и бетер од смајлито сум во образите. За денес што да ви кажувам... Среќавам случајно колега од факултет и му викам еј, Заев како си? А колегата албанец, Заит се вика. И после двојазичност, аха двојазичност my ass! Да се знае кој е главен! Си се изнасмеа колегата, јас стандард си поцрвенев и се извинив, еве дури сега ми стана смешно, па споделувам.
Луѓе без чувство за одговорност ми иде да ги мавам со нешто силно ама тапо по глава. Секој е заменлив.
Ide Nova godina,okolu mene luge so mnogu drugi luge kontaktiraat,a ja sama,samo ce me poglednat i nisto.celi 4 meseci e taka i nikako da se smeni ova.Do koga ce trae?Tie od sredno ni zdravo ne mi vikaat,klasniot me prasuva dali se gledame i koga mu go kazuvam ova se cudi.I normalno e,im se gleda kulturata i sovesta.
^ Епа сега, не можеш со луѓе од средно да се дружиш ако не си одговарате за дружење. Мене од средно ми се останати две другарки, од основно една. Сите останати што ми се сега блиски ми се некои со кои имаме нешто повеќе заедничко од рандом клас во кој што сме се паднале на 14 години.
Би се радувала ако парите наменети за новогодишна програма би биле наменети за оние на кои навистина им е потребно ама познавајќи ја алчноста на дотичните личности и недоверба во нив се ми се чини или дека буџетот е празен, нема средства за плаќање и организација или парите ќе бидат наменети за политичка програма и кампања за локални избори.
Никако не можам да дочекам еден толку битен мејл, цел ден на секој пола саат проверувам. Еве мислам дека ќе гасам лаптоп и до утре не отварам мејл.