Ако има прослава зошто да има, ако нема пак не чини. Сега па и парите ќе завршеле во нечиј џеб. Да почекаме да видиме како ќе биде. А и не можам да ги сфатам предлозиве вработените во град Скопје да ги донираат парите за кои работеле, а семејствата нивни? Пејачите секако ќе си договорат настап нема да останат со празни раце. СДК многу чуден и превртлив народ сме, никако да ни се погоди. Забележувам многу лицемерие околу себе. Последниве години се протестираше за се' и сешто: за човекови права, за слобода, па се кажуваше не на насилството и ред други работи. Само колку страници на форумов се испишаа на оваа тема. Сега јас не гледам или нема осуда за претепаниот алпинист кој си го искажал своето мислење по одредено прашање? Нема повик за протест против насилството или се бориме за фотелји, скриени зад превезот на некаква борба за слобода? Ова е мое мислење, не е насочено кон некој конкретно...
Треба детално да изгуглам за значењето на зборот „мазохизам“ ќе да сум таа крвна група. Не е можно, еј не е можно до толку да се преоптеретувам со обврски (работа и учење). Јас не знам кога, не се сеќавам кога сум била без ништо да работам, чисто онака денгубење што би се рекло. Преморена сум, и лицето ми е уморно се гледам, ама не, не иде да одморам ке сум немала време за ова, ке сум немала време за она... Има некоја психологија позади ова мојава зафатеност и жед за обврски, само не сакам да докопам до крај да видам што е тоа. И тука сме кај муабетов, не се замарам ни за НГ ни за славење. 99% дека ке си купам некое убаво црвено винце, ке си зготвам нешто и сама ке си поминам, со тие што сакам да бидам не можам од пуста далечина па затоа најубаво сама. Не можам да се замарам сега со бркање луѓе, со друштва, со пијанчења со не знам ти каков уште кичерај, преку глава ми е од луѓе и од се што се случува. И да, нема да спијам сега, ке учам....
Колку иритира она иронично МИЛА и такви размазчнувачки фрази...Луѓе дајте малце бидете поприродни,поубо е напинате @*Amethyst* ко јас да си се опишувам себеси,ми се чини ти јарче беше во хороскоп...Тоа е ,такви сме си...јас подобро да бидам зафатена со некоја работа по цел ден оти инаку лошо е,не се чувстувам исполнета и енергија имам до бескрај...А и како да сум си научена сама да живеам без многу друштво...неколку луѓе...а понекогаш дур и никој хехе
Толку ми е жал кога гледам како бездомни мачиња и кучиња мрзнат надвор на студот.. ПРеѓска од автобус видов како едно куче лежи надвор, толку ми падна жал. Кога би имала, услови и финанси би направила едно згрижувалиште за сите душички.
Има некој друг што мисли дека петардите се тотално глупав и непотребен производ? Која еуфорија...еј брат, фрли бе, фрли 5 одеднаш, многу е јако, нека пука. Фрли од тераса, фрли во контејнер да ја исплашиш (или осакатиш) мачката.
Цело Скопје се гуши во смог и прашина од кое добиваш главоболки, кашлица, се осеќаш како претепан од што дишеш, гратис на тоа арома имаш на косата и облеката и пак некој упорно ти вика - Епа од ладново настинуваш, не се облекуваш, и собава земи почесто проветрувај ја Барем на некој да му беше грижа...
Има денови кога сум била без зборови, ама денешниот ден уште еднаш ми покажа колку сила влечат плеќиве. Сѐ што сакам да кажам, веќе е испеано. Во прилог ви го праќам маестро и неговото ремек дело. А ти, само замисли...
После мнооооогу долго време можам да кажам дека сум среќна. Си се смеам сама на себе како одам по улица и полека ми се појавува насмевка на лице. Па што било убаво чувството ))))))))))))))))))))))) Мислам дека е време да им кажам збогум на сите нервози и грижи што на некој начин ми ги упропастија последниве неколку години. BYEEEEEEEEEEEE, до никад више
Има една Зелка, и многу си ја сакам ама малку е болно. а излеземе да шетаме, по 15-20 минути очките му стануваат црвени. многу ми е криво. сакам да и помогнам на мојата зелкичка, утре ќе одиме на контрола. баш заради тоа ми беше страв да земам куче, дека многу ќе го сакам. ама толку е, веке ми зема цела десната комора од срцето
Se sto sakam da kazam,vo isto vreme e i mnogu i malku...zgasnaa dve ocinja malecki,dve ocinja koi bea polni so zivot..potonaa vo vecen son..
Сдк оваа година јас нема да побарам пакетче полно со чоколадо, и бонбони. Ќе си посакам пакетче исполнето со многу љубов, среќа и успех, доверба, и здравје. Да нема тага, ќе посакав исто и да не се разделев од мојата единствена љубов, ама за тоа веќе е доцна. Дедо боже подсети го на мене , и прегрни го силно, подари му пакетче и на него, исто како моето и тој да биде радосен. Донеси ми го најдобар подарок би ми бил ТОЈ . Ете само толку сакам во новата 2017 година
Порано собирав пакетчиња со чоколади. Оваа година не сакам пакетчиња, себе си ќе си посакам љубов,здравје и среќа. Успешно да си најдам работа и од прва плата да си купам хаска.
Ако не го бендисам - крената сум. Ако јас го бендисам а тој не - досадна сум. Заклучок: ДОСАДЕН СИ КОГА НЕ ТЕ БЕНДИСВАМ хахахаххахахах
Од сите грозни чувства што постојат, убедливо најгрозно е кога сакаш да помогнеш на некој а не можеш. Не можеш за него да направиш ништо со своите раце, само да ги склопиш и да се молиш.
Се дружам со свекрва, односно де раскревам, де список за пазарување правам, де трчам по детево а она ми помага со чистење. Да ми ја поживее господ и секогаш вака да си имаме коректен однос. Ми донела голема тава за потпекување, баш каква што и кажав дека планирам да си купам. Уште многу фамилијарни ручеци да си спремам во неа. Иако не ќе е лошо уште една, уште поголема да набавам. Да се најде ако се збереме многу народ. Мажево ми даде вчера обврска да префрлам пари за нарачка од ибеј. Како секоја нормална жена се понадевав на некакво божиќно/новогодишно изненадување. Отидов на терминалот со тоа листот кој ми го даде и гледам дури од Белгија. Охо хо, нешто посебно си реков што го нема кај нас. Внесов податоци, пополнив... И кога оп, на крај, цел на префрлање НОКИА тел.. Ама ист бил како тој што му падна. Сега си чека да му стаса пакетчето. И кукул ќе му ставам пред да му го дадам .
На светот му се потребни татковци. Татковци, сегашни и идни, бидете им вистински татковци на своите деца. Грижете се за нив, галете ги, шетајте, зборувајте, пресоблекувајте. Не сте свесни колкава самодоверба сега, а посебно покасно во животот детето ќе ја има. Колку вашата улога има влијание на здрав развој, да стане здрава личност емотивно, ментално и духовно. Мајката е битна, ама таткото е битен исто така, оти што не може едно, може друго и тогаш е целосно. Тоа е највредното, најисплативото и најинспиративното нешто што можете да го направите во целиот ваш живот!
Да ви кажам другарка ви Сандра денес каков кикс направи.... Вчера полагав и не бев спана две ноќи многу имаше за учење. Бев спана два пати по два саати. А јас без јадење пиење можам, ама без спиење се губам скроз! И напишав по тој предмет, се убаво... Денес пак сабајле имав за полагање. И си реков нема да стигнам посекако ама барем ќе читам еден ден па од кај знам можи ќе ми се погодат прашањата. И така капната прст пред очи не гледам читам ли читам. Денес одам на полагање, ги гледам прашањата- прв пат ги гледам. Седам така 5 минути. И ми текна. Од друг учебник читав..... По друг предмет............ Си се потпишав, си излегов... Толкава утка немам во животот напраено. Туку да си легнам сега да поспијам па после да седнам да учам- од точен учебник се надевам.
Денес сум одлично расположена , си купив нови наочари.. менувам изглед малку Размислував за леќи ама новиов цвик е и ќе си останам со наочари Го имам него, го сакам , ме прави среќна, стварно среќна Различни сме да, ама можеби и тоа е причината поради која се заљубив во него Се ближи и нова година, обична вечер ништо повеќе. Само здравје барам од Бога во новата. Здравје сите да не служи, луѓе тоа е најбитно. Другото се ќе си дојде по ред. И доста размислував како да се променам итн. Не се менувам! Јас сум ова и крај. Сакам да сум ваква. Кој ме сака, ме сака. А јас сите ги сакам
Еве, и оваа година се наближува кон својот крај. Слободно можам да кажам дека ми помина како сон. Пребрзо... И да можам, би ја продолжила. Слушнав барем дваесетина познаници што ми се пожалија дека 2016 им била најлошата во животот. А мене па, ми беше најубава. Дури тој суперлатив е малку. Нај, нај, најубава. Почна како и секоја друга, но веќе со пролетта дојдоа и поубави денови за мене. Расчистив со чувствата кон една личност што ме измачуваа со години. Поедноставно кажано, ја заборавив старата несреќна љубов. И како што е редот, по таа катастрофална ситуација во мојот љубовен живот, дојде нова љубов. Нова и уште поголема, иако мислев дека нема веќе да засакам никогаш. Ама знаете, клин со клин се вади. Друг начин нема. Дојде таа личност што ме натера да заборавам дека некогаш сум била несреќна. Секој ден-празник. Благодарна сум и денеска што се будам секое утро со љубов во срцето, со искрена насмевка, и волја да го зграпчам секој ден што претстои. Чувството е бесценето. Промената секогаш доаѓа кога не очекувате, но подобри денови секогаш доаѓаат, не може вечно да врне Освен ова, успех со факултетот. Скоро и без напор. Зашто кога човек прави нешто со желба и мотивација, ништо не е тешко, ништо не претставува напор. Ја добив и првата работа, иако привремена, и сето тоа не траеше многу долго, сепак беше доволно за да стекнам некакво искуство, нови познанства, да ја земам мојата прва плата и иако не ја потрошив многу рационално, сепак дознав како е да располагаш со свои пари. Летото заминав и на патување од соништата. Кругот на пријатели можеби ми се стесни, но сега знам дека до мене останаа оние кои требаше да останат. Благодарна сум за се`. Колку и да звучи како клише, некои работи навистина се бесценети! Сега се` што можам да си посакам е и 2017 да ми биде барем приближно толку убава и успешна како 2016.