Убавиот човек најчесто не знае дека е убав, па си ја дава душата на неубави луѓе, и тоа не неубави на лик или силуета, туку неубави со неубава душа со која нелогично зрачат со ефтина самодоверба и така го хранат со трошки убавиот човек.
И додека се почесто слушам за таа машка доминација, за потребата на одредени преставици од машкиот род да ги потценуваат жените. И се додека гледам како некои мажи секогаш се поставуваат супериорно, секогаш се надмоќни, секогаш тие „одлучуваат“ за се, ми останува само да им се насмевнам в лице. Зошто тие кутрите не знаат дека оние силните, оние ителегентните и борбени жени не може да ги купат, не може да ги доминираат, смешни се кога ги потценуваат. Зошто тие кутрите не знаат дека силните жени на полноќ од дедо Мраз ќе посакаат само еден кој ќе ги обожува до лудило, кој ќе ги цени, ќе им дава мотив, сила да го покорат светот, само еден кој ќе заборави да биде свој од потребата да биде само нејзин..... Само еден ваков, не заат тие кутрите дека силните жени сакаат..............
Штетата од поединци со меморија на златна рипка е минорна, се' додека заедницата не ја зафати колективна амнезија. Е тогаш веќе нема спас од колективно бунило ..... или лудило. ****** Инаку, сдк дека дома имам двајца, што два дена се превртуваат со 39° тт. Едниот со температура, денес ќе одел на тренинг, а другиот ќе умирал. А бе, мeне ќе ме умрете пред време од што сте напорни
Сдк На гастербајтериве наши нешто им фали во паметот ПИСМО и стигна на мајка ми од братучетка и, жената кога била во Македонија најверојатно си заборавила/изгубила розева маица на прерамки и сега очајно си ја бара, во прилог на текстот нацртано беше маичето
Кога им пишуваш не ти враќаат, а кога им требаш очи ќе ти ископаат па уште и ќе ти пререкуваат. Море марш сите! Си направив мафини, си завршив работа на факултет си добив уште едно 10-че, второ по ред за неделава. Користам прилика да се поздравам со моиве пошто до четврток нема да ги видам почнувам со учење тууурбо.
Награден(а): Денес во 00:40 Четврта годишнина 4 години со Фемина. Честитки, сигурно веќе сте како семејство со останатите членови Bravo bravo
После цела ноќ со висока температура што никогаш не сум имала, оборена во кревет мислев толку е, ќе рикнам, ја преживеав ноќта некако, машки станав се спремив и тргнав во поход. Сменив 2 автобуси и стигнав до либето.. Сеа тој што ќе дигне температура за некој ден е друг муабет. Мислам општа епидемија по автобуси предизвикав.. знам ходајучи хаос сум.. нат прауд оф ит. Среќа после 2 ноќеска веќе не качив температура, па денеска се фрлив на шетање. Арно ама..грлово партали, пољупци исклучиво на образ и врат.. колку толку да се превенира деновиве Ми се избаци вчера во еден поткусарен дуксер, колку време сме заедно не му го знам, ми се стемни кога го видов. Како што не ми беше добро, плус го чекав пола саат на ладно со багаж потежок од мене, ми идеше да го рашлакам тука пред станица. И ако не престане да пцуе дур вози, жими се ви кажувам ќе го попарам со чајов. Ама затоа шалчево што му го земав го навртел околу врат од вчера. Душа моја. Спојлер: Зррр
Секогаш кога одиме кај баба ми на гости, има купено банани. Зошто? Порано кога бил мал татко ми премногу сакал банани, ама ем толку немало по продавници, ем немала пари да му купува. Еднаш на 2-3 месеци му купувала по една банана и и било жал како со толкава сласт ги јаде, а таа не можела да си дозволи да му купува насекое... Затоа сама си ветила дека во иднина кога ќе има можности СЕКОГАШ ќе му купува банани. Еве над 40 години се поминати од тие моменти и се уште му купува на секое одење во продавница, па кога ќе појдеме му ги дава Една е мајка!
Буквалист,реалист,двете во едно значат удирач со глава во зид. Избегнувајте да бидете токму ваква комбинација.
Го пратив брат ми до продавница по црни дебели хулахопки за мене, многу ме интересира со што ќе се врати.
Утре сум на Новогодишна прослава од работа... Има да се направам Диме Спасов! П. С. Знаеш дека си остарел кога наместо милион пати да го редактираш постот, го бришеш цел и више никад не го пишуваш повторно.
Збор, два за насилниците во скопските локали ... Веќе подолго време во државава владее колективно бунило и прогресија на изместени вредност, време кога насилниците стануваат од калта и ги вадат на виделина сите грди лица на насилството и безумието... Пишувам за наводно секојдневен случај по скопските локали за време на новодишните прослави.. Но, во голема мера е дел од сликата на трулото општество. Имено млад лекар специјализант се обидел да му објасни на вратарот во „Џубокс“ дека се на прослава со колегите и дека имаат резервирано маса. Вината на лекарот кој секојдневно помага на луѓето била тоа што сакал да се разбере со неразбраниот. За возврат добил неколку удари по глава пред сите присутни.. Претепан и понижен од крволочното суштество наречено човек... А ги има многу такви, усијани глави што демнат по градот придавајќи си вредност на сметка на нивната неурачунливост за физички пресметки... Си даваат на важност и сила и удираат по нашите деца, браќа, сопрузи... Но општеството ги храни и ги етаблира, ги хранат газдите на дискотеките, полицијата што константно ги пушта да дивеат и ние луѓето што немо молчиме на многу вакви случки. Се прашувам дали во другите земји каде лекарите се почитувани и вреднувани, јадат боксови од вратари и им е дозволено истите повторно да обезбедуваат локали??? Вчера студент, денес лекар, утре било кој од нас ќе добие телесни повреди од вакви лица и дали ние како општество сме преблаги и им дозволуваме да не газат... Ете онака сакав да кажам, жеже и пече кога вакви работи се случуваат некогаш за жал за некој и со фатални последици... Имајте убава вечер и чувајте се.
Овие празници, за прв пат после неколку години, нема да има празно столче дома. И тоа е единственото нешто на кое неизмерно се радувам. Јас сум ви иначе тотално некул особа. И во моменти на еуфорија продавам позитива како алва. Како локум. Како кадаиф за Бадник. Фул оф булшит тоа се вика. Можам да напишам книга за самопомош, иако не можам сама на себе да си помогнам. Совет? Плис, миленичето дома подобро ќе ви каже од оваа крава. Знаете, животот ви е како едно возило, тој што има контрола сте вие и само вие и на каде и да забега само вие сте виновни. Ха... ете пак почнувам Слушам музика на слушалки, звукот наликува на силен дожд, Мјузик из хилинг. Едно нешто сепак ќе си дозволам да ви кажам, сакајте ги своите луѓе и бидете добри со нив. И слушајте ги.
Најголемата лекција која човек мора да ја научи, колку и да изгледа ситна, незначајна...лежи токму во свесноста. Свесност да ги набљудуваш своите мисли, свесност дека буквално сѐ си привлекол самиот и преземаш одговорност за истото. Никогаш не е крив ниту Бог, ниту судбината... Кога ќе ви се случи нешто лошо, наместо да се прашате "Зошто јас, зошто мене?", прашајте - "Која е лекцијата која треба да ја научам?" Станете свесни дека лошото не е лошо, туку е за ваше најголемо добро, само ако го отворите умот за барање на причината, животот ви се менува. Дури и при најмала главоболка, се запрашувам, со што ја причинив, која ми беше последната мисла? Секогаш е некоја која ми предизвикала стрес, грижа, страв ... Ми се случи да доживеам преубав ден кој никако не сакав да заврши и на пат за дома почнав да се чувствувам лошо. Сфатив дека тоа е мојата помисла на одење дома и желбата на сите тие убавини да не им дојде крај. И како го сменив фокусот, како ја сменивме дестинацијата, како ја продолживме авантурата и го одложивме доаѓањето дома, главоболката исчезна како што се појави. Најголемото задоволство и среќа доаѓаат од фактот дека самите ги создавате вашите животни искуства, сами ги привлекувате настаните, но добрата страна е што ако не ви се допаѓаат, можете да ги промените. За да забележите што испраќате и следствено на тоа, што ќе ви се врати, мора да обрнете внимание како се чувствувате. Ако сте весели, возбудени, среќни, искористете го тоа. Смирете го вашиот ум, мислите и почнете да замислувате околности, луѓе, сценарија кои ги посакувате. Осмислете го и најмалиот детал и најважно, ослободете се од сомнежите. Гледајте на себе како на магнет и така ќе станете попретпазливи. Друго, научете да гледате подлабоко, престанете да ги осудувате луѓето, колку и да ве повредиле, размислете зошто се однесуваат така, убедете се дека имале некое искуство кое и нив ги повредило и простете им. Разберете дека кога некој има излив на бес, гнев, кога ќе ви упати лоши зборови...има некој проблем. А зарем би можеле да мразите или повредите човек, кој е веќе повреден? Стигнав до ниво каде толку простив, што веќе помислата на тој човек ми предизвикува насмевка, зашто се сеќавам на сите убави моменти со него, насмевките, чувствата кои ми ги подари. Пронајдете се себеси, читајте ги знаците, откријте каква личност сакате да станете, што ве возбудува и работете на тоа. Јас имам една огромна желба да помагам, да усреќувам, да радувам, да изразувам емоции и сѐ почесто ми се јавуваат идеи што точно треба да направам за некого да израдувам. Ми доаѓа наплив на емоции, една неопислива радост, создавам сценарио како ќе се одвива денот, како ќе изреагира личноста и завршувам со зборовите - го сакам ова или подобро од ова. И пред некој ден ми се оствари баш тоа што го замислив, со таа разлика што не очекував дека така ќе бидам дочекана, не очекував да видам толкава радост, да чујам толку зборови дека сум му го направила денот.. Иако ми кажуваа дека сум направила добро дело, дека сум била ангел, јас не можам да им опишам колкава е разликата меѓу она кое го дадов и она кое го добив назад. Ако гледаме од финансиски аспект, дадов многу и можеби некое време нема да си дозволам ама баш ништо, ама спомените, радоста, чувствата што останаа, не би ги менувала за ништо кое би го купила со пари. Велат, кога ќе направите добро дело, не кажувајте, но јас ќе кажам напротив, споделувајте, инспирирајте други, за да почувствуваат каква е среќата на подарувањето . Да резимираме, барајте ги знаците надекаде, прашувајте се зошто се чувствувате лошо, каква лекција треба да научите, зашто сепак постоиме за да еволуираме и да поучиме други, одржувајте живи слики во главата на она што сакате го имате и никогаш не се откажувајте! Сѐ во вашиот живот е ваша заслуга и прифатете ја одговорноста, обликувајте искуства по ваша мерка. Мисловно побарајте, оставете на Универзумот да се грижи за деталите и на крај, допуштете да се оствари, не го бркајте токму пред да стигне со мисли на загриженост, фокусирање на отуството, туку бидете трпеливи. Знам дека звучам ко извадок од self-help book, но не би споделувала ако не сум постигнала резултати. И за крај, простувајте, благословете ги луѓето со мир и здравје, дури и оние кои не ги сакате толку, помагајте на непознати, радувајте ги блиските, креирајте го животот за кој отсекогаш сте сонувале . И ако има денови кога сметате дека ама баш ништо не можете да подарите, минувајќи покрај непознати, кажете си во себе - ти посакувам убав ден. На други посакајте им да се смеат толку многу, што никогаш да не го заборават денот, на други да им се реши проблемот кој ги мачи, на трети да имаат забавен ден на работа, на четврти здравје.... Секогаш има што да се даде и начин да се чувствувате добро во врска со себеси, секогаш!
деновиве ја искусив изреката во лоши времиња познаваш кој ти е пријател и слободно можам да кажам дека ми се гади не дека сум разочарана сум поминала на млади години низ мн срања што не постои нешто што ќе разочара но да ми се ГАДИ од некој волку колку што ми се гади сега никогаш не ми се десило ...изгледа за се има прв пат