Никогаш не се одлучувајте да одите сами пешки, во ниедно време. Особено ако се работи за дооолг пат и особено НЕ во некоја населба ко мојата... Секогаш е лоша одлуката! Срце не во петта, не знам кај ќе ви влезе... или излезе... сеедно. Христос Воскресе.
Христос Воскресе ! За многу години. Годинава решив пак да си ја ставам свеќата под перница знаете што викаат старите ќе го сониш тој што те сака.. така вика баба. Ај баш да видиме, лани наместо машко, јас ги сонував кифличките. Шта речи.. љубов голема. абе пар снова. И друго сакав да кажам.. Добра Ноќ !!
Постојано си ми во мислите, во секоја приказна јас тебе те ставам во глвната улога, секоја мисла ми е заедно со тебе, го замислѕвав Велигден со тебе, но не се случи.. те сакам покрај се
Христос воскресе, за многу години нека ни е празникот! Многу здравје, бериќет, слога во сите куќи! Ајде да се кршиме!
Христос воскресе, смртта со смрт ја победи, и на оние во гробовите, живот им даде. Песната е преубава, ми дава мир кога ја слушам на Велигден. БТВ,, каков текст прочитав вчера, за Велигден и цело време ми беше во памет, и потоа во црква видов дека всушност, се е така, но јас не сум забележала. Повелете линк, сигурно ке ве насмее и замисли. http://sarma.mk/zivot/dnevna-soba/15056 ... -veligden/ СДК малку ме мава депресија, нервозна сум без причина, ми се јаде, а после ми се повраќа, сакам да спијам, а ми се плаче кога ке замижам, а немам никаква причина за тоа. А не е ни ПМС.
Убав ден денеска, а пред се убав празник. Иако со годините еуфоријата кај луѓето се намалува, јас сеуште се радувам како дете. Уште од мала си го сакав празникот. Секоја година дотерана во фустанче си седев дома и си чекав гости, а и да си собирав јајца по маалото. Оваа година слабо времево за фустанче, не се погоди, ама тоа не значи дека не треба убаво да си го поминиме празников, нели? Најмногу ги сакам празнициве затоа што тогаш се собираме фамилијарно. Цела фамилија сме заедно, има многу смеа, муабети, пеење, се на се прекрасно време. Така е и оваа година. Дојдов тука само да ви го честитам празникот на сите, здравје, слога и љубов кај сите. А и кјаде и да сте со кој и да сте, најубаво да си помините. Христос воскресна!
Нека ми е среќен роденденот. Христос воскресе. Имајте убави празници. Sweet 16, добро ми дојдовте. Убаво започна, нешто што требаше да се случи уште пред пола година, се случи вчера. Како подарок за роденден. Целата сум среќна, блескам денес.
Сакам да кажам дека и самата мразам кога се труби "Денешнава младина е ваква","Денешнава младина онаква" , ама вакво нешто стварно не очекував. Ако 16 годишно дете,нели на поздравот "Христос воскресе",ти одговара со "Стварно ли? " ,тогаш стварно незнам што да очекувам понатаму. Изгледа јас згрешив што поздравив.... Нема врска,ајт здраво!
Христос воскресе! Да го празнуваме животот денес. Да го воскреснуваме Исус во нашите срца. Да ги отвориме душите за радост и љубов. Честит празник на сите Христијани!
СДК облеката, парите, работата, образованието, не го прават човека, човек.Човечноста не е нешто што се стекнува. Патем, среќни празници на сите христијани, Христос Воскресе
Сепак вчера излегов и да ви кажам не беше лошо Христос Воскресе! За многу години празников. Имајте убав ден
neka Vi e za mnogu godini praznikot,posakuvam mnogu ljubov,zdravje,sreka i sloga kako sto nalagaat nasite religii.. imajte ubav den