...после некое време, ќе научиш дека љубовта не значи потпирање, дека друштвото не значи безбедност, дека бакнежите не се договори а подароците ветувања. После некое време ѓи прифаќаш поразите со крената глава, отворени очи, смирено како возрасна а не очајно како дете. После некое време ќе научиш да го градиш патот на сегашноста, затоа што земјата на патот на иднината е премногу несигурна за планирање. После некое време ќе научиш дека и сончевата светлина може да те изгори ако ја има премногу. Затоа е најдобро секој да ја гради својата градина, да ја украсува својата душа наместо да чека друг да му купи цвеќе..и ќе видиш дека навистина можеш да издржиш, и дека навистина вредиш.
Ви се има случено да купите рандом банални работи од типот "го видов го земав" ништо значајно и само едно парче плус место во ормарот или фиоката, ништо посебно со знак прашалник дали и некогаш ќе биде искористено воопшто или за кратко време забоутано или фрлено.. На мене да. Чудно но вистинито е кога забележиш икс ствари по бутици и продавници толку впечатливи и прекрасни и замисли не ги купиш а одпосле се каеш и ги мислиш 5 6 месеци унапред како тоа си потрошила "многу" на банализам а малку на ствари што те исполнуваат и те прават среќна. На мене да. И после долго време го мислам guess часовникот од излогот кога успат за на работа секое утро ме чекаше да си го присвојам .
Љубов.... Што е тоа всушност? Пеперутки во стомакот, копнеж за некого и очекување за збор или насмевка, неспани ноќи и утра во занес за нечија прегратка... Убав е тој занес, ама љубовта е многу повеќе. И среќа и тага. И насмевки и солзи. И лек и болка. Љубов е кога си среќен за нечија среќа. Љубов е кога безрезервно веруваш во некого. Љубов е кога искрено простуваш. Љубов е кога 'јас' ти е на последно место. Јасно ми е дека љубев, дека љубам. Срцето ми е полно со љубов, со покајание, со прошка, со грижа... Кога едниот образ ми го удриле, го вртев и другиот. Кога ме навредиле, сум рекла добро, така нека е. Кога ме повредиле сум рекла простено нека е. Кога ме лажеле, сум се насмевнувала и добро сум рекла. И секогаш не е важно ништо друго освен кога ќе си легниш навечер, срцето да ти е исполнето со среќа.
Знаете што? За среќа ми треба еден кревет, еден совршен маж и едно совршено бебе, љубов во тони и смеење до бескрај. Здрави и живи ние тројцата. Не ми треба ништо друго. Нивните очи идентични кои ме гледаат во ист момент и се кикотат, се моето најголемо богатство. Фала ти Боже за ова совршенство што ми го даде.
1. Тоа што некого ќе понижите нема да ве издигне. Напротив. Вие паѓате подолу. 2. Не секој што избегнува конфликти ги избегнува затоа што е воспитан. Многу често всушност не знае да се справи со нив. Најлесно е да се бега.
Духовитоста и честото давање хумористична нота во дискусии не е знак на незрелост, туку неразбирањето на издржана и интелигентна смисла за хумор е...
Мамичкее.. поминавме многу заедно, остана уште малку, уште малку... Никогаш нема да те оставам сама да се бориш, никогаш се додека дишам, единствено што сакам е да се смениш, да бидеш посмирена и да не се замараш толку многу за луѓето кои не вредат.. Ти си храбра, најхрабрата жена, заедно ќе победиме душичке, веќе сме при крајот, најмила <3 <3 <3
Пишав милион мејлови...имам уште толку Мозокот ми се блокира.. Раскажав случка која на немав споделено со луѓе.. Толку многу направив, а се чувствувам како ништо да не сум направила Долга ќе биде ноќта..
Меѓу другите пораки на форумот, добив и ваква: Kako si? Sakam da te prasam, dali imas cipkani corapi od onie so se so silikonska traka?? Мојот одговор би бил: Супер, фала на прашање. Ти? Имам, ама не ми се за позајмување.
Се буди либево сабајле и ме гледа. Ме прашува, "Како си денес?" Викам, "Бетер". Ми вели, "Бетер као much better?" Не. Бетер као дамбетер. Да, денес сум позаникаде од вчера... Ах животе, туго...
Вчера ја украсив елката и цела куќа со ламбички, со голема радост, а утрово го читам текстов и плачам. http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/iskreno-pismo-do-site-onie-koi-kje-gi-pominat-praznicite-sami/