Мачето после две недели ја откри елката... Мери Крисмас хо хо хо... Мислам дека си го бара подарокот. Во моментов е на врвот качено и испушта некои бебешки звуци на секое мое ајде доле, се кара. Ќе го викам Коста Петров, јер сака да е на врвот.
Јас изгледа кога го наместив air wick-от да прска на 38 минути, го наштелував и татко ми да вика на здравје на секои 38 минути Тато, никој не кивна, фрешерот прсна
Некој мисли само бидејќи има пари, се подразбира дека преостанатите ќе го трпат Среќен Божиќ на сите оние што денес го славите
Не знам што се случува... се чувствувам изморено, а прерано е да за да бидам изморена. Што се случи? Најверојатно не му е дојдено веќе до мене. Не знам. Но знам едно, дека овој пат јас сум во право и во никој случај нема вината да ја префрлам на мене како што обично знам да направам. За вечер имам вино и вечерва ќе ја посветам на мене.
Кога би можела да си избришам само едно чувство, тоа би било стравот. Би сакала стравот воопшто да не постои. И среќа и тага се минливи, ова не. Ко зајак некој сум на штрек цело време. И не зборам за оној страв од темно, од крадци, од натприродно, туку оној подлабокиот кога душата ти се тресе и е исплашена, те кочи, те парализира.
Хахаааааа ние на почетокот мислевме дека мачето ни фучи. А кога бев сама дома мислев некој отвара врата.
Малку,само малку е потребно за уште поголема среќа. Чудно е како времето лета,како за миг се се менува,како животот добива нова димензија,како преку ноќ донесуваме одлуки кои се многу важни. Не се плашам од старост,сакам да ја почуствувам секоја убавина што ја носат годините.
Бев до Сити мол. Не ми е јасно како можат да се понашаат така 90% од луѓето?! Пробуваат нешто го фрлаат како џубре во канта, го фрлаат на земја, газат и шутираат маички.. Ми се згади гледајќи ги. Ајде во една, ајде во друга ама више од третата- пут под ноге и дома. Можам да замислам како им е дома чим вака праат по продавници... Башка што во продавнициве има само кратки маички, џемпери а сега и поново што видов дуксери Иначе да, не сакаат сите такви поткусени работи. Тргнав по џемпер или ролка ама се што видов се како за дрва носење или како пижами.. Ужас. И после кога ќе ми каже некој аа па ја не перам кога ќе си купам нешто.... Ууф се ежам А па уште кога се праат како паши не дај боже да се потргнат или ќе застанат пред огледало мислиш во животов немаат видено. Оф туго оф. Некултура на максимално ниво!
^ се ова што го пиша е чиста вистина, луѓето шуга фатија од пробување алишта на голо во Сити Моли па и вработените се многу невоспитани и мрзливи, во Теранова се засопнав на пакет ќе се убиев, касиерката ми се изнасмеа
@elimkd За некултурата на вработените навистина можам да се согласам. Дури и со правилото пр. во Бершка за не дозволување на пробување чанти во гардероберот. Па наместо фино да објасни, еднаш кога бев, насила ми ја зеде чантата небаре од гардероберот преку таен излез ќе ја украдам Правилото е глупо, бидејќи може сум составила комбинација и сега треба да излегувам на сред продавница да видам како ќе стои. И во ред, кога веќе постои, а некој не знае, ако објаснат убаво, нема круната да им падне.
Понекогаш ме обземаат страшни и тешки мисли...еве на пример сега ми текна што ако не постои Дедо Мраз?? Што ако поклоните под елка всушност ни ги оставаат родителите? Што ако Дедо Мраз е обична лага и илузија? Се плашам да помислам на тоа... Одете си лоши мисли, ве молам
Мене еднаш не ме пуштија да пробам сандали во соблекувална. Носев патики, со чорапи и сакав да влезам внатре за да не соблекувам чорапи и да поткревам фармерки на сред продавница, ама забрането било.
@crimson Шта речи, а не заплакати Кримке? Мене таа за чантата, каде ми ја насила зеде, па одзогора дрско ме прашува: Што, чантата ли ќе ја пробуваш?, демек види, Самер менталната мислела дека можело чанти на овој свет да се пробуваат А не заплакати, туку плакати лепити ова било