Ако се разделиме оваа година тоа нема да биде затоа што не се сакаме. Се' што замислувавме да ни се случи до 40 години на професионално и културно ниво ни се случи сега, оваа година. Мене ми недостигаше амбиција и имиганиција некој период, тој имаше премногу амбиција. Знам дека ќе оствари се' што ќе посака, но мене посакувањето повеќе не ми е доволно. Ми треба некого со кого ќе можам да бидам таа што бев.
Сакам да кажам....морам да кажам... дека во животот не вреди за никој да се жртвуваш. Поготово за маж...ќе му родиш дете...ќе се заколне на љубов и после се паѓа во вода. Како сама мајка сакам да кажам деке ме боли што сама исчував дете но и сум горда на себе што по сите падови успеав без него. И на крај денес после толку време му текнува дека има дете и уште мисли дека пак може физички да ме малтретира зато што не му ја давам. Каде беше сите години кога сама на 18 години чував дете....каде беше кога младоста и ја посветив на нашата ќерка. И на крај после 8 години затоа што ке имам некој друг во животот ќе бидам курва. Подобро да сум "курва" отколку твоја жена. Те боли затоа што кога ме остави бев на работа на депресијата.....а сега сум една силна жена која е самостална и исчува толкаво дете. Нека те боли и мене ме болеше.
СДК... Кога размислувате за избор на подарок за најблиските, времето е скапоцен подарок кој секој го посакува, а ретко кој го добива. Подарете го и не размислувајте за повеќе. Пропуштените моменти никогаш не можете да ги вратите назад.
Сдк дека луѓево станаа многу гадни, прво те сакаат, а после те бришат од нивниот живот, исто како да не се случило ништо се однесуваат, зарем толку брзо ли се забораваат убавите работи, со некои личности што ни биле све во животот. Шта речи повеќе незнам...толку..
Сеуште никако да престанат простите размислувања кај луѓето. Почнувајќи од "таа се развела, млад фатила, ова била она била, немала пари, партал, леле гревче, леле омаловажувачки..." рекла кажала муабети. Толку ли нивниот неисчистен дом и нивниот хаотичен живот не им е интересен. Не дека се случило нешто, туку цело време ги гледам се жалат од некого и нешто. Луѓево се г*мна а од тоа пониско нема. ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Не ги сакам пензионериве особено во автобус, разбирам стар човек, но што бараш да се качиш во бус со толкава пензија фати такси и мирни нозе. Се качува бабата во бус и да седне на седиште ме изгмечи, ни извини ни ништо, те гледа како да си го зела половина имот. Разбирам и јас ќе бидам стара некогаш, ама подобро ќе дадам 100 денари за такси отколку да се мачам со автобус. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- На плоштад отвориле Новогодишен Базар сличен на Прага, добро ни далеку приближно до Прага. Јас ја почувствував магијата и ме привлече да влезам, но се брзав за дома. Преминувајќи ја улицата на Рекорд гледам девојки преоблечени во еленчиња и ги радуваат децата, се порадував како мало дете и јас. Тоа е таа магија во духот на празниците, како не ја чувствувате вие, ни самата не знам. Не сакам ни да знам вие си знаете. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Сакам да кажам живејте додека можете кога ќе остарете ќе ви биде мака што не сте живееле повеќе и посреќно. Среќни празници на сите.
Драг Дедо Мраз, Многу бев добар оваа година.. т.е. се трудев да бидам добар, ок добро бев од време на време добар и примерен...значи не бев полош од другите... ај нема врска, ќе си купам сам поклон!
Значи луѓе, да повториме - завист ≠ зависност и морално ≠ задолжително! Цигарите на пример не создаваат завист, и она што мора да го направите според некоја задача или закон - не е морално. #вечернилекцииодgrammarnazi
Каде ги наоѓате овие другарки и дечковци кои ви приредуваат изненадувања? Мене роденденот ми го прескокнуваат, годишнини, као, не е нешто мн важно,а не пак некој да седне да размисли што би ме развеселило. Не се пари во прашање, одма да расчистиме, еден мафин од 50 ден, една свеќичка и една топла прегратка не се скап подарок...
@Loretta Значи у превод, ти немаш ни дечко ни другарки. Климе дај друго дете, животот е краток, опкружи се на време со вистинските луѓе СДК, Дојде и последната недела од оваа година. И немам соодветно смајли за крајот на оваа реченица.
Сдк. Свртев еден круг со колата наоколу, онака ми дојде од срце и душа да излезам и да се излуфтирам нанекаде од секојдневните соби и вдишаниот воздух.. Несакајки толку мило ми падна на душава во еден момент кога неуморно ги гледав сите оние украсени куќи.. собите со елките до прозорот накитени и прекитени со сијалички, блескаа, блескаа со тој празничен шмек и спокој во себе.. во позадина стоеше огромната соба и луѓето на маса а од околу на секој прозор имаше елки, имаше душа, милина имаше што не може да се долови со никаков збор, освен вистинската глетка на еден прав божиќен филм. Толку креација, толку украсени куќи и прозори што човек ќе посака да застане и да се угледа така непромислено полно со љубов. И да.. Убавината и спокојот многупати може да ни се најде во малите нешта, па и една елка со едни обични сијалички може да го пренесе тој шарм и мир во душата како никого.
Еден датум... Еден месец во годината... Едни очи... Една песна... Еден број... Еден парфем... Еден град... Еден спомен што остана сеуште да ми го топли срцето!
Апсолутно се согалсувам со ова паметново девојче @Loretta , има 7 и нешто милијарди луѓе на планетава. И не е точен митот дека сите се покварени. Ако љубиш како што бараш да бидеш љубена, тогаш заслужуваш да бидеш третирана и ти така.
@EvAngelos темата е Сакам Да Кажам а не да си муабетите. Во порака прашај. И нели не се пишуваа две мислења едно по друго?