Љубоморна е. Журката поминала пред 3 дена , јас битно кажав нешто Туку ми текна на она: по свадба тапани. Па нема полошо и понецелно. Као демек ќе ја зезнеш работата, или закаснето ќе ти текне некоја мудролија и после мавај си глава од ѕид зашто си згрешил. Мене често ми се дешава колку и да не сака да признам.... Еве сеа инстантно ми текна една грешка фатална ради брзоплетост зелена недоделкана и ќе си легнам и ќе ја мислам и ако ми е. Инаку вие добри? Привршува годинава? Задоволни од себе и од неа? Задњи воз е неделава, довршувајте проекти! Со љубов, ваша М,
Ми се испушти наставничке, несакајќи Иначе ти хејтајме колку сакаш, ја пак ќе те сакам. Од прва љубав нема бегање
Ок, да си прашам, пошто некако многу блиску ми се виде... си викам ваљда vitaminka не им влегла у двор да ги слика низ прозор Иначе СДК дека ја у Америка еднаш исто вака си се шетав ама за оној Халоуин празникот нивен и не издржав морав да им ги сликам тоа дворовите креативно маскирани. Едни имаа цела гробница направено во двор и пишале епитафи од типот: - I told you I was sick - You are next! - I'm still alive. Get me out of here
Можно е се е можно. Колку се имам изаклено овој халоуин кога имаше баба роги и пајажини крв насекаде и вампири тоа чудо кретивно бе . Цели богатсва одат за "фасада" и страшила од секаков размер.
СДК1... постојат само три бои, 10 цифри и седум ноти. Како ќе си го искомпонираш животот од тебе зависи. СДК2....светот е Вашето огледало.Тоа што го сакате кај другите го сакате и кај себе.Тоа што кај другите не нервира јасно покажува на што треба да обрнеме внимание кај себе.
СДК "Cows have almost 360° panoramic vision. This helps them to see predators coming from any direction." Така да си знаете! Не радите кога шефот не е тука, и да сте највредни пак нема да знае Чекајте да ви кажам некоја новина од село. И на село е загадено Такво сивило владее, не можеш маче да видиш на улица, не па човек. Овој ми вика "оди ма оди" а јас од што нејќам да е во право ми иде да го мавнам со некоја лопата. СДК нема кафе како утринското кафе. Денес, понеделнички, каков залет сум фатила има да биде како што треба неделава не се предавам. Не ми е гајле за ништо, фокусот ми е само на едно и тоа ми е доволно да бидам среќна. СДК каков леб правам не сте свесни. Сам човек ако не се пофали кхмхмкхм
Ваштам тоа таксито,стасувам до тоа факултетот. Читам ко да не читам дур да дој профето. Дојде паленава ми го бапна тесто таму. Првично се гледав како теле во шарена врата после ми светна текнувалото и навали народе турбо стајл. Значи жено драга професорице глеј да ми чкрапниш десетка оти аспирини и лексилиуми не мислам да користам. Патем го чекав матуфио да дој,паленио мислев се успа. Решвам и летам,а тој дошол неколку минути пред крајо на колоквиумчето решил и ајт чао. Јас те чекав ти вака...си бараш воспитна ти си бараш и то како. Па види Цацко од аватарот како те гледа милопогледно...зар не е срцка?
Еден офтопик морав... би го гледала пак и пак и пак и на 70 години и пак би се наежила исто како првиот пат кога го гледав филмот
Некои работи само мене можат да ми се случат, како комплиментот ``Имаш опасна фаца``. Да да, имам црн појас во карате хахаха. Или да ми се случи на жената за која во мозокот си имам речено - лелеее каква селанка, баш син и да ми пиши на фб. Бај д веј, додека не знаев кој е - и дури и ми се бендисваше малку. Мојот живот има ненормално црна смисла за хумор со мене. И ако дојди 2017 - што ќе се случи? само ќе бидам една година постара
Еј, многу се нервирам кога некој ќе ми земе куп книги и нема да ги прочита од причина што е мрзелив или fb is life или едноставно сака да направи промена кај себе со тоа што конечно ќе почне да чита ама не оди тоа така и не сака да си признае дека слободното време од 8 часа сака да му помине пред лап топ или компјутер или мразејќи се себеси и своите лоши навики додека другите на инстаграм го живеат својот живот. Читајте, луѓе!
Она кога мислиш дека проблемот е кај тебе штом околината поинаку гледа на одредена личност од тебе,штом широкоградно ја прифака. Си велиш,ете,неспорна е интелегенцијата ама зарем онаа налудничавост само јас ја чувствувам? Креваш раце. Минува време,толпата полека но сигурно го приметува она што и ти. Дефинитивно е подобро да ги кренеш рацете отколку да разубедуваш некого. Не сите исто ги перцепираме работите во животот.Не сите имаме исти гледишта. Не за секого се исти работо нормални или не. Но немој да дозволиш ради она што некогаш само ти ке увидиш некои работи од старт, да ти ја наруши самодовербата оти си сам на едниот крај од ходникот. Ама немој пак ни да дозволиш да се издигаш премногу во висина кога твојата страна од ходникот ке се преполни. Понекогаш е добро човек и да погреши во проценка,тоа ке го задржи присебен.
Кога ти се полни и креветот и душата со љубов, значи дека нешто правиш добро. А кога те напуштаат...постојано и постојано, не би покажувала со прст никаде, сем во себе. Утро како мед. Со сила или не, двајцата дома. Како вика мајка ми господ пишал за прави, двајца многу криви. Ние. Тие сме. Ако љубиш и те љубат до врвот, создаваш дом... па мислам...срамота е да не си среќен. Имавме тешка година, но се гледа извесниот крај. 2017, реков, ветена си ми за живот. Музика по дома и распеан маж - и затворен лап топ! Идеално и многу, многу битно! Се топам и го љубам. И ова е засекогаш! Да имаш некој да те трпи и да го трпиш (условно речено де, бидејќи за некому и тоа е врв, да го трпат, зошто ни сам не се сака, не па друг да сака), некогаш па и доволно е. Некој нема ни тоа, зошто нели, не го трпат. Не разбирам хронични лузери фиксирани на сите, освен на себе. Секогаш постои таму некој кој им стои на патот до успехот, пардон, мини успехот, бидејќи не се способни за ништо друго. Санчо Панса, е приказна за чиката шо имал шизофренија, ама спакувано така да поубаво и глупите да разберат, но не. Она кога не ти е битно дали ќе те сакаат, доаѓа најголемата љубов. Некогаш па ми паѓа жал и разбирам, па си викам, пушти бе,толку знае и толку може, ама некогаш...си плачат да им кажеш. Од оваа дистанца, јасно ми е па зошто не секого примам дома. Ужасно е кога некој се чувствува тоооолку голем што мисли дури и кога е сам тоа е чест за другите и е многу голема работа што дури мора да кажеш и фала, толку да никој не може да го трпи и е сам... сам на врвот. Очаен и сам. Благодарам на се што имам, а он е две третини од се тоа, барем во моментов. Да го знаеш, да те знае, да си ги знаете стравовите и соништата, да се прифатите со цел багаж и да си го оставите на чергичето пред врата за старо купуем. На крајот од денот и да живеам под мост, јас имам дом кога ќе го гушнам него... а многу скоро ќе биде цело зошто чувствувам дека ќе дојде и она мало се. Без да го кажеме каде што треба и во добро и во зло, додека смртта не не раздели, го доживеав и благодарна сум само јас знам колку! Нема поубаво чувство да можеш некому во комплетна доверба да му кажеш ти е најдобар пријател, љубовник, учител, критичар, пофалник, те сакам таков каков што си.. 2017, чекаме бебуш. Биди добра. Во неа донеси ми многу вакви утра, а истото им го посакувам и на оние кои ги немаат и се сами, можеби ќе го видат светот во боја. 2016, фала и на ова.
25h неспиена, идам на колоквиум, ја чекам професорицата 3 саати. Доаѓа, ми вика ми го немаш напишано предметот, кај да ти се потпишам, пишувам Развојна психологија.... ми го фрла индексот. НЕ СЕ ВИКА ТАКА ПРЕДМЕТОТ. Абе ајде. Ја не знам јас како се викам, не предметот. Небитно тоа. За 10-15 минути пишувам тест од пет страни. Луѓе препишуваат од мене за прв пат во мојата кариера. HIGH LEVEL OF PRODUCTIVITY. Од сега ич не спијам. Фак јеа
Денеска на ручек кај неговите. Свекор ми уште од вчера по телефон не реши да одиме денеска.. а планиравме за некој ден..со оглед на мојава здравствена состојба. Многу бавно јадам значи, дури и тогаш кога брзам пак е бавно. Сите завршуваат со десертот, јас со предјадењето. Свекор ми, стално ме зеза да му зборам на негов јазик.. а ја слабо пошто дм е мрзлив да ме научи па бар го усовршивме англискиов и двајцата. Му викам, кажи му на татко ти дека почињам курс од нареден месец, па нареден пат кога ќе одиме кај твоите ќе муабетиме повеќе. И ете го после тоа ми носи Марс чоколадо и стандард си ме потапшува по глава као да сум кутре.. ама не се лутам после се убиваме од зезање со дм и девер ми.. кога ќе ми текне само колку сме се смееле летово за тоа.. Гласов уште ми е фатен. Кашлам исто, ама денеска помалку боли. До вчера ми се чини умирав по малце на секое накашлување. И не потклекнав. На нозе го поминав најлошото. Ми прати свеки домашен сок од калинки. Луѓе, не знаете што е превкусњоча. Не знам дали некогаш ќе се навикнам да живеам овде.. може дека не сакам па тешка ми е дури и помислата... и страшно ме плаши.. Само на кратко заборавам на се додека ја шетам Гарица.. и милина ми е на душа..
Сдк нели ви кажав пред некој ден дека ќе станам тетка по трет пат, денеска е тој ден, си дојде, станав тетка по трет пат, и сакам да кажам дека сум пресреќна, и едвај чекам да си го видам малото анѓелче убаво, да си го гушкам, гушкам, има ли поубаво чуство од ова да станеш тетка, не, нема. Денеска ми е најубав ден, ептен ме израдуваа кога ми кажаа, рипав од радост, нека ми е живо и здраво внучето мое хепи тета сум денеска