Кога ќе видам статус: Дали јас единствениот што... Да, ти си единствениот, ти си избраниот, ти си посебниот, ти ќе ја продолжуваш човечката раса...ти си нешто најнај...ооо ти, посебен човеку!!! Туку пред некој ден си одам по улица и гледам човек (ваљда пијан), тепаше со клоци едно кученце. Тоа кутрото се тресе, само кожа и коски на него, а овој идиотот го тепаше...Сакав да му викнам нешто, ама пред мене побрз беше еден друг човек. Му појде до него и кога почна да му се дере, да му вика, па дури и сакаше физички да го нападне. Тој идиотот пијан само ќутеше, па овој добродушниот човек го фати и го исфрли подалеку од кучето....си замина тој идиотот, а овој се врати кај кученцето го погали, и го однесе во едно пакетче за да се топли кутрото Уште имало добри луѓе. Кога ќе видам дека малтретираат кучиња, грутка ми застанува во грло...посебно некои мали безпомоши...а па кога ќе прочитам дека ги силуваат, е тогаш не можам ни да опишам колку ми е тешко.
Go poloziv najteskiot predmet od semestarov so 9ka ke ve castev ama da go sredam drugiot tezok zadutre vo petok lomovi se pravam za toa sto celiov mesec se iscediv od ucenje Pozdrav decki
Исцрпена сум максимално од дешавки годинава што нозете ми се како олово тешки, ме боли грбот и секоја коска од телото. Огромна празнина во срцето, неисполнетост, несреќа се рефлектира и во ниска концетрација во исполнување на обврските нажалост како и секогаш го плаќам најскапиот данок. За мене работна атмосфера има огромно значење, затоа што најголем дел од денот го поминуваш со колегите и за да бидеш ефикасен, некогаш мора и да се опуштиш, да разговараш, да споделуваш информации, да соработуваш, да се зезаш бар така навикнав на претходно работно место. На новово работно место ништо не е смешно, нема ведрина, нема дух туку натпревар и постојано докажување од страна на колешката и секогаш го слушам тоа "еве ја" од нејзина страна. Тоа "еве ја" типката го изговара секогаш што мислам шефот да праша која од нас две сака да има секс со него таа ќе се степа и ќе рече одма еве ја. Друго што ме нервира е што ми ѕирка по документи. Полека почнувам да учам нови работи иако сум ставена во лер и тешко ми оди, не ми е во план да се откажам додека не научам се како што треба. Од утре ќе си направам сама атмосфера, ќе се снабдам со кафе и чоколадии музиче тивко ќе си пуштам додека работам да се релаксирам инаку ќе си пукнам. Спојлер: Зини земјо голтни ме Инаку направив неколку глупости, збркана сум целата. Прво со шефот денеска бевме на пат и пред да тргаме чекајќи го пошто појма немам што автомобил има за малку ќе се качев во туѓ, ама убав беше тој дечко. На враќање притискам по навика две копчињасо едно се најавувам за кај нас, а со другото му ѕвонам на комшијата на домафон.Ме прашува шефот ангелче зошто таму притискашму ѕвониш на комшијата.Сирот комшија цела една недела го тероризам во 8 сабајле.
Ете почнало кај тебе во фамилија да дава. Нека е живо и здраво ангелчето,големо да расне и само убавини да го следат во животот
НатеНајмила, ти го имаш последниот збор, и нека не допираат до тебе тие зборови. Мајка ми за копилево(читај биолошкиот ми татко) цел живот е курва што се премажила и што има уште едно детенце. Уво не ја боли, знае дека ме израснала и е горда на тоа што сум сега, без него успеала да ме изгледа! Нека го боли, и треба да го боли, терај си животот и гледај да си ја одгледаш ќеркичката најдобро што можеш П.с. @Loretta среќен роденден мила
Многу сакам да не ми се случи во животот да се разбудам некој ден со жалење дека уште еден ден ќе треба да правам нешто што не сакам. А ме плаши.
I can bear any pain as long as it has meaning? Тогаш да продолжам да го барам твоето значење, затоа што не сакам да се предадам и не сакам да се удавам. Мех, секогаш некои вакви смотаници ми се вртат во глава навечер. Кујна работи со полна пареа, кај нас празниците доаѓаат порано со него. И секој момент кога ќе ми текне дека наскоро сите ќе сме комплет, заборавам на се. Ми праќа некое селфи пффф, дјуд ајв бин дер...литерали. Се чувствувам речиси секогаш како да сум на работ на некоја карпа, ми виси едната нога кон провалијата повремено па се повлекувам... Толку многу уморна игра. Па се прашувам, дали може било што да ми се прочита од лицето? И таа повеќе не ме прашува, можеби ме чита па ме поштедува... Јас сум човек со огромно трпение. Јас сум човек што знае многу да се налути, а 5 минути подоцна од срце да се смее. Само оставете ме да попцујам, итс релаксинг. Јас сум и ваква и онаква и на крај... никаква? Јас сум човек што наутро збори едно, а навечер друго. Јас сум ви уствари ненормална СДК мене СДК ми е како дома. Ми недостасуваше.
Многу зборување е опасно...! Тишината честопати е средство за избегнување на несреќа. Зборливиот папагал е затворен во кафез.... Другите птици не зборуваат,но слободно летаат....
Гледајќи во туѓите животи нема да си ги средите своите. Анализирајќи ја секоја туѓа постапка нема да ја оправдате својата. Рушењето на туѓата среќа нема да ве направи вас среќни. Живејте си го животот луѓе, вашиот. Правете го тоа што вас ве чини среќни... од берење на туѓо гајле ќар нема
„Пазете се од тивки, молчеливи луѓе/од оние што милозливо и љубезно ви се обраќаат како да ве знаат 100 години...“, како што можеме да „научиме“ од многумина во последно време, м? Не, драги мои... не! Пазете се од личности кои ја гледаат само темната страна на човештвото во глобала и што во секој вообичаен small talk ќе кажат дека сите човечки вредности се изгубени во денешно време. Кои тишината на другите ја интерпретираат во своја (најчесто) негативна верзија, а сечија љубезност ја сметаат за умилкување и лицемерие. И најмногу од сè - од луѓе што без ни малку суптилност, удирајќи се во гради ќе речат дека обожаваат да ја плескаат секому вистината во лице. Затоа што таа особина „(брутална) искреност“ кога некој самиот на себе гласно си ја налепува и истакнува во секоја можна прилика, всушност реално во многу случаи може да се преведе како бескрупулозна дрскост без грижа за туѓите чувства и течно зборување на јазикот на осуда кон секое туѓо различно мислење и функционирање...
 луѓе helpppp Мислам има ли некој лек против развивање емоции и нивно ширење, ќе ми заврши работа во моментов