Сите имаме еден телефонски број за кого би скокнале од кревет. Сите имаме една адреса на која секогаш ќе се враќаме. Еден глас кој потсвесно секогаш ќе сакаме да го слушнеме. Едно име од чии букви кожа ни се ежи. И едни очи кои остануваат засекогаш во нашето срце.
Моментот кога ќе фатите неврзан муабет со симпатичен колега и ќе го прашаш која е идеална жена според него, а овој одговара Лила Филиповска. И толку траеше симпатизирањето.
Убавината на утрото ми ја замати една грда слика и ми ја наруши болното квичење на кученцето. А за овие несовесни возачи кои брзаат не внимавајќи како возат, за нив има посебно место во пеколот. Ќе викаат и тие од болка како кучето.
Многу ми се мизерни и жални оние луѓе кој мислат дека се ''најуспешни'',оние кој му се смеат на келнерот што земал 400 денари дневница,а тие мизерни ''успешни'' луѓе зимаат од тато и мама пари за цигари,зимаат по 100 денари,за да искочат на кафе за да му се смеат и да го понижуваат тој изнемоштен келнер од работа.Епа Македонче време ти е да си го фатиш патот,и да се изгубиш од ова мизерно опшество,од оваа бедотија,од овој срам.
Како да знам дали гласот во мене ми ги отвара очите и ми ја плеска вистината во лице или пак е плод на мојата фантазија од читање на премногу книги?
Ретко кога станувам ем наспиена,ем исполнета,без да ми чука забезено срцето од брзање се да стасам на време а време имам колку сакам,на претек. Секоја ноќ си повторувам: Од утре натенане. Од утре ке го уживам секој миг. Еве денес ли е тоа утро? Поубава насмевка и очи кои напола мижуљкаат од нерасонетост покрај мене,нема. Тие не го чинат утрото бистро,ами животот.
СДК , онаа старата Стопати кажана лага е еднаква на вистина се побива со Целосното верување во нештото нема придонес во вистинитоста на тврдењето
СДК многу сум нешто носталгична по детството, денеска ги видов некаде овие сликичките и ми текна кога бевме мали како добивавме честитки. За мене секоја честитка имаше огромно значење, со нив спиев и по цели денови ги гледав ги анализирав, и сите ги знаев напамет. Некогаш влегував во филм, како сум и јас во тие места од честитките, некаде по снегот со некое црвено фустанче, чизмички и шеширче на глава, а околу мене трча некое кученце мало. Се радуваме на снегот, или пак го чекаме Дедо Мраз да ја отвори вреќата со поклони и да видиме што ни донел. Убави бајки, мисли и времиња, безгрижни поминати во домот со најблиските во убава атмосфера, има ли поубаво. А сега овие деца на што се радуваат
Го сакаш?- Бори се! Не посакувај - делувај! Границите помеѓу "има сеуште време" и "можеби ќе има шанса нареден пат" се толку тенки и дури да трепнеш доаѓа " прекасно е"! Бог дава, ама често сме заслепени од моќта на здравиот разум па го блокираме она магично прекрасно што само срцето може да го оживее... А најтешкото е што сето тоа е толку просто и лесно, само вдиши и чувствувај - а тоа е прекомплицирано за нашиот 'кратковид' разум! Не чекајте, грабајте ги и држете ги цврсто тие шанси, ретки се и неповторливи! Не чекајте ни секунда, можеби таа е онаа која е пресудна за да настапи 'предоцна е'! ... За мене е!...
Се прашувам, што ли е тоа што ги исполнува сите оние злобници со души полни црнила, кога успешно ќе напакостат некому. Добро луѓе, значи сериозно - јас не можам да заспијам кога малку ќе повишам тон пред некој дури и во ситуации кога не сум јас кривецот, па совеста ме гризе до срж пред да заспијам, а тие, спомнатите, си немаат мака. Дури и ќе си заспијат слатко-слатко ко бебиња, среќни дека си ја исполниле квотата за денеска - плус една злоба повеќе. Браво, не можам да ви се изначудам да телешките мозоци кои ги носите. Срамота.
Зошто СДК стана тема во која се копираат цитати и твитови ? Во едно друго време, душата си ја остававме овде.
Буби, а сепак, понекогаш, а и скоро секогаш, со сила убавина не бидува Човек треба навистина да се бори и да го сака тоа за кое се бори, но кога станува збор за љубов, треба да се бори на тло за кое знае дека е обострано Енивејс, СДК поглуп ден здравје. Димче со изборите, времето надвор не е лето, дома благо нема, the hell with everything!
Карактерот на човек е резултат на две работи: - менталниот став - начинот на кој го поминува времето Хејтерскиот карактер не е вроден, се стекнува во текот на животот и тоа кај личности со самодоверба нула кои никогаш од околината не добиле афирмација, бидејќи Полесно е да критикуваш отколку да бидеш во право.
СДК немам душа повеќе. Немам ни грам сила. Таман помислиш си фатила залет, пак те бутка на земја. Барем болестите да останат во оваа година ако ништо друго. Ми треба една инекција и да се разбудам задутре. Се' ме боли. Торта ќе сум им направела утре..аха ќе јадете торта. Толку е глупо да си возрасен. А уствари не си. Мене стварно ми треба некој сега да ме размази. Ми треба и една топла бања, и масажа ми треба. Sigh
Ооо, самерче, вистинската љубов често пати е таа која е поставена на многу искушенија и препреки, па секое мало одложување води кон откажување кое е неизбежно. И дефинитивно - вистинска = обострана љубов, друга и не ни постои!!
Кој како, секого можеш да убедиш дека ти е супер, освен сам себе, само ти си знаеш колку си мизерен кога си сам. САМ. Не си тоа што си пред другите, туку кога ќе ја затвориш вратата од својот дом, сам самчина, кој си? САМ, осамен... и не е а жалење, по своја вина и заслуга. Па и сам не се трпиш. Ах денов... смешен, интересен. Кога штурецот ќе се убеди дека е слон. Гледаш и се смееш... полошо од убеден човек дека е нешто посебно и со очекување од себе дека светот ќе се прилагоди на него... нема! Оставам да си веруваат во она во кое што се убедуваат, која сум пак јас да им кажам? Никоја. Доволно е што гледаш и ти е јасно, малце ти е... без веза што живеат за други, ама јбг... Сметки платени, све подмирено, ама остана и за шетање. Очекував далеку полошо, ама супер е. Вечер список желби за 2017! Како сум и се наострила, леле, леле... Чекам еден пакет да ми стигне од прееска, ќе пукнам од нетрпение... Ах да... и мачето падна у шоља. Пак. При чинивче со вода, оно вода пие од шоља... му свикав и се извади од памет, загњури... жива вода искочи и се сокри како посрамено. Уште ми е смешно. Го избањав и исушив и се крие под маса и таму спие.