Верувам дека сите ние форумџиките ги следниме оние кои своите поетски и прозни дела прво на ФБ ги постираат. И токму денес баш сумирањето на 2016та година што го направила Лајла Грејс, ме погоди целосно, па дел ќе споделам со вас... Се надевам ќе се пронајдете и заедно во еден глас ќе и речеме ЧАО а 2016 година... Белешките на Лајла Грејс Работи кои ме научи 2016 1. Не е вистина дека во животот постојат правила. Лажги со опашки. 2. Ништо не е важно се додека се смееш. Ниту туѓото мислење, ниту што ќе речат комшиите. 3. Оговарањата се болни само доколку им дозволиш да допрат до тебе. Запомни, секое чудо за три дена. 4. Секоја ситуација нема потреба од твоја реакција. Не си ја расфрлај силата за џабе. 5. Ако соништата не ти се остваруваат значи дека не ги сакаш доволно. 6. Не дозволувај изговорите да ти станат поважни од соништата. 7. Спиењето не помага ако душата ти е уморна. 8. Не си ги троши слободните денови кога си болен. Грипот полесно поминува ако си на нозе. 9. Истрајноста е поважна од талентот. 10. Не постојат порази, или победуваш или учиш. Не дозволувај твојата погрешна перцепција да те депримира. Депресијата не е реална. 11. Одбирај ги битките внимателно. 12. Одлучи од што ќе се плашиш и потоа победи го. Стравот постои се додека ние му даваме дом во нашата глава. 13. Се живее и без чоколадо, ама не и без кафе. 14. Не си лош човек ако кажеш не - тенка е границата помеѓу помагање и дозволување да бидеш искористен. 15. Никој не е зафатен. Се` се сведува на тоа која бројка си на нивната листа на приоритети. 16. Дружи се со луѓе кои те смејат, луѓе кои знаат колку вредиш и луѓе од кои можеш нешто да научиш. 17. Ако си најпаметниот во една соба, тогаш си во погрешната соба. 18. Не се нервирај кога некој не те разбира. Или не сака да те разбере или толку дал господ. Како и да е, не можеш да смениш ништо. 19. И најдобрите пријатели ќе те разочараат. И да, тоа ќе боли повеќе од било кое љубовно разочарување. 20. На некои луѓе не можеш да им помогнеш колку и да ги сакаш. Некогаш ни тие самите не можат да си помогнат. Важно е да препознаеш кога е време да се симнеш од нивниот брод пред да те потонат заедно со нив. 21. Животот престанува да боли тогаш кога ќе научиш да ги пуштиш луѓето да си одат од твојот живот, затоа што најчесто раните се прават држејќи нешто со сила. 22. Знаеш дека си заљубен кога секоја радост не е радост ако не му ја кажеш и на другиот. 23. Ако не е тотално луд за тебе, не е тоа што ти треба. 24. Сексот е важен, батали се` што ти кажале. Животот добива друга димензија кога ќе сфатиш дека задоволството ти е приоритет. 25. Со вистинската личност не постои такво нешто како „доволно секс“. 26. Носи секси долна облека и кога немаш некој кој ти се допаѓа. Флертувај си сама со себе. 27. Изгледот е ништо, понашањето е се`. 28. И да, не станувај покорна во врските како извинување што си успешна.Многу мажи се чувствуваат инфериорно и станаа жени. Ама таквите и не ти требаат. Помини ги. Годинава сфатив дека, жената која не бара прифаќање од никој е најстрашната појава на планетава.
Во вакви моменти си се прашувам со што заслужив да имам толку прекрасни луѓе околу себе. Што толку добро сум направила, за некој да сака да вложи толку труд, да одвои време и пари, да спрема нешто со денови, недели, само за да ме изненади и да ми нацрта огромна насмевка на лицето! Си ги кријам солзичките и си се тешам дека е до овој проклет пмс кој ме прави голема плачка, ама знам дека не е до мојата голема емотивност периодов. Туку срцево ми е полно со убавини, па не може да додржи.
Зaвршувa гoдинaвa кoјa беше прекрaснa, пoсебнo пoследниве 6 месеци. Упoзнaв прекрaсни луѓе oд целa Еврoпa, oд клубoв зa трчaње, истo и oд фoрумoв, секaкo и не тoлку прекрaсни и мнoгу пaтувaв. Иaкo не мнoгу дaлеку oд Мaкедoнијa, сепaк имaв oдлични спoмени. Пoчнувaјќи oд Сoфијa, Вaрнa и Несебaр вo јуни, пa Белгрaд, Гoрни Милaнoвaц и Рудник вo септември, прoдoлжувaјќи вo Пoдгoрицa и Бaр вo нoември и зaвршувaјќи сo две недели вo Дрaч и Пoгрaдец. Пoсле 6 пoлумaрaтoни јa oсетив aтмoсферaтa и вoзбудaтa нa цел мaрaтoн нa дефинитивнo нaјслaбиoт и нaјмaлку пoсетениoт мaрaтoн у oкoлинaвa и сaкaм шo пoбрзo дa идaм нa пoдoбри. Oвoј беше вo Пoдгoрицa и oд 700-800 учесници нa сите трки, еднo 100 луѓе бевме oд Мaкедoнијa. Вo 2017 ќе пaтувaм уште пoвеќе. Веќе имaме уплaтенo зa мaрaтoните вo Крушевaц и Белгрaд, вo мaрт и aприл, вo Будимпештa вo септември, a чекaм друштвo зa Бaрселoнa. Имa лет oд Сoфијa сo wizzair, ден пред тркa, a се врaќa нaзaд 5-6 сaaти пoсле тркa, пoнудa кoјa не се прoпуштa уште дa видиме дaли ќе имa некoј oд клуб. Гo пишувaм пoстoв пoшo oбичнo не пaтувaв, двa пaти имaв излезенo oд држaвaвa у 25 гoдини пa дoбрo ми дoaѓa oвaa прoменa нa рутинa.
Во каков дволичен свет живееме,во какво општество со двојни аршини каде за една иста постапка некогаш даваме се од себе да се направи престапот за да се заштити сопствениот г’з,а потоа за таа иста постапка кога ние лично сме засегнати знаеме да изреагираме на најдолен начин.И уште да сме горди на тоа. Сакаме да израстеме ,воспитаме и образуваме солидни генерации,а од нашите постапки само обратно може да го видат и научат,оти се учи од покажаното,а не од кажаното.
СДК сте се поделиле по темите не знам каде попрво да читам, а што убаво сите овде бевте збрани на времето. Како државава така и фемина
Денот мирно почна,така и завршува. Бурен беше само ветрот. Низ него повторно ме плесна во лице суровоста на животот. Суровост која веќе ми е позната. Не дека помалку боли,интензитетот ми се чини е се поголем но јас мора да сум се потрезна и потрезна. Да не знае човек што да посака а без да се исплаши од полошо. Нека поминува велат сите. Камо да помине. Нека помине еден ден,не сакам ни рамна линија а за полошо не сакам ни да помислам. Со секоја таква мисла и на момент, потонувам и ке излажам ако речам дека кога испливувам сум посилна. Сум поинаква,да,ама силата е иста,извадена од петни жили и огромна.
Само во Македонија е чудно ако родителите го остават детето за викенд да поседи кај баба, а тие да заминат да шеткаат и да поуживаат малку сами. Ама мало е детето (2-3 годишно), како го оставиле само? Па нив како им се шетка без него? Може уште цица навечер, а битно мајката си ужива... Значи откако ќе се роди детето, родителите едноставно не смеат да имаат никаков интимен живот. Тие не се веќе сопружници, туку се само родители Ало бе ало....ај прво секој нека си се научи пред нос да си гледа што му се случува, па после нека дели памет. На секој му треба рефреш да направи од секојдневието....на секој му треба промена и освежување, па дури и на мало детенце. Кога ќе го остават на поседок баш услуга му прават....ем тие одморени, ем детето малку во нова средина. Туку не вреди на никој ништо да се објаснува....Најубаво е сите на игнор да се стават. Само душата што ви сака, тоа да си правите
Не ми се верува дека на форумов имам поминато цели 6-7 години. Мислам дека повод да се зачленам беше темата "Денешната младина" ,нешто искоментирав и како што е обичајот на Фемина, ми се фрлија глутница волци за мислењето . Си поминуваа годините, а јас си го најдов местото овде, после јас станав една од старата гарда на форумот, се чувствував гордо на тој факт, па после јас исто им се пуштав на новите членки, да ме видат која сум јас, аха! Се шалам инаку, не ми барајте по стари мислења. Форумот ми стана место за дружење, споделување на голем дел од интимата, имаше квалитетни мислења, дискусии и членки. Сето тоа, еден ден замре. Многу добри членови почнаа да си заминуваат, од оваа или онаа причина, некои си одеа, па се враќаа и искрено многу се радував на тие периоди кога пак беа тука. Некои феминки тука отпочнаа како средношколки/студентки, ни споделуваа љубовни проблеми, а денес се среќни сопруги и мајки. Тоа ме тера да се запрашам како си лета времево. Јас кога се зачленив на форумов бев уште во основно, а денес сум на половина со факултетот. Си ги читам мислењата што сум ги пишувала пред 2-3-4 години, ова ми е баш како некој онлајн дневник, си се потсетувам на тажни и болни моменти од мојот живот, се до некои што во моментот ми претставувале огромна среќа, а денес ми се слатки и смешни. Растев заедно со форумот, запознав доста личности од овде и во реалниот живот, една од нив ми стана и најдобра другарка, а денес после толку време сме повторно тотални странци. Чудно ми е искрено. Некој запознаен од форум да ти стане личност што ја гледаш секој ден, си го споделувате животот една на друга, и еден ден веќе буквално не сакаш да и видиш очи. Не знам која ми беше точната поента кога почнав да го пишувам постов, имам многу работи што ми тежат на памет, ама за нив друг пат. Ова ми беше некоја пропратна мисла што ми поминува низ памет од време на време и сега ми дојде да ја испразнам душичката.. Во главно, ни форумов не е веќе тоа што беше... Но, не сме ни ние, па простено е.
Кога сакаш побрзо да помине времето, баш тогаш минутата трае стооо години Понекогаш ама стварно месецот ко година се прајт. Не одат деновите, не. Ми се чини ко в место да седит времево
СДК... Има една категорија луѓе кои колку повеќе ги запознаваме се почесто се прашуваме дали некогаш сме ги познавале. За таквата толпа граѓани непотребно е да бараме нов извор на енергија.
Поминувајќи низ годините во животот,сватив многу работи,сватив дека животот е борба,дека животот не е воопшто едноставен,животот е љубов,животот е дружење,сакање на блиските и ширење на позитивна енергија.Колку пати и да паднам пак ке станам,ке станам со Божјата сила,сила во која верувам дека постои и во која верувам дека е секаде околу нас. За жал животот премногу брзо поминува,додека трепнеме сме остареле,затоа сакајте се,дружете се,љубете се,ширете само позитивна енергија и борете се за сопствените сонови.
Внук ми е како мини верзија на брат ми (а.к.а татко му) ама за разлика од брат ми он ужива да се гушка а брат ми, well.. he really hates hugs, but i hug him anyway. A lot Ги обожавам двајцата.
Поубав звук од она кикотење на глас на бебе или детенце,нема.Одма и јас почнувам да се смеам од милост. Туку годинава полна со новороденчиња и вести за уште,во новава што иде. Нека се множат,секаде каде се посакувани. Ќе бидам ТЕТА
Најголема паника има во моментите на неизмерна среќа - знаеш дека нема уште долго да трае. Јас не можам да се одлучам кои чорапи да ги носам денеска, не ме прашувајте што сакам да праам подоцна... Ужасно изгледам деновиве. Навистина. Вирусов ме измалтретира и изнемошти. Косава ми е тотално несредена, ќе ми требаат денови да ја вратам во форма. Ама кога тој ќе ми рече дека сум убава, а јас во хаос... it's all that matters Спојлер: ... Го сонував татко ми ноќеска. Сликите беа толку чисти и реални, не помнам кога последен пат сум го сонувала толку чисто. Во куќата каде што тогаш живеевме. Влегува дома. А јас го гледам..знам дека е починат, а тој доаѓа дома. Изненадена сум но не реагирам зошто не сакам да го исплашам. Со текот на времето стануваше помлад и помлад, како што само сум го гледала на стари семејни фотографии. Еден ден си замина и не се врати повеќе. Не се насмеа ниту прозборе. Имаше постојано строг израз на лицето. Сонов ме вознемири. Цело време ми е тука паметов. Сум згрешила ли нешто? Сакаше ли да ми каже нешто? Веројатно никогаш нема да дознаам...
Почнав да ги сакам случајните работи кога ништо не очекувам и ќе се случи нешто. Случајности на пример како ви звучи резервација за Мадрид во март месец со авион?!