@buba4e89 Буби, ссвен ако не ми ја резервира некој, Фата Моргана better ќе да е СДК, како да живеам во Канзас Сити, у времето на Дивиот Запад. Ем се времето понаша така, со ветришча и вијулици, ем луѓето ми се out of control. Секоја година сум со поклони подготвена, последната недела ми била отсекогаш врло еуфорична, а оваа? Кил ит Што ми е, се надевам на Сител ќе слушнам.
Тотално сум непродуктивна на работа оваа недела :/ Со паломите низ цела канцеларија, чудно во карантин не ме ставија до сега иако бројот на тропачи на врата е забележително намален, изгледа сепак ме одбегнуваат Само моја е работата патем, немам замена, не се секирајте дека некој ќе страда од моето неработење. Јас и само јас Добив парички за роденден, добив к-15, имам пари Ако ме сретнете низ трговскиве центри, ова ќе да сум јас Патем дојдов за друга тема. http://enauka.mk/otkrieni-6-misteriozni-radio-signali-nadvor-od-nashata-galaksija/ Драги вонземјани, ако сте понапредни од нас ве советувам да си останете каде што сте. Драги вонземјани, и ако сте поназад во еволуцијата и технологијата од нас, пак ве советувам да останете каде што сте си. Ние цицаме се' до максимум. И уништуваме работи. Ако дојдете ќе правиме глупави експерименти врз вас, а ако дојдеме ќе ви ја уништиме планетата. Научивме да уништуваме уште пред да креираме.
Ви текнува на моментот од Френдс кога Фиби ги смируваше Рејчел и Моника кога се скараа? Е ја имав таков сличен вчера. Ме растргнаа две другарки, морав да превземам нешто. Се скараа за банална причина, толку банална што верувам дека не ни помнат што било проблемот, а инаетот не им дава да попуштат ни едната ни другата. Ги седнав убаво вчера, имав говор едно пола саат и двете со подвиткани опашки прифатија дека нема причина за не правење муабет година дена. Е сега мислев на ова ке остане и пак по старо ке тераат кога гледам групен чет направиле на фб и се договараат да излезат попладнево. Штета нема да ги дружам, ама подобро така, мило ми за почетокот на старо пријателство. Ма бичез се, исто ко Фиби сум знам.
Само оние што се пријавуваат на емисија кај Драган Вучиќ знаат како да си го живеат живот. Мозок? Осет? Срам? Што е тоа? Ако бил кај Драган Вучиќ, ако имитирал куче, ако пеел караоке песни од Шабан, ако не знаел кој е главен град на Италија... Него да си го чуваш лепотице. Тој е вистинскиот. Ни грижи, ни памет, ни секирации... Само весело низ дома ќе ви биде.
Овој период од годината т.е крај на една година, почеток на друга од секогаш сум го обожавала. Ми недостига времето кога заедно со сестра ми купувавме честитки, потоа ги пишувавме која честитка за кое дете, ја китевме елката. Кога ќе ни дадеа пакетчиња ги редевме под елка. Ах толку ми недостига тој период, ама сега веќе не сме мали, пораснавме, таа стана мајка, јас тетка, нема веќе честитки, елката само ја редам... Иако помина време, мислев се навикнав, ама и години да поминат, ќе ми недостига сестра ми, не е исто кога не е дома.
На истокот од земјата ,еднаш одмна слушнав дека имало закачено,на ѕидот од станицата стара еден век,три часовници. Три за три животи. Едниот секогаш точен другиот поклопени стрелки,а третиот,третиот го броел времето назад.Секој патник,застанувал под тие три кутии, слуги на времто,со куферот во рацете,излитен,нов,наследен,и со звукот на шините го одредувал животот,оти душата бирала каде припаѓа.Еднаш го прашав стариот чистач,вели дека најчесто патниците стоеле пред оној застанатиот или оној кој го брои времето назад. Го прашав,дали знае оти некогаш ти си поминал таму,дали ти ја видел душата,Овде често олуците тропаат вели,па не се слушаат нечии чизми.Можеше барем да го оставиш мирисот.Несудени талкачи,заглавени мечти,патници.Овде секакви души минале.Ноќни птици. Иако тогаш бев вечна,за мене времето,постоеше.И во маглата ќе можав да ти ја прочитам душата. А овој град, ги собра сите истуткани капути,писатели без перо,очи со боја на ноќта. А јас јас си ја влечам душата по калдрими,одекнува смеа.Оти е волшена,и никогаш не ја разбираш.Под стариот чинар испишав милион редови.Ти дозволувам да ме зборавиш.Еднаш,под октомвриските облаци со животот ќе се коцкам за бели крилја,за вовзврат ќе му ги понудам сите приказни кои ги напишав велат алчен е и за раквот ќе ме влече,уште да пишувам.Можеби ќе треба да се коцкам со темната страна,онаа другата,ќе и продадам сенки.Овој град ми ја закова душата во темелите. Заборави.. Всушност јас понекогаш копнеам да напишам писма адресирани од ничија до нечија адреса. Разлеано мастило.
Надвор магла, прав зимски ден а внатре топло, топло за мерак. Се фаќаш за кујната и готвиш за вас со сласт и многу љубов. Мило ти е што ќе измамиш нечива насмевка и љубов во очите. Ќе си ги запалам и свеќичките а и снегулките ми висат на драперот и светкаат со сласт. Со тек на времето... научив ништо да не ме допира и интересира надвор од топлиот праг.
Сакам да кажам дека ... Дечки јас користам Internet Explorer, се надевам дека ова мислење нема да стигне предоцна. Среќна Нова година 2015-та
Ах, колку катастрофална година беше 2016! Оди си што побргу! Толку многу лично за мене небитни јавни личности починаа, што морам да се лигавам и цмиздрам по социјални мрежи за лајкови и внимание... Fuck off!!!
Losa bese opsto ....poplavive tuka,zemjotresive po svetov,terorizmov,pa i na individualno pole :/ ja mrzam godinava so e najtragicno sekunda plus ke traela -.-
Ако треба со еден збор да ја опишам годинава која полека изминува, тој би бил фе-но-ме-нал-на! Не се вработив, останав сама после долго време, не ми е подобрена финансиската состојба, депресијата ме дружеше 8 од 12 месеци... Но, колку подолу се наоѓаш, толку подобро се чувствуваш со секој чекор кој го изминуваш. Многу работи постигнав, откако го променив начинот на размислување, буквално животот ми се трансформираше. Почнав да се борам за она што го сакам, кога ќе запознаев некој кој сметам дека има посебни квалитети, се трудев да не остане обичен познаник. Благодарение на ова, добив две нови личности кои иако ги знам само неколку месеца, имаат место во моето срце како луѓето кои ми се пријатели со години. Се слушаме редовно, си даваме совети, си се охрабруваме и знаете какво е чувството кога си се изборил да ти бидат блиски пријатели, си препознал дел од себе во нив и ти возвраќаат соодветно? Феноменално! Оваа година научив, иако уште учам, како да се сакам повеќе. Од страв да се погледнам во огледало и да си ги гледам само недостатоците, стигнав до ниво да си се насмевнувам и да си кажувам дека се гордеам со себе. Отсекогаш не си го сакав телото и наместо да се жалам, почнав редовно да вежбам, да се контролирам кога станува збор за слатки работи, зашто сфатив колку поубаво се чувствувам внесувајќи здрава храна. Завршив врска во која очигледно не сум била среќна, ама бидејќи сум скромна и се задоволувам со малку, тие мали мигови на задоволство ми биле доволни. Им ставив крај на сомнежите дали со него сакам да го поминам животот, се научив да не се вртам назад, да не се премислувам и гордо можам да кажам дека откако ја донесов одлуката, ретко помислувам на него. Не ми е гајле ни зошто не ме побарал, ни дали ме сакал воопшто, ни дали има некоја... Уште учам да се ценам доволно, но доста постигнав. Со малку подгурнување од личности кои ми го сакаат најдоброто, нивно посочување на моите квалитети, сфатив дека не можеш да се трудиш да задржиш некого по секоја цена. И јас сакам некој да се бори за мене, да ме сака со ист интензитет, да види нешто посебно во мене кое знам дека го имам... И иако ми беше мачно и тешко, иако сум паметна за сѐ друго, освен во љубовта, решив да се ценам повеќе. Ќе бидам со оној кој ќе ме заслужи, а не со оној кој моментално ми е во мислите. Обновив многу пријателства, издвоив повеќе време за луѓето кои ги запоставував со години и среќна сум не што имам некој за во тешки мигови, туку што имам со кој да се радувам и кој искрено да се радува за мене. Зашто негативното повеќе не сакам ни да го споменувам, да го споделувам и со тоа размножувам. Научив да живеам во моментот, да ги забавам мислите, да ги стишам и да уживам во сѐ што се случува, без потреба да го контролирам. Најважно за мене, научив дека не морам да бидам совршена. Ќе има денови кога ќе имам зголемен апетит, денови кога не ми се работи, не ми се зборува, не сум најпозитивна, ќе мислам на него и ќе ме боли...но ги прифатив, ќе поминат. Научив дека ако треба да се бориш некого да задржиш и да се трудиш да ја забележи твојата посебност, не ти е ни потребен. Зашто вистинскиот ќе ти ја забележи таа искра и од далеку. Научив сите оние емоции кои ги имам, да не ги задржувам. Луѓето секогаш сакаат да бидат гушнати, да чујат дека си среќен што ги имаш за пријатели, научив да не се срамам да ги искажувам. И оние прегратки кои ги добив за возврат, насмеаните лица и нивниот труд да ме задржат, комплиментите кои ги добивам, ми се најдрагите сеќавања за оваа година. Научив да верувам дека сѐ ми е на дофат, дека имам право и ќе бидам среќна, ќе имам кариера каква посакувам, ќе патувам почесто... Научив да медитирам, да го намалам стресот, умот ми е отворен за нови идеи и решенија, интуицијата ми е активирана, концентрацијата ми е подобрена. Повеќе не верувам во случајности или среќни околности, буквално од сѐ знам да ја извлечам поуката, наместо да се жалам зошто мене ми се случува. Научив да сакам, да простувам, да ги прифаќам недостатоците на луѓето, да не чувам гнев и омраза, да не осудувам, но и да не идеализирам. Последново уште не ми е баш прифатено во целост, зашто се држам за позитивните страни и ги замислувам луѓето како совршени, но ќе научам. Престанав (до некаде) да зборувам за настани кои не сакам да ми се случат, за луѓе кои не ми предизвикуваат позитивни емоции, избегнувам озборувања и личности кои сакаат да бидат сожалувани или забележани по секоја цена. Во суштина, открив каков живот сакам да имам и работам на остварување на секоја моја желба. Научив колку е моќен умот и поголемо внимание им посветувам на мислите. Научив да не се плашам да бидам она што сум, поотворена сум, посамоуверена да си ги изразам мислите и ставовите, повеќе верувам во своите одлуки, без да ми треба одобрување. Научив дека колку помала потреба имам за материјални нешта кои демек би ме усреќиле, толку повеќе согледувам дека веќе имам сѐ. Луѓе кои ме сакаат и ме прават среќна, срце големо да го види најдоброто во секој, желба и подготвеност на секој да помогнам и сознание дека таа е целта за која сум родена.
Се испланирав, ја чекам уште да се уклучи и да ми каже дали ќе може... се надевам одговорот ќе биде позитивен... Се работи за најдобра другарка, која што живее во друг град, а во живо за жал во цели пет години, само еднаш успеавме да се видиме.. Пуста далечина. Ми недостасува премногу, држете среќа да ми успее планот.
Многу пати сакам да пишам нешто, ама знам дека ке ми требааат страници за тоа, па се откажувам. Ех тоа е. Сакам да го извадам од душа, ама после си се предмислувај и се вртам на смеење по другите теми.
Се враќав денес од факултет (конечно наспиена, да не ме мислите ) дури снежеше оној сомнителен бран снегулки кои жими мене, чинам ми правеа „цин-цин“ ко кристал со кристал дури ми удираа по кочан ладното лице. Не ми беше намерата да потенцирам дека сум редок кристал ( ), туку бев смрзната ко мермерна статуа, a снегулките беа сè друго освен снегулки - некои си ги донесов и дома ко камчиња,одвај се растопија. И сериозно, удираа ко да удираат во мини-гонг. Aма затоа пак душава ми беше каминче во планинска дрвена куќарка и за момент истрипав (е, не ќе да бил толку доволен сонот за да се вратам во нормала, ама тоа е...) дека седам со три пара чорапи пред камин и од некаде Michael Bublé ми пее It's beginning to look alot like Christmas everywhere you go...ама, знаете, толку живописно, што мислам дека дури и пешаците од соседната страна на улицата почувствуваа топличко внатре во душата, а јас си подзастанав на сред тротоар, да ме шибне ветрот уште малце за да си го доловам моментот. :') ...и си велам, луда главо палава, пројде и оваа година, а ти не научи и не научи да не се грижиш без потреба за глупости. Сè си доаѓа на свое место, дури и во ситуации кога се чувствуваш безнадежно и кога мислиш дека тоа е тоа и дека излезот е невозможна мисија; кога си 100% убедена дека дури и последната најмала сламка отпловила некаде понесена од осеката и немаш за што да се фатиш и да се прислониш... Можеби не го научив тоа, но научив едно - дека на крајот од денот, најбитно е да не изгубиш надеж и да веруваш во себе. Затоа што, да се изгубиш себе си, е најголемиот пораз што можеш да го доживееш некогаш и верувајте, боли повеќе од било што на светов. Боли да не знаеш од каде ли сè не чувствуваш душобол, и боли уште повеќе, кога гледаш дека најблиските патат заедно со тебе. Дно дна. И тоа не е сè - никој не може да ти помогне, освен ако не решиш сам да засукаш ракави и ногавици за да го препливаш мочуриштето кое си го создал околу тебе. Успеав кога почнав да верувам во себе и погодете што - кога човек се сака и цени себе си, се познава. Се шири аурата од километри. Па многу е поверојатно дека позитивата привлекува позитива и дека работите ќе си дојдат на место. Се пронајдов себе си и си го пронајдов изгубеното делче сосема случајно и непланирано - па, гледаш, годинава било далеку од лоша. И признавам, непланираните (а потајно посакувани) нешта се бесценети. Чувајте ги и чувајте се.
Подалеку од луѓе кои очекуваат сите други да им се во нивна функција и потреба. Они само имаат потреби, проблеми, дилеми, тешкотии, јер се НАЈБИТНИ у свет. Ако некој друг добива внимание, поддршка ... со среќа. Одма психото у нив проработува. Све се работи за нив, околу нив, све се они кутри мудри жртвички, мирни, фини... море марш! Прва конфронтација и си им на листа на отстрел. Мразачи без причина, зошто соодветна причина не е да мразиш некого за ич ништо. Нејсе, прв ден после два и пол месеци без температура. Јеееј!