Мислев дека како ќе поминува животот,како коцките ќе си се местат(брак,работа,стан пораснати деца...)така ќе ми биде поедноставен,полесен:,се излажав напротив ,да физички полесен ,ама емоционално се покомлициран. Постојано се прашувам и стравувам:дали децава ќе израснат во добри личности,дали ќе успеат да си го најдат своето место меѓу сонцето?,дали ќе бидат среќни? Дали финансиски ќе успеам да им обезбедам иднина? Дали работата ме исполнува или само ме фрустрира,како да се носам со постојаните предизвици?... А тек ако почнам да мислам за мајка ми ,брат ми....што,како?? Мислев дека и големи проблеми не можат да ме извадат од контрола ,а јас се изедов внатрешно и за банални работи...
Koga ke si mislis deka uste si fraer , ne ne si ,te zgazi mladinava pomirise so toa #bivsiot pred deset godini .
Зошто бе не сум способна да си најдам занимација во денови кога не планирам да излезам? Навистина тешко ми оди. Филм ќе пуштам ќе изгледам после одма досада ме фаќа немам што да правам. Еве, денес е еден од тие денови СДК: се надевам посилно од се дека ќе ми оствари планот нареднава година... навистина е битно да успеам и да си ја обезбедам иднината со тоа што ќе се образувам. Ќе дадам се од себе па ќе видиме. Не сакам да се разочарувам, што било било, што ќе биде и тоа ќе помине. Одам понатаму.
Не можеше поразочарувачки да заврши годината нели? О да, има уште три дена, ама животот убав шамар ми мавна и ме свести кај сум. Да си ги симнам розевите наочари, малку да се потресам и да се освестам. А толкава среќа чувствував до вчера. Да си ја подвиткам јас опашката, да престанам да лебдам во облаци и да си се фатам за книгата. И онака само таа ми останува засекогаш. Ај, среќна нова. @Magnolija Фала за видеово, баш ова ми требаше сега.
По стоти... Море, не.... По милионити пат.... Да си удрам клоца оти дозволувам да сум наивна и глупа.... Да верувам во добрината и искреноста на луѓето.... А се всушност е лицемерие покриено со слаткоречивост... Мора да се сменам барем малку оти ме уништија, готово...
@elimkd ❤ :* @EvAngelos не би рекла дека се работи за покварени луѓе... повеќе би рекла дека не придаваат значење на некои такви вниманија како нас, романтичните души. Малечкото комшивче денес ме праша дали верувам во Дедо Мраз. Одговорив потврдно за да не му ги рушам убавите сништа, ама изгледа направив некоја чудна гримаса кога реков да. "Затоа немаш пакетчина под елката" ми вели. На крај заедно напишавме едно писмо за Дедо Мраз во мое име. Според него,утре наутро сигурно ќе сум имала пакетче под елка. Сега добра ноќ, дедо мраз не доаѓал кај будни деца
Утρе сите да се ρазбудиме живи здρави добρа ви ноќ. А чуваρите од тρеќа смена со здρавје да го дочеκаат утρото
И така после еден век отвараш ФБ и гледаш сите се испомажиле.. Па одиш од профил на профил, манијачиш малку... Па одиш на форумски профили... Па изиграваш детектив..професионална деформација Па уште подетектив изиграваш.. Па заклучуваш дека треба сите да ги избришеш или да деактивираш фб Добро.. сакам да кажам дека и јас научив нешто паметно денес
Не знам вие дали сте забележале, ама околу новогодишната еуфорија, оваа зима ептен популарно бидна сликањето во некое фото студио, средено во зимски и празничен амбиент. Како јас порано со Дедо Мраз што се сликав, само ова сигурно е модерна варијанта. Освен мали дечиња кои би се радувале (мада не сите се радуваат на чкрапање од страна на непознат чичко), па и родителите, па возрасни девојки со дечковците, па девојки со кучињата свои и така се со ред. Оп цел албум или некои поскромно тераат - само една слика и ете ги на мојот "ѕид".
Сите не би сакале барем еднаш да се вратиме назад во минатото и да ѓи почуствуваме и доживееме некои моменти по втор пат.
Ја би да зеам и да си се упукам, онака јако со двоцефка! Абе како бе, другиве ке земат ке си учат за колоквиуми од прашања више најдени и ке положат а ја батка цела книга ке ти учам и пак ке утнам (добро сеа два предмети паднав само) ама поентата ми е друга. Некој си бира потежок пат и успева а некој апла лесен и пак успева... еднаш жими што пробав со прашањата и паднав, е*ати среќата у д*пе што ја иам Нејсе, битно вчера на идење од амфи професорката ме застана да ми каже дека и било мило што сум била многу заинтересиран... Ох боже како да не бидам кога оваа одлука ми го смени животот за 180 степени, и тоа на подобро! Сепак се тешам, дека и без разлика што секад ама секад го бирам потешкиот пат дека ке успеам да си го остварам сонот, може некаде покасно од другиве ама ке успеам!